Фељтон

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (33)

mitologija1

mitologija1

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Хороними

Панонското Море, или некогаш океан, а подоцна Панонска Низина, како и Ѓердапската Клисура, со својата величина и пространство ги импресионирале човечките заедници на овие простори

Називот Панонија, етимолошки е кованица од ПБГ. Првиот член на Пан (Παν) означува: сé, цел, сеопшт, односно во суперлатив. Другиот член нонија (νιον, non) значи: јас, его, ние двајца како Пантократор.

Во митологијата Пан бил бог, син на Реа и Крон, брат на Зевс. Херодот (II, 45) пишува дека Пан бил еден од првобитните богови, пред дванаесетте богови на Олимп, и дека во Грција дошол многу подоцна, најпрво во Аркадија на Пелопонез како син на Хермес со Дриопа. Бил грд, со рогови и брада, опашка и козји нозе. Пан бил сметан за бог на стадата и пастирите.

Што се однесува до називот Океан (Ωκεανος), етимолошки потекнува од ωκυς, ωκεια, ωκεα, okis, okeja, okea- брз, вешт. Океан бил најстар син на Уран и Геја, маж на Тетида, татко на многу синови и ќерки (вода и реки) и бил бог послаб единствено од Зевс. Тој е татко на Еуринома, персонификација на природата, родител на боговите и луѓето. Подземната река Стига (Млава) е притока во која истекува десетти дел од Океановите води.

Палатата на Океан се наоѓала далеку на Запад каде неговите води граничат со вечната ноќ (Νυξ, Niks) и нејзината ќерка Апати (Απατη, Apati), онимастика која асоцира на денешниот град Апатин, на Дунав во Бачка. Водите на Океан го заплискувале дворот на Хад, Елисеј, престојувалиште на блажените, островот Еритија (Ада Кале) и местата каде што престојувале Хесперидите, Хиперборејците и др.

mitologija2

Посејдон

Неговото име подоцна било пренесено на солените води и на морињата. Според Хесиод (Теог., 332 и понатаму), Океан припаѓал на старата титанска генерација богови, но тој не учествувал во заговорот на Титан против неговиот татко, во борбата меѓу Зевс и Крон во гигантомахија. Тој ја чувал Хера, а на Херакле му помогнал да доплови до островот Еритија, да ги украде Герионовите говеда, со тоа што му ја позајмил својата лаѓа-сончевиот пехар.

Според Хомер (Илијада, XIV, 202), Океан била голема река која ја опфаќала земјата и кружела околу неа, а од нејзините бранови се издигнуваат ѕвездите кои повторно се враќале во нив. Според Хекатеј (459, 478), географ и логограф од Милет, зборот Океан се однесува на Дунав, кој е врска меѓу реката Фасис (река во Колхида на Кавказ, која ги дели Европа и Азија) и Нил.

Со исчезнувањето на Океан (Панонско Море) останала Панонската Низина и во неа денес познатиот Делиблатски Песочник, со површина од 2800км², најголема пустина во Европа. Се состои од жив песок, ливади и шуми во вид на гори. Се наоѓа во југоисточниот дел на Панонија, меѓу Дунав и Карпатите, пред Ѓердапската Клисура. Ономастиката на Делиблатскиот Песочник асоцира на ПБГ.

Во состав на Делиблатскиот Песочник, меѓу селата Делиблато, Гребенец и Шумарк, постои топоним Херонија.

Хера (΄Ηρα) во митологијата била божица, ќерка на Крон и Реа, сестра и истовремено жена на богот Зевс. Според Ventris-Chadwic (1956), Хера била најстаро божество на пределинските стародеделци на Балканот. Таа била господарка на пространите полиња на кои паселе слободно неброени стада овци и говеда, па оттаму и нејзиниот атрибут „волоока“. Хера била заштитник на целата земја, градовите, династиите, јунаците, куќите и на браковите.

Во титано- и гигантомахијата, Хера ја чувал Океан 300 години. По победата на Зевс над сите богови, свечено било прославено нивното венчавање на крајниот запад на Океана. Покрај многуте подароци, Хера добила златни јаболка кои многу í се допаднале, па ги насадила како дрво на животот во градината на боговите, а ги чувале Хесперидите, кои биле сметани и за ќерки на Форk (Ада меѓу Белград и Панчево) (Хесиод: Теог. 215 и понатаму). Златните јаболка овозможувале вечна младост и бесмртност. Според Диодор Сиц. (IV, 26 и понатаму), градината на Хесперидите се наоѓала во земјата на Хиперборејците.

Бидејќи според ПБР, мелон (μηλον) значи јаболко, но и овци, кози, гради, образи, подоцна се проповедало дека Хесперидите поседувале големи стада овци (топоним на сегашното село Овча) и плантажни јаболка (топоним на селото Јабука) во Панчевачкото мочуриште. Ономастиката на Панчево е кованица од зборот pan-сé и зборот κηω, keo καιω, kajo, да гори, пали, мириса.

На Зевс Хера му родила син, Ареј (персонификација на Воениот Остров), ќерка Хеба (персонификација на младоста) и Ејлетија (божица на породувањето), која учествувала во раѓањето на боговите Аполон и Артемида. Култот на Хера бил распостранет по дотогаш познатиот свет.

Ѓердапската Клисура (митолошки Тартар) е создадена со пробивање на водите од Панонското Море низ масивите на Карпатските Планини, меѓу геолошките епохи плеоцена-холоцена, кон крајот на последниот леден период. Оваа геолошка појава секако дека била тешка и џиновска, што влијаело и на свеста на луѓето од тој период, па следствено и на ономастиката која означува борба на каменот и водата.

Во слободен превод Ѓердап може да биде кованица од ПБР γηρυων, gerion-горостас, џин и δαπτω, daρto-да растргне, лакомо да јаде.

Лепенски Вир е најзначајно неолитско археолошко откритие во светот. Етимолошки Лепен има основа во зборот λεπαίος, lepajos-каменит карст, λεπας,lepas-гола карпа, λεπω, lepo, лупи.

mitologija3

Гердапската клисура

Под името Лепен во Србија постојат две реки, потоа по една во Македонија и Босна, како и по една област во Србија и Босна.

Пред „Железната капија“ на Ѓердап е гратчето Текија (осн. Τεκ, τικω, tek, tiko-се раѓа, коти, лекува, додека τεκνον, teknon-дете). Од традицијата се знае дека на ова место на Дунав, кај Текија, секоја пролет доаѓаат од Црното Море риби моруни кои фрлаат икра од која се прави најдобар кавијар. На иста висина, но на романска страна, се наоѓа градот Орсова (ορσο, orso-да стане, скока, се збунува). Источно и низводно следи топонимот Караташ (осн. Καρα, kara-камена гора, врв и зборот θασσο, taso-брз, дрзок, импулсивен), откаде почнуваат дунавските водопади Катаракти (κατw, κατα, kato kata-долу и αρασσν, arso-да удира, да се струполи, силен пад, водопад) и Српскиот канал (σηπιον, sepion-морска пена или коцки на мекотелец сипа).

Каналот завршува кај градот Кладово (етимолошки: κλων, κλαδος, klon, klados-фиданка, гранка, гранче, клон). Во античко време, со свети гранчиња се овенчувале Дионисовите следбеници, гласниците или прибежиштата. Низ историјата градот се викал Занес, за време на Римјаните, Новиград од Словените, и Фетислам од Турците. Од коренот клон (κλων) потекнува и современиот збор во биоинженерството, клонирање, додека Занес од Zευs – Zav-Zaves.

Продолжува

Dshko  Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top