На прво место

МИЦКОСКИ ПО САМИТОТ ВО ТИВАТ: Задоволен сум од средбите со Макрон и Мерц, земјите членки ги разбираат нашите ставови

Премиерот порача дека Македонија ќе остане посветена на европските интеграции, но без отстапки од националното достоинство и државните интереси

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од средбите со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, одржани во рамките на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, нагласувајќи дека европските партнери покажуваат разбирање за ставовите на Македонија во однос на евроинтегративниот процес и прашањето за уставните измени.

Во изјава за медиумите по завршувањето на самитот, Мицкоски истакна дека разговорите со европските лидери биле конструктивни и отворени.

„Со канцеларот Мерц се знаеме и од рамките на Европската народна партија, но ова беше наш прв состанок како премиери и сум исклучително задоволен од разговорот. Исто така сум задоволен и од разговорите што ги имавме со претседателот Макрон и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен“, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека на средбите биле отворени и темите поврзани со уставните измени и евроинтегративниот процес.

„Нашиот став е јасен. Македонија заслужува многу повеќе од потпросечни политички медиокритети да ѝ ја кројат европската судбина. Верувам дека голем дел од земјите членки на Европската Унија го разбираат тоа. Важно е што денеска од лидерите на ЕУ беше испратена порака дека процесот на проширување е жив“, рече премиерот.

Мицкоски нагласи дека Владата ќе продолжи да работи на реформите и европската агенда, но без да дозволи загрозување на националното достоинство.

„Наша задача е да го зачуваме процесот на проширување, да напредуваме во реформите, но истовремено да не го изгубиме достоинството, како што тоа се случуваше во минатото. Нашата цел е Македонија да остане држава што испорачува најмногу реформи и истовремено да ги зачува своите национални позиции“, истакна тој.

На Самитот во Тиват свое обраќање имаше и германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој оцени дека и Европската Унија има одредена одговорност за бавниот процес на проширување.

„Ако веќе 13 години не сме примиле нови членки, тоа покажува дека пропустите постојат и на страната на Европската Унија. И нив сакаме денес да ги надминеме“, изјави Мерц.

Најново од: На прво место

На Марена во Зубовце во 10.00 часот ќе биде благословен крст осветен во Светиот Гроб во Ерусалим

На 30 јули 2026 лето Господово, во 10.00 часот на празникот Света Огнена Марина – Марена, во истоимениот храм во Зубовце свечено ќе биде благословен крст осветен во црквата на Светиот Гроб на Исус Христос во Ерусалим. За Зубовце, 30 јули 2026 година ќе остане запаметен како благословен ден – денот кога крстот од Светиот […]

Во Непроштено на 23 јули 2026 година, комеморација по повод 25 години од киднапирањето и убиството на македонските жители

Во Спомен-паркот во селото Непроштено, на 23 јули 2026 година, ќе се одржи комеморативна манифестација по повод 25-годишнината од киднапирањето и убиството на Македонците – жители на селото, кои трагично ги загубија животите за време на конфликтот во 2001 година. Комеморацијата, под мотото „25 години – сеќавањето живее“, ќе започне во 18:30 часот пред Спомен-паркот […]

Десеттата генерација на Birthright Macedonia ја заврши тринеделната програма во Македонија

Осум млади Македонци од дијаспората преку пракса, културни посети и средби со институции и личности од јавниот живот ги зацврстија врските со својата татковина Со свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид беше затворено јубилејното десетто издание на програмата Birthright Macedonia 2026, во организација на Обединетата македонска дијаспора (United Macedonian Diaspora – UMD). Осум млади […]

Полициска акција во Гостивар: Приведени директорот и двајца раководители во ЈП „Комуналец“

Во координација со Основното јавно обвинителство се истражува евентуална одговорност за загадувањето на водата за пиење, а официјални информации за текот на постапката се очекуваат во текот на денот. Во Гостивар е во тек координирана полициска акција поврзана со случајот со загадувањето на водата за пиење, при што, според информации објавени од „Курир“, се приведени […]

Владата со поддршка за граѓаните во Гостивар

Владата започна со дистрибуција на пакувана вода во Гостивар, секој ден ќе се делат по 50.000 литри Поднаслов: Првите количини веќе се доставени на повеќе пунктови низ градот, а дистрибуцијата ќе продолжи секојдневно додека трае забраната за користење на водата за пиење. Владата започна со дистрибуција на пакувана вода за пиење во Гостивар, како мерка […]

Еве ја вистината: На Бугарија не ѝ пречат реформите, туку постоењето на Македонија

Кога поранешен бугарски разузнавач, дипломат и пратеник јавно ќе каже дека членството на Македонија во Европската Унија би било „голем удар“ за Бугарија, тогаш паѓаат сите маски. Станува јасно дека проблемот никогаш не бил само во внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Не бил ниту во реформите, владеењето на правото или таканаречените европски вредности. Проблемот […]

Едмунд Темелко: Додека има вера, ќе има Македонија

Едмунд Темелко, првиот градоначалник на Општина Пустец во Мала Преспа по падот на комунистичкиот режим во Албанија, заедно со својата мајка запали свеќи во храмот „Св. Петар и Павле“ во селото Зрноско. Во тишината на православниот храм тие се помолија за здравје, за благослов на семејството, за душите на предците и за зачувување на македонскиот […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да понесе одговорност за скандалот во Гостивар, коалицијата со Таравари и ДУИ им нанесе штета на гостиварчани

СДС не може да избега од одговорноста за случувањата во Гостивар, бидејќи функционери поддржани од нив, како што се наведува, денес се сомничат дека ја загадиле водата во градот и околината, по што илјадници граѓани побарале лекарска помош. Во соопштението се наведува дека СДС очекува гостиварчани да заборават на коалицијата со Арбен Таравари и ДУИ, […]

To top