На прво место

СДС како ученик на последна клупа: Решенијата ги гледа кај другите

СДС се однесува како ученик на последната клупа кој прво ѕирка во тестот на соседот, а потоа убедува дека неговите одговори се подобри од оригиналот.

Штом Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе претстави нова мерка или стратегија, од Бихаќка веднаш се појавуваат со „подобра“, „поголема“ и „помодерна“ верзија на истата идеја.

Додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува конкретни мерки за зајакнување на економијата, отворање нови работни места и намалување на невработеноста, СДС повторно се обидува да ја придобие довербата на младите со пораки кои потсетуваат на нивните добро познати предизборни кампањи.

Оперативниот план за вработување за 2026 година е еден од клучните инструменти преку кои се обезбедува поддршка за младите, невработените и претприемачите. За неговата реализација се обезбедени речиси 40 милиони евра, а мерките и програмите ќе опфатат повеќе од 10.000 лица. Планот предвидува поддршка за самовработување, отворање нови бизниси, практикантство, обуки, преквалификации и создавање нови работни места.

Посебен акцент е ставен на младите, кои добиваат реална можност полесно да се вклучат на пазарот на трудот и да ја градат својата иднина во Македонија. Наместо празни ветувања, се спроведуваат конкретни политики и програми што носат резултати и отвораат нови перспективи.

Во меѓувреме, СДС повторно откри дека младите постојат.

По седум години на власт, денес се претставуваат како нивни најголеми заштитници. Но останува прашањето: ако навистина знаеле како да ги задржат младите во Македонија, зошто тоа не го направиле додека управуваа со државата?

Токму во периодот на нивното седумгодишно владеење, десетици илјади млади луѓе ја напуштија државата во потрага по подобри можности.

Денес СДС ветува по 30.000 евра за отворање бизнис. Утре можеби ќе ветува и по 50.000 евра. Ако продолжи ваквото темпо, наскоро ќе ветуваат и по 100.000 евра. Но младите одамна научија да ја препознаваат разликата меѓу реални политики и политички маркетинг. Ним не им се потребни нови бајки, туку сигурни работни места, можности за напредок и перспектива во сопствената држава.

Затоа Владата продолжува со политики кои создаваат услови за економски раст, нови инвестиции и поголема вработеност. А младите сами ќе проценат кој нуди резултати, а кој повторно нуди само ветувања што добро ги паметат од времето кога СДС беше на власт.

Најново од: На прво место

Ветуваа едно, правеа друго – Пендаровски ја откри логиката на СДС

Изјавата на Пендаровски повторно ги отвори прашањата за политиките на СДС по доаѓањето на власт За да дојде на власт, СДС им ветуваше на граѓаните сѐ што сакаа да слушнат. Власта беше целта, а Македонија честопати ја плаќаше цената. Поранешниот претседател Стево Пендаровски во едно телевизиско интервју откри политичка логика која многу граѓани одамна ја […]

Филипче е на страната на бугарските барања

Филипче е на страната на бугарските барања, ВМРО-ДПМНЕ е на страната на македонските национални интереси Отворањето на Уставот не значи затворање на спорот, туку отворање на Пандорината кутија за нови условувања, нови притисоци и нови удари врз македонскиот идентитет. Уставните измени не се последната, туку првата отстапка од низата барања што Бугарија сака да ги […]

Речиси 40 милиони евра за вработување на над 10.000 лица во 2026 година

6.000 млади ќе бидат опфатени со мерките за вработување, а за над 10.000 граѓани се обезбедени речиси 40 милиони евра преку Оперативниот план за 2026 година. Младите се во фокусот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Преку нови мерки и програми се создаваат повеќе можности за вработување, стекнување работно искуство и отворање сопствен бизнис. За Оперативниот […]

Двојните аршини на Европската Унија

Додека земјите од Западниот Балкан повеќе од две децении чекаат на конкретен напредок кон членството во Европската Унија, Европскиот совет денеска го отвори првиот преговарачки кластер за пристапување на Украина и Молдавија. Веста ја соопшти претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Сите земји членки се согласија да го отворат првиот кластер од пристапните преговори со […]

32 милиони евра за вработување: Над 10.000 лица ќе бидат опфатени со Оперативниот план за 2026 година

Младите остануваат во фокусот – предвидени се речиси 6.000 учесници до 29 години, над 2.000 нови работни места преку самовработување и поддршка за вработување на над 1.500 лица. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ активно работи на справување со предизвикот на невработеноста преку низа мерки и програми насочени кон отворање нови работни места, поддршка на претприемништвото и […]

Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со мерки насочени кон зајакнување на економијата, отворање нови работни места и намалување на невработеноста, при што посебен акцент е ставен на младите и нивното активно вклучување на пазарот на трудот. Преку Оперативниот план за вработување за 2026 година се предвидени мерки и програми што треба да придонесат за отворање […]

Македонија ги повика турските инвеститори: Продлабочување на економската соработка и нови инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната посета на Истанбул, Република Турција, учествуваше на Бизнис форум посветен на унапредување на бизнис-соработката меѓу Македонија и Турција. Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи изградени врз доверба, почит и силни врски меѓу двата народа. Токму тие односи, како што посочи, претставуваат […]

Додека ЕУ размислува, Западен Балкан не смее да стои во место

Иницијативите како „Отворен Балкан“ и Берлинскиот процес беа претставени како важни механизми за продлабочување на регионалната соработка и подготовка на земјите од Западен Балкан за членство во Европската Унија. Но, и покрај бројните средби, декларации и договори, резултатите останаа далеку под очекувањата. Дел од договореното никогаш не беше целосно спроведено, а политичките несогласувања и недоволната […]

To top