На прво место

Филипче е на страната на бугарските барања

Филипче е на страната на бугарските барања, ВМРО-ДПМНЕ е на страната на македонските национални интереси

Отворањето на Уставот не значи затворање на спорот, туку отворање на Пандорината кутија за нови условувања, нови притисоци и нови удари врз македонскиот идентитет. Уставните измени не се последната, туку првата отстапка од низата барања што Бугарија сака да ги наметне на Македонија.

Капитулантската политика на СДС и ДУИ ја доведе државата во подредена позиција. Наместо јасна заштита на националните интереси, тие прифаќаа договори и обврски кои создадоа простор Македонија постојано да биде уценувана и притискана. Наместо цврсти државни позиции, граѓаните добиваа нови отстапки и нови ветувања дека „ова е последното барање“, а секоја наредна отстапка отвораше простор за нови условувања.

Венко Филипче денес е најгласниот промотор на истата погрешна политика. Наместо да застане зад Македонија, Филипче застанува зад бугарските позиции. Наместо да бара гаранции за македонскиот идентитет, јазик и национални интереси, тој бара нови отстапки. Наместо да го слуша гласот на народот, ја повторува политиката што веќе еднаш ја доведе државата во ќор-сокак.

Додека Филипче и СДС ја поддржуваат агендата што доаѓа од Софија, ВМРО-ДПМНЕ води политика заснована на достоинство, принципи и заштита на националните интереси. Позицијата е јасна – Македонија сака членство во Европската Унија, но не по цена на сопствениот идентитет, историја, јазик и национално достоинство.

Затоа довербата во СДС секојдневно паѓа. Граѓаните јасно препознаваат кој ја брани Македонија, а кој е подготвен повторно да тргува со националните интереси. Сѐ поголем број граѓани ја поддржуваат политиката која бара почитување на македонските позиции и ставање крај на бесконечните отстапки.

Времето на капитулации заврши. Македонија мора да оди напред достоинствено, со јасни позиции, со заштитен идентитет и со политики што се во интерес на македонскиот народ и државата. Националните интереси не смеат да бидат предмет на преговори и политичка трговија, туку темел врз кој ќе се гради иднината на Македонија.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top