На прво место

Објавен „историски прирачник против големогрчката пропаганда“ наменета за Македонците во егјскиот дел на Македонија

Александар ДОНСКИ

Неодамна во издание на  Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, во соработка со Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип во електронски (PDF) формат e oбјавена брошурата под наслов: „ИСТОРИСКИ ПРИРАЧНИК ПРОТИВ ГОЛЕМОГРЧКАТА ПРОПАГАНДА“ и поднаслов „ПРИРАЧНИК ЗА УСПЕШНО ОПОНИРАЊЕ ПРОТИВ ГРЧКАТА ДЕНАЦИОНАЛИЗАТОРСКА ПРОПАГАНДА ШТО ДО ДЕНЕС  СЕ ВОДИ СРЕДЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ЗА НИВНО ГРЦИЗИРАЊЕ“.

          Автор на овој прирачник е познатиот македонски историчар и борец за правата на Македонците  м-р Александар Донски, а брошурата во електронски формат, освен на македонски, е објавена и на англиски јазик. Во догледно време се очекува да биде објавена и на грчки јазик. Брошурата веќе е ставена на бесплатно користење и споделување среде Македонците во егејскиот дел на Македонија, но и среде домашните и странски субјекти.

Во брошурата на едноставен, аргументиран и убедлив начин е даден бескомпромисен одговор на фундаменталните  големогрчки артикулации од областа на историјата. Така, на пример, во брошурата ќе прочитате дека:

– Постојат сведоштва од близу педесет старогрчки и други антички автори кои јасно тврделе дека Македонците биле посебен народ во однос на Хелените (кои од страна на Римјаните, со доза на потценување, биле именувани како „Грци“, кое име до денес останало)  и дека зборувале на посебен македонски јазик, кој бил неразбирлив за Хелените. Латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф дури запишал и дека Македонците и Хелените (Грците) во тоа време меѓусебно комуницирале преку преведувачи.

– Таканаречените „грчки богови“ воопшто не биле грчки! Уште Херодот во 5 век пред Христа  запишал дека Хелените ги презеле имињата на тие богови од древниот балкански народ Пелазги, за кој тврди дека зборувале на неразбирлив јазик во однос на Хелените. Докажано е и дека над 80% од авторите на делата од т.н. „Грчка митологија“ воопшто не биле „Грци“, а истото важи и за најголем дел од ликовите од оваа митологија. Од своја страна Македонците славеле и свои посебни богови кои ги немало кај околните народи. Сето ова во детали е обработено во брошурата.

– Старогрчките автори вештачки ги хеленизирале (грцизирале) личните имиња на луѓе од сите народи со кои доаѓале во допир, додавајќи им го во своите записи суфиксот „ос“ за да изгледаат како „грчки“. Ќе прочитате список од стотици лични имиња (но и топоними и други зборови) на Тракијци, Илири, Етиопјани, Асирци, Персијан­ци, Егип­јани, Либијци, Индијци, Итали и други народи, кои во грчките антички извори останале запишани со завршетокот „с” („ос” или „ис”). Па зарем тоа значи дека сите тие народи биле „Грци“? Така треба да се гледа и на личните имиња на Македонците кои во античките извори биле запишани со суфиксот „ос“, кој вештачки им бил додаден. Најголем доказ за ова е името на нашиот најголем цар Александар Велики Македонски. Во старогрчките записи (пишувани со векови по неговата смрт) неговото име е запишано како „Александрос“, но во Вавилонските астрономски записи пишувани со клинесто писмо во 4 век пред Христа, т.е. во времето во кое Александар живеел, неговото име сосема јасно е запишано како – Александар!   Освен тоа, не сите имиња кои ги носеле античките Македонци биле запишани од старогрчките автори. Некои од овие имиња се откриени и на гробни и други натписи што значи дека нив ги запишувале самите Македонци. Добар дел од овие автентични македонски лични имиња воопшто не завршуваат на грчкиот суфикс „с“, па дури некои повеќе асоцираат на имиња изведени од јазик близок до современиот македонски јазик. Некои од ваквите лични имиња се: Дада, Дуле, Заика, Заимина, Ластен, Лика, Мама, Мамина, Мило, Мома, Момо, Нана, Сита, Скрита, Тато, Тате, Татаја, Филина и други. И ова во детали е образложено во брошурата.

– Во македонскиот фолклор постојат голем број песни, приказни, легенди и преда­нија со античко-македонска содржина регистрирани уште во 16, 18, 19 и 20 век.  Посто­јат и одредени фолк­лорни еле­мен­ти (посеб­но во при­казните), кои влечат ко­ре­ни од времето на античка Маке­донија, а постојат и голем број обичаи, обреди и народни верувања кои останале уште од античките Македонци среде Маке­донците во 19 и 20 век. Сето ова детално е елаборирано во брошурата заедно со докази поткрепени со ДНК анализи за врските помеѓу денешните и античките Македонци.

