Фељтон

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (5)

teorija na znaenje1

teorija na znaenje1

III

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА (Теорија на знаењето) НА ОНОМАСТИКАТА НА ПАНОНИЈА (ДЕЛ III)

Топонимот Миничево на Тимок, јужно од Зајечар, е етноним за древниот народ Минијци, кои со Еолите ја колонизирале Тесалија и Беотија. Тие граделе „мегарони“, тврдини и ризници, војувале со Феничаните од Теба, ја изградиле Троја, ги колонизирале Арменија и Киринаика во Либија. Ја извеле аргонатуската експедиција по течението на Дунав, после Колхидите во 1225 година пред Христа.

Меѓутоа, според оригиналната палеобалканска ономастика, постои и онаа што е преведена на српски и тоа етнонимската топономастика, како што е Пожаревац, Сираково, Чемерно, итн. која спаѓа во таканаречената трансформирана ономастика. Пожаревац и Пожаревачко Поле во ПБГ значи Флеграион педион. Етимолошката основа е: флег, флогс, латински flagro, пожар, распалува, разгорува. Во праисторијата, Флегрите, заедно со Лаптитие, Минијците и останатите Хиперборејци, ја колонизирале Еолија-Тесалија. Нивниот родоначалник е Флегиј, основач на истоимените градови во Тесалија и Беотија и татко на Кронида, која со Аплон го родила синот Асклепиј, идниот бог на лекарските вештини.

Сираково е источно од Пожаревац и претставува етноним за Тиројците, тесалските колонисти од Димини културата и за групата на Еолците. Тие дале многубројни знаменити јунаци и кралеви во целиот континентален дел на Грција и на Пелопонез. Во Атина, тоа се Пизистрадите, Кодридите, Алкмеонидите и Пајонидите, па сè до Солон и Платон.

Ономастиката на Чемерно е доста застапена во Србија и пошироко. Обично се тоа ороними, како што е тоа планината Чемерно источно од Ивањица, планината Чемерно источно од Гацко и Чемерно северно од Сараево. Во праисторијата, Чемерно е етноним за Ахејците (без радост). Според историчарите Папаставроу11, Тејлор12, Меквин13 и Бамбињоти14, Ахејците мигрирале од пределот на средното Подунајвје, најпрво во тесалската Фтија, а потоа Фригиецот Пелоп ги одведува на север на Пелопонез.

11  Papastavrou, I,: Istoria tis Arhaias Ellado, p. 26-30, Hiotelli, Athinai, 1972.

12  Taylor, W.L.: The Mycenaeolns, p. 158, Thames and Hudson, London, 1983.

13  Macqueen, J.G.: The Hittites and their contemporaries in Asia Minor, London, 1986.

14  Mpampiriotis, G., Synoptiki istoria tis Ellinkis glossas, p. 96, Athina, 1986.

Хоронимот Хомоље и оронимот Хомољски Pланини постојат во североисточна Србија, помеѓу Пеk и Млава. Истоветна ономастика постоела во праисторијата vo Беотија и Тесалија, во вид на антропоними или хороними. Така на пример, кралот Амфион, Зевсовиот син кој ја изградил Теба, имал син кој се викал Хомољац (Omolöevs). Хомољка се викала една делфиска пророчица, Ениеева ќерка, потоа божиците Атина и Деметра во Теба имале придавка ’хомолски’, како и свечаните игри во Теба биле познати под името Хомолски игри (Omolöis). Еден месец во годината се викал ’хомолски’ (Omolöis), ама и една порта во ѕидините на Теба.

За портата во ѕидините на Теба во Беотија најдобар опис дава Паусанија15:

  15  Pauzania, Perrigissis tis Ellados, IX, 8, (прев. Pasini: Vodič po Heladi), Logos, Split, 1989).

 „… Хомолската врата го добила името поради следново: Кога Тебанците во битката кај Глисант биле победени од Аргивците, многумина тогаш се повлекле со Лаодамент, син на Етеокле. Еден дел од нив се откажале од патот кон Илирите и скршнале кон Тесалија па ја зазеле Хомол, најплодната и со вода најбога тесалска гора. Кога Полиниковиот син Терсандар ги повикал да се вратат дома, ја нарекле оваа врата, низ која на враќањето поминале, Хомолска (Omolöides pylai), според гората Хомол (Omolöön).“

Во Делиблатската пешчара (или Банатски песок) во Банат постои хороним Херонија. Во античката историја се спомнува градот Херонија (Hairöneia) на Кефис во Беотија, западно од минијскиот Орхомен. Тој е многу познат поради победата на македонскиот грал Филип II, 338 година пред Христа, на 2 август, кога ги совладал Атињаните и ја покорил Грција.

