Фељтон

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (22)

1.1.6

1.1.6

ФЛЕГИЈЦИТЕ НА БЕОТИЈА И НА ТЕСАЛИЈА – ДЕЛ II

Ергин го наследил неговиот брат Азеј, а него неговиот син Актор, татко на Астиоха, која во татковата куќа на богот Ареј му ги родила синовите Аскафал и Јалмен, водачи на Орхоменците во Тројанската војна со 30 големи лаѓи. Хомер9 изнесува: „На Аспледонците водичи и на минијската војска од Орхомен/им беше Аскафал и со него Јалмен, на Ареј внуци,/кои Астиоха ги роди во куќата на синот на Актор,/на Азеј… тие тргнале на пат со триесет извишени лаѓи.“

9  Хомер, Илијада и одисеја, II, 513, Нови Сад, 1985. (прев. М.Н. Ѓуриѓ)

Освен Орхомен, кој бил најбогат центар со висока култура, со храмови и светилишта на Дионис и Харит, со „ризницата“, мегароните и со гробовите на Миниј и Хесиод, како и со Хераклевиот храм, слвани биле и други градови на Минијовата  династија во Беотија. За тоа сведочи дури и Хомер со Ахиловиот одговор на Агамемновите пратеници, дека во Орхомен големо благо се слевало.

1.1.7 

Архаична скулптура

Тоа се градовите Аспледон и Аскра кој бил богат со пченица и каде се родил Хесиод (околу 700 години пред Христа), поет на „Теогонија“, „Космогонија“, „Работи и денови“ и на „Хераклевиот штит“, дела кои претставуваат важен извор за проучување на најстариот поглед на свет и на религијата. Според некои автори,10 Хесиод пишувал дека е син на Зевс и дека има исто презиме како Македонците и Македонија.

10  Е.И.Е., 1976, 1490.

Од останатите градови тоа се Коронеја, Лебадија (Ливада?) во рамнина, Херониј и други. Паусанија11 за Херонија наведува дека старото име на тој град било Арна, а за „Арна велат дека била ќерка на Еол и дека по неа и еден град во Тесалија добил име. Говорат дека сегашното име на градот Херонеј дошло од Херон кој бил Аполонов син.“

11  Pauzania, Periigissis tis Ellados, IX, 40, (прев. Водич по Хелади), Логос, Сплит, 1989.

Натамошната судбина на Орхомените била тажна по Тројанската војна, бидејќи имало големи преселби и прогони на староседелците од народите од север. Тукидид12 опишува: „Сегашните Беотјани кои шееесет години по заземањето на Илиј13 се протерани од Арна од Тесалија, ја населиле сегашана Беотија, која порано се викала Кадмова земја, а Дораните во осумдесеттите години со Хераклидите го заземале Пелопониз.“

12  Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с. I, 12, Дерета, Београд, 1991.  

13  Според Ератостен во 1183 година пред Христа

Пасуанија14 вели дека Орхомените учествувале со Кодровите синови од Атина при бегството кон Јонија во Мала Азија. Тогаш тие ги понеле и своите обичаи и култура од Панонија.

14  Pauzania, Periigissis tis Ellados, IX, 37, (прев. Водич по Хелади), Логос, Сплит, 1989.

Папаставроу15 смета дека етнонимот Беоти (Voiotoi) доаѓа од оронимот во Епир под името Voion (1802 м) со највисок врв Грамос (2520), јужно од Орестија, односно Костур. За разлика од Теспротите од Епир, со пелашко потекло, во Тесалија каде брзо станале господари, Беотјаните не можеле да им се наметнат на Минијците во текот на повеќе векови. Центар на Беотија станал градот Коронеја, јужно од Лебадија каде се одвивале Себоеотските свечености. Во VI век пред Христа сите беотски градови потпаднале под владеење на Тебанците.    

