Фељтон

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (19)

cmb1

cmb1

ТЕСАЛИСКОТО ПЛЕМЕ ТИРОИ –  III ДЕЛ

Акаст, синот на Пелеј, се оженил со Астидемија. Нивни деца биле Стеропа, Стенела и Лаодомија. Акаст учествувал во ловот на Калодонскиот вепар, а потоа, против волјата на татко му, им се придружил на Јасон и Аргонаутите. Како крал на Јолк, Акаст во митологијата бил познат и по тоа што го исчистил од гревовите Пелеј, син на егинскиот крал Еак, крал на Фтија во Тесалија, татко на најголемиот грчки јунак Ахил

Додека Пелеј престојувал во Јолк, Акастовата жена Астидамија се обидела да го заведе гостинот, а кога тој одбил, направила голема интрига. Љубоморниот Акаст го однел Пелеј на планината Пелион, без оружје и го оставил на милост и немилост на кентаурите и дивите ѕверови. Пелеј го спасил мудриот кентаур Хирон. По извесно време, Пелеј сам или со Јасон го разрушил Јолк и го убил Акаст. Своите Мирмидонци, тесалиски Ахејци од Фтија, ги внел во градот преку распарченото тело на Астидамија.

Подоцна Пелеј бил прогонет од Јолк и Фтија од потомците на Акаст, кои веќе не му се плашеле кога слушнале за смртта на Ахил во Троја. Прогонетиот Пелеј, чекајќи го својот внук Неоптолом, умрел на островот Икос, во близина на Еубеја, каде што бил и погребан.

Акастовата ќерка Лаодамија се омажила за Протесилај, син на Ификло, чија љубов била легендарна. Кога во Тројанската војна нејзиниот маж загинал, таа направила негов кип од восок и често го прегрнувала. За да ја ослободи својата ќерка од сеќавањата на загинатиот сопруг, Акаст ја фрлил восочната фигура во оган.

Една од Акастовите сестри, Пелиади, била Алкеста. Таа била најубава и најпобожна ќерка на кралот Пелиј и единствено таа не учествувала во убиството на татка си. Алкеста се омажила за Адмет, крал на градот Фере во Тесалија, син на Ферет. Во митологијата Алкеста била симбол на брачна љубов и пожртвуваност. Нејзин син бил Еумел, учесник во Тројанската војна и еден од стројниците на убавата Елена. Еумел дошол пред Троја со единаесет воени лаѓи, а ги понел и своите убави коњи. Владеел со тесалиска Фера.

hfbd2

Менелај

Вториот вонбрачен син на Тиро со Посејдон бил Нелеј. Бидејќи морал да го напушти Јолк, побегнал во Месенија, на југозапад на Пелопонез, каде на југ од Наваринскиот Залив го основал градот Пил. Заради неговата популарност, Хомер во своите епови го нарекува Нелејев град. Со себе ги повел и роднините Мелампод и Бијант.

Според Паусанија (IV, 2), Нелеј во Месенија го примил неговиот роднина Афареј, кој го основал градот Арена, според името на неговата жена. Афареј бил син на Перијер, внук на Еол од Тесалија и Енарета, и тој владеел со Месенија. Бил оженет со Горгофона, ќерка на Персеј од Аргос на Пелопонез. Арафеј бил татко на Линке, Идо и Пис, кралеви на Месенија. Синови на Πеријер биле уште и Леукип, Тинтареј и Икарије. Леукип станал крал на Месенија, додека Τинтареј на Спарта. Τинтареј се оженил со Леда, ќерка на Етоловиот крал Тестија. Негови деца биле Диоскури, Кастор и Полидеук и ќерките Елена, Клитемнестра и др.

Елена се омажила за Менелај, Клитемнестра за Агамемнон. По смртта на своите синови, Тинтареј спартанскиот престол му го отстапил на Менелај. Својата внука Хермиона ја омажил за синот на Агамемнон, Орест. Тинтареј бил погребан во Спарта. Последниот син на Перијер, Икарије, се оженил во Акарнанија со Поликастра, ќерка на кралот Тестија, која ја родила ќерката Пенелопа и пет синови. Кога пораснала, Пенелопа се омажила за Одисеј, кралот на Итака, син на Сизиф, кој станал славен јунак во Тројанската војна.

Наоѓајќи се меѓу своите роднини на Пелопонез, Нелеј се оженил со Хлорида, ќерка на Амфион и Ниобина, од племето Минијци од Пеолопнез. Таа му родила дванаесет синови и ќерката Перо. Од синовите најпознати се Нестор и Периклимен. Како крал на Пил, Нелеј доживеал длабока старост. Археолошките истражувања утврдиле дека Нелеј изградил голема палата наречена „Несторова палата“. Откриен е и архив со околу 1200 керамички плочки испишани со линеарно „Б“ писмо, кои се датирани во 1200 г. пред Христа.