Авторот Александар Донски е сигурен дека со оваа брошура значително ќе им се помогне на Македонците во егејскиот дел на Македонија успешно да се спротивстават на грчката денационализаторска политика: „Ако ние сами не си ја експонираме сопствената историја пред светот и ако не се бориме за правата на нашите сонародници, никој тоа нема да го направи наместо нас“.

Брошурата е објавена со помош на Трајче Т. ТРАЈКОСКИ од Перт, кој е познат македонски национален деец и водител на најслушаното македонско радио во Западна Австралија „Мак ФМ Радио“ од Перт, Гордана ДИМОВСКА од Мелбурн, која е позната македонска поетеса, новинар и наставник по македонски јазик во Австралија и  MACEDON PUBLISHERS AND TRANSLATORS – SYDNEY.

Брошурите се поставени за слободно симнување на веб-страна на Pollitecon Publications – најголемата платформа со книги со историска содржина посветени на Македонија во сопственост на Виктор Бивел од Сиднеј.

Македонската верзија можете да ја симнете од:

https://www.pollitecon.com/Assets/Ebooks/Istoriski-Pripachnik-Protiv-GolemoGrchkata-Anti-Makedonska-Propaganda.pdf

Англиската верзија можете да ја симнете од:

https://www.pollitecon.com/Assets/Ebooks/Historical-Manual-Against-The-Greek-Anti-Macedonian-Propaganda.pdf

Најново од: На прво место

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Груевски во предметот „Талир 2“

Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Талир 2“, кој се однесува на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Апелациониот суд ја одби како неоснована жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје и ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје. Одлуката е донесена на нејавна седница одржана на […]

Мицкоски не бара алиби за избори – СДС бара алиби за да ги одбие

Пред нешто повеќе од две години, ВМРО-ДПМНЕ не се плашеше да излезе на избори и убедливо го порази СДС, преземајќи ја одговорноста за држава оставена во катастрофална состојба – презадолжена, оптоварена со криминал и корупција и врзана со штетни договори. СДС бара алиби за да не се соочи со граѓаните на предвремени избори Ако состојбата […]

Македонски историски и црковен календар – 26 август

Македонски историски и црковен календар – 26 август На 26 август се одбележуваат повеќе значајни настани и личности од македонската историја. Овој датум нè потсетува на уметничкото наследство на Томо Владимирски, раѓањето на скопјанката Мајка Тереза, херојската погибија на Овадија Естреја – Мара, борбата на Македонците од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија и духовното […]

Вечерта на македонското наследство ја обедини заедницата во Форт Вејн

Форт Вејн, Индијана, 22 август 2026 година – Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја организираше Вечерта на македонското наследство на стадионот „Парквју филд“ во Форт Вејн. Настанот, за кој беа распродадени сите билети, ја покажа силата и значењето на заедничките собири посветени на македонската култура, традиција и наследство На настанот се собраа припадници на една од […]

Македонски историски календар – 25 август

25 август 1903 – Ослободена Невеска Во текот на Илинденското востание македонските востаници го нападнале и го ослободиле градот Невеска, тогашен административен центар во Леринско, во Егејскиот дел на Македонија. Ослободувањето на Невеска претставува еден од најзначајните воени успеси на македонските востаници. Акцијата покажала дека востаничките сили биле способни организирано да нападнат и привремено да […]

СДС повторно со црни сценарија, економските показатели ги демантираат

Додека СДС најавува поскапувања и шири страв меѓу граѓаните, инфлацијата се намали на 2,3 отсто, јавниот и државниот долг бележат пад, а цените на горивата во Македонија остануваат меѓу најниските во регионот. Кога СДС нема што конкретно да им понуди на граѓаните, испраќа некого на прес-конференција за да шири страв, недоверба и апокалиптични сценарија. Уште […]

Муцунски во Израел: Нови можности за соработка во економијата, одбраната и сајбер-безбедноста

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари средба со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи и подготвеноста за нивно натамошно продлабочување. Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски се сретна со својот израелски колега Гидеон […]

За СДС владин авион е „несериозност“, а јахти и златни визи во Дубаи се сериозна работа?

СДС ја прогласува намерата на Владата да набави авион за потребите на државата за непотребен луксуз, но молчи пред јавните прашања за криминалите, корупциите,  марихуаната, државна лотарија, јахта, скап имот и златни визи во Дубаи поврзани со луѓе од неговото раководство,… Слично беше и за време на „Шарената револуција“, кога владиниот „мерцедес“ беше претставуван како […]

To top