На прво место

Мицкоски: Разговорите со Макрон и Мерц ми даваат причина за оптимизам за иднината на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски изрази оптимизам за идните чекори на Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека токму директните разговори што ги имал со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц му даваат јасна слика за тоа што може да се очекува во наредниот период.

По завршувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Мицкоски истакна дека е задоволен од средбите со двајцата највлијателни европски лидери и дека тие разговори биле исклучително важни за македонските интереси.

„Оптимист сум. Само јас имав средби и со Макрон и со Мерц и точно знам што следува за Македонија“, порача премиерот, оставајќи простор во наредниот период да станат појасни новите европски иницијативи за регионот.

Изјавата доаѓа во момент кога Франција и Германија презентираат идеи за нов пристап кон проширувањето на Европската Унија, со поголемо и постепено интегрирање на земјите кандидати во европските политики и институции уште пред нивното полноправно членство.

Според Мицкоски, Македонија денес има значително подобра меѓународна позиција отколку во минатото, а земјата повторно е активен и кредибилен соговорник во европските политички кругови. Тој оцени дека сѐ повеќе европски лидери ја разбираат македонската позиција и потребата европските интеграции да се водат врз основа на принципи, а не преку наметнување идентитетски условувања.

Средбите со Макрон и Мерц беа дел од серијата билатерални разговори што премиерот ги оствари на маргините на самитот во Тиват, каде главна тема беше иднината на Западен Балкан и новата динамика на процесот на проширување.

Иако деталите од разговорите не беа јавно соопштени, пораките што пристигнаа од самитот укажуваат дека проширувањето повторно станува едно од клучните прашања на европската агенда. Токму затоа, оценката на премиерот дека „точно знае што следува за Македонија“ предизвика големо внимание во јавноста и отвори очекувања дека во наредниот период би можеле да се појават нови дипломатски иницијативи поврзани со македонската евроинтеграција.

Во меѓувреме, Владата останува на ставот дека Македонија ќе продолжи активно да ги спроведува реформите и да ги исполнува европските стандарди, истовремено инсистирајќи на заштита на националните интереси, идентитетот и достоинството на македонскиот народ.

Најново од: На прво место

На Марена во Зубовце во 10.00 часот ќе биде благословен крст осветен во Светиот Гроб во Ерусалим

На 30 јули 2026 лето Господово, во 10.00 часот на празникот Света Огнена Марина – Марена, во истоимениот храм во Зубовце свечено ќе биде благословен крст осветен во црквата на Светиот Гроб на Исус Христос во Ерусалим. За Зубовце, 30 јули 2026 година ќе остане запаметен како благословен ден – денот кога крстот од Светиот […]

Во Непроштено на 23 јули 2026 година, комеморација по повод 25 години од киднапирањето и убиството на македонските жители

Во Спомен-паркот во селото Непроштено, на 23 јули 2026 година, ќе се одржи комеморативна манифестација по повод 25-годишнината од киднапирањето и убиството на Македонците – жители на селото, кои трагично ги загубија животите за време на конфликтот во 2001 година. Комеморацијата, под мотото „25 години – сеќавањето живее“, ќе започне во 18:30 часот пред Спомен-паркот […]

Десеттата генерација на Birthright Macedonia ја заврши тринеделната програма во Македонија

Осум млади Македонци од дијаспората преку пракса, културни посети и средби со институции и личности од јавниот живот ги зацврстија врските со својата татковина Со свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид беше затворено јубилејното десетто издание на програмата Birthright Macedonia 2026, во организација на Обединетата македонска дијаспора (United Macedonian Diaspora – UMD). Осум млади […]

Полициска акција во Гостивар: Приведени директорот и двајца раководители во ЈП „Комуналец“

Во координација со Основното јавно обвинителство се истражува евентуална одговорност за загадувањето на водата за пиење, а официјални информации за текот на постапката се очекуваат во текот на денот. Во Гостивар е во тек координирана полициска акција поврзана со случајот со загадувањето на водата за пиење, при што, според информации објавени од „Курир“, се приведени […]

Владата со поддршка за граѓаните во Гостивар

Владата започна со дистрибуција на пакувана вода во Гостивар, секој ден ќе се делат по 50.000 литри Поднаслов: Првите количини веќе се доставени на повеќе пунктови низ градот, а дистрибуцијата ќе продолжи секојдневно додека трае забраната за користење на водата за пиење. Владата започна со дистрибуција на пакувана вода за пиење во Гостивар, како мерка […]

Еве ја вистината: На Бугарија не ѝ пречат реформите, туку постоењето на Македонија

Кога поранешен бугарски разузнавач, дипломат и пратеник јавно ќе каже дека членството на Македонија во Европската Унија би било „голем удар“ за Бугарија, тогаш паѓаат сите маски. Станува јасно дека проблемот никогаш не бил само во внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Не бил ниту во реформите, владеењето на правото или таканаречените европски вредности. Проблемот […]

Едмунд Темелко: Додека има вера, ќе има Македонија

Едмунд Темелко, првиот градоначалник на Општина Пустец во Мала Преспа по падот на комунистичкиот режим во Албанија, заедно со својата мајка запали свеќи во храмот „Св. Петар и Павле“ во селото Зрноско. Во тишината на православниот храм тие се помолија за здравје, за благослов на семејството, за душите на предците и за зачувување на македонскиот […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да понесе одговорност за скандалот во Гостивар, коалицијата со Таравари и ДУИ им нанесе штета на гостиварчани

СДС не може да избега од одговорноста за случувањата во Гостивар, бидејќи функционери поддржани од нив, како што се наведува, денес се сомничат дека ја загадиле водата во градот и околината, по што илјадници граѓани побарале лекарска помош. Во соопштението се наведува дека СДС очекува гостиварчани да заборават на коалицијата со Арбен Таравари и ДУИ, […]

To top