15  Papastavrou, I.:  Istoria tis Arhaias Ellados, p. 48, Hiotelli, Athinai, 1972

1.1.8

Војска на Александар Македонски

Дигресија:

Паусанија16, опишувајќи го патот од Платеја кон Теба, изнесува дека доколку напоредно со реката Асопо свртите на понизок терен, за отприлика 40 стадиуми, ќе дојдете до остатоците на Скол. Херодот17 истакнува дека „Хелените ги нарекувале Скитите Сколоти“, според името на еден крал. Според тоа, во врска со ономастиката на Беотија може да се постави и прашањето за нивниот етничко потекло. Имено, се наведува дека тие порано живееле на стрмните падини на планината Воион, помеѓу Епир и Македоија, од каде почнува планинскиот масив на планината Пинд.

16  Pauzania, Periigissis tis Ellados, IX, 4, (прев. Водич по Хелади), Логос, Сплит, 1989.

17  Херодот, Историја, IV, 6, Матица Српска, Београд, 1988. 

Според легендата, кралот на таа област бил Македоновиот син Пинд, по кого една река во Локрид го носи неговото име и еден цел планински горостас од западна Македонија сè до Коринтскиот залив. Според Бенселер-Каегиевиот „Грчко-германски речник“, (1909, Загреб), според Сенц., Беотија (Voiotia) значи „земја на говеда“, т.е. „волови“. Значи, основата „во“ е од словенско, односно скитско потекло. Нивната лингвистичка трага може да се следи и денес преку словенските топоними. Така, целата северна област на Пинд носи назив Загорија-Загорје. Округ Касториа, Костур; округ Гревен-гребен, округ  Козани-коза.

Град Коница-коњ, град Мецово-меца, мечка во Јанинскиот срез. На југ, град Ламиа-ламја или змеј, аждаја и Камена Воурла-камена трска. Град Ливадеиа –ливада во Беотија, итн. Ако имисата ги следат Беотјаните при нивните миграции: „шеесетата година по заземањето на Илиј, протерани од Арна од Тесалците, ја населиле сегашната Беотија, која порано се викала Кадмова земња…“18, тогаш таа селидба на Скитите-Прасловени се случила во 1122 година пред Христа. Според Ератостен, тоа било во 1124 година пред Христа. 

18  Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с. I, 12, Дерета, Београд, 1991.  

Славевска19 дава податоци за словенско племе Војунити, кои живеело во горниот тек на реката Бистрица (Haliakmon),  а се преселиле во крајбрежните делови на Епир сè до Арт, па и во Беотија и биле евидентирано сè до XV век по Христа.

19  Slaveska, 2008, 249.

Продолжува

 Sh Donco  0.0

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Најново од: Фељтон

Мијаците под османлиска и српска власт

Улогата на селските првенци Мијачките населби имале свои првенци – познати и влијателни луѓе што посредувале меѓу населението и државната власт. Меѓу личностите што ги споменува Трајчев се Томо Ќаја, Ѓурчин и Сарџо. Нивниот авторитет не произлегувал само од материјалната состојба. Тие биле одговорни за одржување на редот, решавање спорови и заштита на интересите на […]

ОРЕШЕ – МИЈАЧКА КОЛОНИЈА ВО СРЦЕТО НА АЗОТ

Земјоделци, мајстори и чувари на мијачката традиција По описот на Папрадиште, Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ се осврнува и на соседното Ореше. Двете села ги претставува како една поширока мијачка заедница создадена во областа Азот, во југозападниот дел на Велешко. Според податоците што ги пренесува авторот, Ореше било населено со мијачки семејства доселени […]

МИЈАЦИТЕ ОД ПАПРАДИШКАТА КОЛОНИЈА НЕ ПОДЛЕГНАА НА СРПСКОТО ЗЛАТО

Отпор против туѓата пропаганда „Последните години од турскиот режим Папрадиште беше често тероризирано, но Мијаците не подлегнаа на српското злато, ниту се уплашија од теророт на српските чети и го зачуваа своето национално чувство“ – пишува Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година. Меѓу мијачките населби на кои Трајчев […]

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

Најнови вести

To top