На прво место

Владиката Петар искрено за случувањата во Цариградската партијаршија: АЈ ШТО НЕ’ ТЕПАТЕ, АМА НЕ НИ ДАВАТЕ НИ ДА „ПЛАЧЕМЕ“!

„за македонските работи“ со љупчо цветановски

Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар отворено проговори за случувањата при средбата во Цариградската патријаршија, посочувајќи дека македонските црковни претставници со години трпеле понижувања и неправди, но останале доследни во барањето за канонско признавање на Македонската православна црква.

Во емисијата „За македонските работи“ со новинарот Љупчо Цветановски на ТВ Алфа, владиката Петар раскажа што им порачал на претставниците на Цариградската патријаршија.

Според неговото сведоштво, на средбата неочекувано се појавиле и Партениј и негов придружник, чии ставови владиката ги оценил како спротивни на македонските црковни и национални интереси.

„Јас им кажав дека овие двајцата се натрапници. Потоа им кажав дека, меѓу другото, вие треба да знаете дека ние сме понижувани, ние сме обесправувани, па и обесчестувани, ако може поконкретно да речам, дури и тепани од вас. Но, ние сето тоа сме го поднесувале од вас и од другите цркви, кога сме биле понижувани и така натаму, и никогаш не сме дозволиле како црква да се здружиме со вашите непријатели, односно со тие цркви кои така се однесувале кон вас, туку сме биле доследни и сме барале канонски да дојде нашето признавање како автокефална црква“, раскажа владиката Петар.

Потоа, како што вели, на домаќините им се обратил со една едноставна, но силна порака:

„Вие, да речеме, и нè тепате, и не е трагедијата во тоа што го поднесуваме и тепањето, ама не ни давате да плачеме! Дозволете ни, барем, да плачеме.“

Владиката Петар објаснил и што подразбира под тоа „плачење“:

„Моето ‘плачење’ е да речам дека јас сум Македонец, мојата земја се вика Македонија, мојата црква се вика Македонска православна црква, мојата нација е македонска нација. Е, тоа е нашето ‘плачење’.“

Според владиката Петар, претставниците на Цариградската патријаршија немале одговор на овие зборови.

„Немаа на тоа одговор, се најдоа во небрано и во тој момент не знаеја како да изреагираат, затоа што тоа е вистината, а вистината не треба никого да го навредува“, истакна митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар во емисијата „За македонските работи“ со Љупчо Цветановски.

Неговото сведоштво повторно го отвора прашањето за положбата на Македонската православна црква и за правото нејзиното име и идентитет да бидат неразделно поврзани со Македонија и македонскиот народ.

Извор: „За македонските работи“, ТВ Алфа – Љупчо Цветановски

Најново од: На прво место

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Раст од 1.200 гласа во вториот круг, Брвеница нема да биде заборавена

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница освоиле околу 4.200 гласа, односно 1.200 повеќе во споредба со првиот круг, но дека поддршката не била доволна за победа на нивниот кандидат. Во соопштението од 2 ноември, партијата истакнува дека настапила со визија, програма и конкретни проекти за развој на општината и […]

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од татковината и партнер во градењето на нејзината иднина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Солинген, Сојузна Република Германија, заедно со членови на Извршниот комитет, присуствуваше на Третата конференција на задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Пред присутните делегати, Мицкоски ги претстави актуелните состојби во Македонија, економските резултати, инфраструктурните инвестиции и предизвиците со кои се соочува државата во услови на глобални енергетски и економски неизвесности. […]

СДС мајстори за загрозување на банкарскиот систем и пропаѓање на банки

СДС се познати по пропаѓањето на банки и штедилници и загрозување на банкарскиот систем во Македонија за време на нивна власт. Како СДС доаѓа на власт, така по некоја банка пропаѓа. Последна уништена банка во време на власт на СДС е Еростандард банка во август 2020 година, а како една од главните причина беше наведено […]

Свети преподобен Прохор Пчињски – пустиножител и чудотворец

На 1 ноември, односно на 19 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на свети преподобен Прохор Пчињски. Во православната традиција тој се почитува како голем подвижник, молитвеник и чудотворец, кој својот живот го посветил на Бога, на постот и на молитвата. Свети Прохор живеел во XI век. Според […]

Свети апостол и евангелист Лука – животот, делото и поврзаноста со Македонија

На 31 октомври, односно на 18 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот апостол и евангелист Лука. Лекар, благовесник и верен соработник на светиот апостол Павле, тој оставил трајно сведоштво за Христовото учење и за ширењето на христијанството. Според православното предание, свети Лука бил вброен меѓу Седумдесеттемина […]

Мицкоски од Брвеница: Политичарите ќе заминат, вие ќе продолжите да живеете заедно

„Една Брвеница за сите“ беше пораката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски на завршниот митинг пред вториот круг од изборите за градоначалник. Тој ги повика граѓаните в недела, на 1 ноември, да го поддржат Стојанчо Радичевски, со заокружување на бројот 1, и да избираат според понудените проекти и можностите за подобар живот. Во […]

Политичарите ќе заминат по изборите, а Македонците, Албанците и другите заедници ќе продолжат да живеат заедно во Брвеница

Мицкоски: Брвеница треба да избира според проектите и квалитетот на животот, а не според етничките поделби Повеќе проекти, подобри услови за живот и заедничка иднина на жителите треба да бидат во средиштето на изборната кампања во Брвеница, порача премиерот Христијан Мицкоски пред вториот круг од изборите за градоначалник. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека […]

Најнови вести

To top