Според Томсон (1954 г., 130 и 285), Нелеидите заедно со Лапитите ја внеле на Пелопонез балканската глосологија и религија. Тоа се заклучува не само по линеарното „Б“ писмо, туку и по топонимите, како што се: Пинеј, Енипеј, Минијеј, пред сé во Елида, а пренесени од Еолоја. Исто така, тие го вовеле и митот за својата прабаба, Тиро, според кој таа е ќерка на Салмонеј, син на Еол, која својата младост ја минала во Тесалија. Според митот, тој подоцна се иселил во Елида каде го основал градот Салмона, северно од Олимпија. Таму станал крал на Елида женејќи се со ќерката на Алеј, Алкидика, која ја родила преубавата и мудра девојка Тиро.

Со Нелеидите  во Месена стасал и богот Посејдон (Томсон, 1954 г., 285). Нелеидите биле и одлични морепловци. Според Аристотел, жителите на Пил пловеле не само до Кавказ, туку и до Јадранското Море, каде набавувале килибар од устието на реката По во Италија. Тоа го утврдиле и археолошките наоди во Пил, каде биле откриени големи количини килибар, со што Пила заземала значајно место во „килибарскиот пат“ од Балканот до Медитеранот.

Најстариот син на Нелеј бил Периклимен, кој учествувал во походот на Аргонаутите во 1225 година пред Христа. Во борба него го убил Херакле (Аполодор, Библ. I, 9, 9) кога дошол во Пил за Нелеј да го исчисти од гревовите по убиството на Ифит, прочуениот стрелец, син на кралот Еврит, кој владеел со Ехалија во Месена. Нелеј го одбил тоа бидејќи бил голем пријател со таткото на Ифит. Заради тоа Херакле ги нападнал Нелеидите и при тоа ги убил единаесетте сина на Нелеј, освен најмладиот Нестор кој бил отсутен.

Нелеј му го препуштил кралството Пил на својот син Нестор и се повлекол на Коринт, каде умрел во длабока старост, и таму бил погребан со големи почести (Паусанија, II 2, 2 и III, 26).

Митот за Херакле и заземањето на Пил бил уште еден настан во ахејскиот продор покрај Тесалиска Фтија на Пелопонез, под водство на Пелоп во XIII век пред Христа (Гревс, 1990).

jghd3

Пелопонес

Нестор бил најмлад син на Нелеј, оженет со Евридика, која му родила две ќерки и седум сина: Пизистрат, Антилох, Трасимед, Арет, Персеј, Стратих и Ехефрон. Бил мудар и храбар крал на Пилите. Учествувал во прочуениот лов на Калидонскиот вепар и во походот на Аргонаутите. Бил многу ангажиран во подготовките на Тројанската војна, кога со Одисеј собирал војска по цела Елада. Одел дури до Фтија во Тесалија да ги наговори Ахил и Патрокле за војна.

Пред Троја Нестор стасал со деведесет лаѓи и двата сина, Антилох и Трасимед. Во текот на Тројанската војна се истакнал како „коњаникот Нестор“ и бил главен советник и мудар стратег (Хомер, I 1, IV, 170). По освојувањето на Троја среќно се вратил во родниот Пил, во својот раскошен дворец, каде дочекал длабока старост и таму бил погребан.

Кога Хелените-Дорци го освојувале Пелопонез, во 1104 година пред Христа, многу Нелеиди ја напуштиле Месенија и се населиле претежно во Атина, каде со Лапитите се вклучиле во кралските владејачки семејства, до 1044 година пред Христа. Според Херодот (V, 65) и Паусанија (II, 18. 8), некои Нелејци го преживеале елинскиот налет во Месена.

Меѓу најпознатите братства на Нелејците од Пил во Атина спаѓале: Пизистратидите, Кодридите, Алкменоидите и Пајонидите.

Посебно за Пизистратидите, Херодот (V, 65) истакнува дека тие навистина по потекло биле од Пил и биле потомци на кралот Нелеј, исто како и фамилиите Кодра и Меланта, кои порано се доселиле во Атина и таму станале кралеви. Покрај тоа, Нелејците биле тие кои најмногу влијаеле во обликувањето на општествено-социјалниот и економскиот живот во Елада, во т.н. архаичниот период (VIII-VI век пред Христа), во периодот на класичната грчка цивилизација. Тие придонеле во реформите на „полис-државите“, со преодот од кралското уредување и тиранија до демократија, како врв на политичкиот живот.

Продолжува

 ShkoD   Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top