На прво место

СДС и Филипче не сакаат Македонија да успее – повеќе од Бугарија бараат уставни измени и им пречи секој дипломатски успех

Додека Владата бележи меѓународни признанија и дипломатски успеси, СДС и Венко Филипче продолжуваат со реторика што ги поткопува државните позиции и националните интереси.

СДС и Венко Филипче не можат да ја сокријат нервозата од позитивните резултати што Македонија ги постигнува на домашен и меѓународен план, па сè почесто настапуваат како продолжена рака на политиките што со години нанесуваа штета на државните и националните интереси.

Наместо да се радуваат на секој успех на Македонија, во СДС гледаат проблем во секое меѓународно признание, секој дипломатски напредок и секоја позитивна оценка што државата ја добива од меѓународните институции.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека Македонија може да води европска политика без понижувања, без тргување со идентитетот и без прифаќање решенија што се спротивни на националните интереси.

Токму затоа нервозата кај Венко Филипче е сè поочигледна. Како политички наследник на Зоран Заев, човекот кој остана запаметен по најконтроверзните национални отстапки, Филипче секојдневно ја повторува истата агенда и инсистира на уставни измени, без гаранции и без јасна европска перспектива за државата.

Само во изминатата недела Македонија доби неколку значајни меѓународни признанија кои претставуваат потврда за посветената работа на Владата и за правилната насока во која се движи државата.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од Скопје порача дека Македонија бележи видлив напредок во спроведувањето на Реформската агенда. Следуваше и изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за периодот 2027–2029 година.

Станува збор за историски дипломатски успех и прв избор на Македонија во ова тело од стекнувањето на независноста, што претставува силна потврда за меѓународниот кредибилитет и довербата што државата ја ужива.

Во меѓувреме, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои нацрт-извештајот за Македонија, испраќајќи порака дека државата останува препознаена како сериозен и посветен европски партнер.

Дополнително, завршувањето на постмониторинг-процесот во Советот на Европа претставува уште една потврда за демократскиот капацитет и институционалната зрелост на државата.

Разликата меѓу политиките на ВМРО-ДПМНЕ и СДС е повеќе од очигледна. Додека Македонија под водство на ВМРО-ДПМНЕ гради партнерства, добива доверба и остварува конкретни резултати, СДС и Венко Филипче остануваат заробени во политиките на попуштање и прифаќање туѓи агенди.

Додека Владата ја позиционира Македонија како достоинствена, почитувана и самоуверена европска држава, Филипче е подготвен на секоја отстапка само за да дојде до власт. Затоа денес тој бара уставни измени дури и погласно од официјална Софија.

Македонија оди напред, се развива и сè поуспешно ги брани своите позиции на меѓународната сцена. Единствено на СДС и Венко Филипче им пречи секој успех на државата, бидејќи не можат да се помират со фактот дека Македонија денес покажува дека може да напредува достоинствено и без национални отстапки.

Најново од: На прво место

Нема уставни измени без гаранции – аманет за идните генерации

Пораката на премиерот Христијан Мицкоски дека „нема да има уставни измени без гаранции“ не е само моментален политички став на една влада. Таа претставува обид да се постави јасна црвена линија што треба да остане како политички принцип и аманет за идните генерации, но и за сите што ќе ја водат Македонија. Оваа позиција отвора […]

Чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора пристигна во Штип

Преписот на една од најпочитуваните православни икони трајно ќе остане во храмот „Свети Димитрија“ во Ново Село како духовен благослов за градот и верниците Штип денеска беше исполнет со молитва, духовна радост и свечена атмосфера по повод пристигнувањето на преписот на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора. Во присуство на голем број […]

Мицкоски: Разговорите со Макрон и Мерц ми даваат причина за оптимизам за иднината на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски изрази оптимизам за идните чекори на Македонија на европскиот пат, нагласувајќи дека токму директните разговори што ги имал со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц му даваат јасна слика за тоа што може да се очекува во наредниот период. По завршувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, […]

ЕФА едногласно усвои Резолуција за заштита на македонското малцинство во Албанија

Генералното собрание на European Free Alliance (ЕФА), кое се одржува во Gandia-Шпанија, едногласно ја усвои Резолуцијата предложена од Македонска алијанса за европска интеграција за заштита на македонското малцинство во Албанија и за почитување на правата на малцинствата во процесот на проширување на Европската Унија. Усвојувањето на Резолуцијата претставува значајна меѓународна поддршка за македонската заедница во […]

Македонија покажува европско однесување, на потег е Европа

Акцискиот план за малцинствата, наместо инструмент за унапредување на правата, повторно стана поле за политичка блокада и тест за европската доследност. Бугарија повторно ја заклучува европската врата за Македонија. Македонија повторно се соочува со добро познато сценарио. Исполнува обврски, подготвува документи, спроведува јавни расправи, ангажира европски експерти и се обидува да ги следи правилата на […]

СДС и Филипче не можат да ги поднесат дипломатските успеси на Македонија

СДС и Венко Филипче очигледно ги вознемирува секој дипломатски успех на Македонија. Наместо да се радуваат кога државата бележи напредок, тие реагираат со нервоза, затоа што не сакаат да признаат дека Македонија може да успее и без политика на понижување, коленичење и прифаќање туѓи диктати. Дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Скопје го […]

Песната од Ѓорѓија Пулевски ја посветуваме на Венко Филипче и раководството на СДС – со надеж дека конечно ќе научат нешто за Македонија

Роден Македонец, умрел Македонец за Македонија.   Ѓорѓија Мијаков Пулевски е роден во 1817 година во селото Галичник, во мијачкиот крај на Македонија. На неговиот надгробен споменик во Софија е запишано: „Роден Македонец, умрел Македонец за Македонија.“ 1817 – 13 февруари 1895 (78 години) е периодот на животот на Ѓорѓија Пулевски.   Кратко за Пулевски: […]

To top