На прво место

Мицкоски без пауза: Од европските лидери во Тиват директно на состанок за капиталните инвестиции во Македонија

Македонска Нација

Само неколку часа по завршувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, каде што оствари средби со највлијателните европски лидери, премиерот Христијан Мицкоски ја продолжи работната агенда во Македонија со нови состаноци посветени на економскиот развој и капиталните инвестиции.

Попладнево тој се сретна со претставници на стопанските комори и со раководствата на домашни градежни компании, со кои разговараше за нивното учество во реализацијата на големите инфраструктурни и капитални проекти што ги планира државата.

„По интензивната агенда во Тиват утрово и можноста за средби со лидерите на ЕУ, директно на средба со стопански комори каде разговараме со градежните компании и нивниот интерес за учество во реализација на капиталните проекти во државата“, објави Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

Средбата претставува уште една потврда дека Владата паралелно работи на две клучни стратешки насоки – меѓународното позиционирање на Македонија и забрзувањето на домашниот економски развој.

Додека во Тиват се разговараше за европската перспектива на регионот и новите иницијативи за поблиска интеграција на земјите од Западен Балкан во европските политики и институции, во Скопје фокусот беше ставен на конкретни инвестиции, изградба на инфраструктура и отворање нови можности за македонските компании.

Ваквото темпо на активности покажува дека Премиерот Мицкоски и Владата настојуваат политичките контакти и дипломатските средби да ги преточат во економски придобивки за државата, со посебен акцент на капиталните инвестиции како двигател на економскиот раст.

Средбите со стопанството доаѓаат во период кога Владата најавува засилена реализација на инфраструктурни проекти, патна и железничка инфраструктура, енергетски капацитети и други капитални инвестиции кои треба да придонесат за повисок економски раст, нови работни места и поголема конкурентност на македонската економија.

Најново од: На прво место

На Марена во Зубовце во 10.00 часот ќе биде благословен крст осветен во Светиот Гроб во Ерусалим

На 30 јули 2026 лето Господово, во 10.00 часот на празникот Света Огнена Марина – Марена, во истоимениот храм во Зубовце свечено ќе биде благословен крст осветен во црквата на Светиот Гроб на Исус Христос во Ерусалим. За Зубовце, 30 јули 2026 година ќе остане запаметен како благословен ден – денот кога крстот од Светиот […]

Во Непроштено на 23 јули 2026 година, комеморација по повод 25 години од киднапирањето и убиството на македонските жители

Во Спомен-паркот во селото Непроштено, на 23 јули 2026 година, ќе се одржи комеморативна манифестација по повод 25-годишнината од киднапирањето и убиството на Македонците – жители на селото, кои трагично ги загубија животите за време на конфликтот во 2001 година. Комеморацијата, под мотото „25 години – сеќавањето живее“, ќе започне во 18:30 часот пред Спомен-паркот […]

Десеттата генерација на Birthright Macedonia ја заврши тринеделната програма во Македонија

Осум млади Македонци од дијаспората преку пракса, културни посети и средби со институции и личности од јавниот живот ги зацврстија врските со својата татковина Со свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид беше затворено јубилејното десетто издание на програмата Birthright Macedonia 2026, во организација на Обединетата македонска дијаспора (United Macedonian Diaspora – UMD). Осум млади […]

Полициска акција во Гостивар: Приведени директорот и двајца раководители во ЈП „Комуналец“

Во координација со Основното јавно обвинителство се истражува евентуална одговорност за загадувањето на водата за пиење, а официјални информации за текот на постапката се очекуваат во текот на денот. Во Гостивар е во тек координирана полициска акција поврзана со случајот со загадувањето на водата за пиење, при што, според информации објавени од „Курир“, се приведени […]

Владата со поддршка за граѓаните во Гостивар

Владата започна со дистрибуција на пакувана вода во Гостивар, секој ден ќе се делат по 50.000 литри Поднаслов: Првите количини веќе се доставени на повеќе пунктови низ градот, а дистрибуцијата ќе продолжи секојдневно додека трае забраната за користење на водата за пиење. Владата започна со дистрибуција на пакувана вода за пиење во Гостивар, како мерка […]

Еве ја вистината: На Бугарија не ѝ пречат реформите, туку постоењето на Македонија

Кога поранешен бугарски разузнавач, дипломат и пратеник јавно ќе каже дека членството на Македонија во Европската Унија би било „голем удар“ за Бугарија, тогаш паѓаат сите маски. Станува јасно дека проблемот никогаш не бил само во внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Не бил ниту во реформите, владеењето на правото или таканаречените европски вредности. Проблемот […]

Едмунд Темелко: Додека има вера, ќе има Македонија

Едмунд Темелко, првиот градоначалник на Општина Пустец во Мала Преспа по падот на комунистичкиот режим во Албанија, заедно со својата мајка запали свеќи во храмот „Св. Петар и Павле“ во селото Зрноско. Во тишината на православниот храм тие се помолија за здравје, за благослов на семејството, за душите на предците и за зачувување на македонскиот […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да понесе одговорност за скандалот во Гостивар, коалицијата со Таравари и ДУИ им нанесе штета на гостиварчани

СДС не може да избега од одговорноста за случувањата во Гостивар, бидејќи функционери поддржани од нив, како што се наведува, денес се сомничат дека ја загадиле водата во градот и околината, по што илјадници граѓани побарале лекарска помош. Во соопштението се наведува дека СДС очекува гостиварчани да заборават на коалицијата со Арбен Таравари и ДУИ, […]

To top