Кога се разгледува прашањето за имињата со трансформирана ономастика, во овие истражувања недостасува хоронимот Хипербореја и етнонимот Хиперборејци (Ypervoreoi)’, т.е. Северна земја и Северци.

Лирскиот поет од Теба, Пиндар (522-442 година пред Христа), за Хипербореја истакнува дека тоа е земја со благо поднебје. Во делот „Олимпијски оди“ (3, 26-27), во делот каде Херакле добил задача да ја фати керинската кошута/срна, вели дека тој „неуморно бил во потрага по неа цела година и дека хајката го однела дури во Истра (Дунав) и во земјата на Хиперборејците кај Кладон“ (Кладуша, крај Кладово).

Доколку планината Ворас, Бореј во старите и новите грчки географии, е нашиот Кајмакчалан, тогаш сè што е преку неа е Хипербореја, сè до Истра, Дунав. Понатму, дали и етнонимот Хиперборејци, Северци со мататопија „р“ пред „в“ кај Северците и исчезнувањето на „е“ не значи Серви, Серби?

Острогорски, во делото „Историја на Византија“ (1969, 140), изнесува податок дека за време на владеењето на царот на Источното римско царство, Константин IV, „во земјата во која навлегле Бугарите живееле Словени – Северци“. Тоа било за време на Аспарух (679-680 година пред Христа).

teorija na znaenje2

Дакија

Интрига прави и Херодот16 кој пишува: „Херакле, гонејќи ги стадата на Герион доспеал во земјата … во која сега живеат Скитите… што се викала Хилеја.“ Хоронимот Хилеја потекнува од ПБВ и зборот Yle, што значи шума, т.е. Шумадија. Тој сгинал до Хилеја од Беотија до Солунскиот залив, а потоа по долината на реката Ехедора (чува подарок, дар) и Вар-дар (чува дар), па по Моравија до Шумадија.

16  Херодот, Историја, IV, 8-10, Матица Српска, Београд, 1988.

Резултати од истражувањата

Лингвистички резултати

Придржувајќи се на основите принципи на епистемологијата или, поточно, гносеологијата, како научна гранка која има за цел да ја истражува и изучува самата наука и точно да го одреди истражувачкото поле и методолошките единици, во вој труд за предмет на истражувањата земена е топонимијата на Панонија во Србија.

Методите користени во овој труд припаѓаат на етимологијата и семантиката. Етимологијата е наука за потеклото и градењето на зборот, т.е. неговиот првобитен корен, додека семантиката се бави со проучување на значењето на зборот. Истражувањата покажаа дека голем дел од топономастиката на Панониа е од несловенско потекло, етимолошки не припаѓа на санскритскиот јазик. Ономастиката е автохтона, архетипска, прото-индоевропска и извор е на палеобалканската глосологија и на прото-јазиците на Балканот, Мала Азија и на Егејот. Таа е неисцрпна духовна археологија.

Тоа го потврдуваат и други автори, како што се Томсен17, Томсон18 и Меквин19, кои сметаа дека во праисторијата Балканот, заедно со егејскиот басен и Мала Азија претставувал единствено гнослошко подрачје, со ономастика која има нехеленски елементи. Освен тоа, заедничките глосолошки супстрати на ова географско подрачје покриваат и јужни делови на Русија и Црното Море, сè до земјата на Сумерите. На тој начин, овој јазик претставува посебна гранка од индоевропското семејство на јазици.

17  Thomsen, V.: Sur la parente de la lanque etrasque, OKD, Copenhagen, 1899.

18  Thomson, G.: I Arhaia Eilliniki Koinonia-to Proistoriko Algaio, p. 119, Athina, 1954.

19  Macqueen, J. G.: The Hittites and their contemporaries in Asia Minor, p. 35, London, 1986.

Бидејќи топономастиката на Панонија, а и на Балканто, претежно може најдобро и најверно да се дешифрира со старогрчкиот речник, во методологијата е користена научната етимологија на античкиот грчки јазик. Тоа е научен превод на фонетскиот и семантичкиот развој на поедини зборови во ономастиката врз база на историско-компаративна глосологија и паретимологија, односно „народна“ етимологија на античкиот јазик што го користат грчките лингвисти. Ова е поради тоа што во античкиот грчки јазик се вградени многу супстрати од палеоглосологијата на Балканот, која во Грција уште се нарекува и „прехеленска“ или „пелашка“ глосологија.

Продолжува

 Dshko  Katin6

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top