На прво место

Спасен за предавствата: Најголемата заблуда на Македонецот отсекогаш била дека Македонија губи однадвор

Спасен за предавствата: Најголемата заблуда на Македонецот отсекогаш била дека Македонија губи однадвор

Нека запомнат сите тројански коњи, сите домашни слуги и сите што мислат дека народот спие, пишува музичарот

Музичарот Спасен Сиљановски со своја анализа зошто и како губи Македонија.

Според него додека постои барем еден Македонец што не може да се купи, Македонија нема да биде поразена но истовремено државата (про)паѓа кога предавникот ќе седне на масата.

,,Кога тројанскиот коњ носи македонско име‼️Најголемата заблуда на Македонецот отсекогаш била дека Македонија губи однадвор.Не.

Ниту една империја, ниту една туѓа војска, ниту еден договор немале сила да ѝ нанесат толку штета на Македонија, колку што ѝ нанеле нејзините внатрешни тројански коњи.

Предавството никогаш не доаѓа со туѓо знаме.

Тоа доаѓа со насмевка. Со македонско име и презиме. Со рака на срце и лажни патриотски зборови. Со луѓе кои се колнат во Македонија додека ја распродаваат парче по парче”, смета Сиљановски.

Спасен вели дека низ вековите, непријателите се менувале, но нивните слуги останувале исти.

,,Секогаш имало такви што за функција, за пари, за лична корист или за трошка власт биле подготвени да го продадат и она што не го создале, и она за кое не пролеале ниту капка пот, а камоли крв.

Токму затоа, најголемата трагедија на македонскиот отпор не била недостатокот на херои. Херои сме имале.

Од Крушево до Солун, од Мечкин Камен до денес, Македонија раѓала синови подготвени да умрат за неа.

Но, премалку сме имале храброст да се соочиме со оние што ја уништуваат однатре.

Бидејќи држава не паѓа кога непријателот ќе тропне на портата.

Држава паѓа кога предавникот ќе седне на масата.

Кога платеникот ќе стане авторитет.

Кога народот ќе почне да им аплаудира на сопствените гробари.

И затоа, времето бара нешто повеќе од празни зборови и евтин патриотизам.

Бара будење. Бара јасна линија помеѓу Македонецот кој греши, но ја сака својата татковина, и човекот кој свесно служи на туѓи интереси.

Зашто Македонија нема да ја спасат оние што најгласно викаат „патриот“.

Ќе ја спасат оние што не се продаваат.

Оние што не клекнуваат.

Оние што знаат дека функциите се минливи, а честа е вечна.

И нека запомнат сите тројански коњи, сите домашни слуги и сите што мислат дека народот спие:

Македонија преживеала империи, војни и поделби. Ќе ве надживее и вас.

Зашто предавниците имаат свое време.

А народите што не се откажуваат од својата душа – имаат вечност.

И додека постои барем еден Македонец што не може да се купи, Македонија нема да биде поразена”, пишува Сиљановски.

Превземено од : https://expres.mk/makedonija/70640/?fbclid=IwdGRjcAScEVpjbGNrBJwRDmV4dG4DYWVtAjExAHNydGMGYXBwX2lkDDM1MDY4NTUzMTcyOAABHuN8eJN025i3Hm35xvktReLh-BlNLV-89C0dl1U9l8RdZQMrFRt5GzOJP_Nj_aem_kUVvpVEGBImvYfguku8qnA

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите од анализите за водата треба да ги објави ЈП „Комуналец“ Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите од анализите за водата треба да ги објави ЈП „Комуналец“ Гостивар ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес-конференцијата на Наташа Поповиќ од СДС, нагласувајќи дека резултатите од испитувањата на водата во Гостивар треба да бидат побарани од градоначалникот Валбон Лимани и од ЈП „Комуналец“ Гостивар. Од партијата посочуваат дека анализирањето, испитувањето и објавувањето на резултатите се […]

Македонски историски и црковен календар за 19 август

На 19 август: Празникот Преображение Господово е посветен на чудесното преобразување на Исус Христос пред апостолите Петар, Јаков и Јован на гората Тавор. Според евангелските сведоштва, додека Христос се молел, Неговото лице засветило како сонце, а облеката Му станала бела како светлина. Покрај Него се појавиле старозаветните пророци Мојсеј и Илија, а од облак се […]

Никола Тесла во Македонска носија и македонски врски?

Никола Тесла – научниот гениј кој го осветли светот Никола Тесла е еден од најголемите научници и пронаоѓачи во историјата на човештвото. Неговите откритија во областа на електротехниката, наизменичната струја, електромагнетизмот и безжичниот пренос на сигнали ги поставија темелите на современиот технолошки свет. Поради огромното влијание на неговото дело, современите автори го нарекуваат „човекот што […]

Инвестициски бран во Македонија: Нови фабрики, современи технологии и илјадници работни места

Инвестицискиот циклус во Македонија продолжува со нови проекти, производствени капацитети и работни места. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на создавање поволни услови за инвестиции што носат современи технологии, зголемен извоз и долгорочен економски раст. Во ТИРЗ Тетово следува реализацијата на инвестицијата на „Џаво Отомотив“, мултинационална компанија со повеќе од 40 години искуство во автомобилската индустрија. […]

Македонски историски и црковен календар за 18 август

Роден е Никола Мартиноски – втемелувач на современото македонско сликарство Во Крушево, на 18 август 1903 година, е роден Никола Мартиноски, истакнат македонски сликар, педагог и академик, една од најзначајните личности во културната историја на Македонија во XX век. Основното образование го започнал во родниот град, а своето уметничко образование го продолжил во Букурешт. Во […]

Филипче и СДС да престанат да бегаат и да дадат одговори за седумгодишното владеење

Местени тендери, милионски зделки, аферите „Дубаи“ и „Јахта“, промената на името, штетните договори, партизацијата на институциите, економското пропаѓање и иселувањето на младите се темите за кои јавноста бара политичка и кривична одговорност. СДС никако да престане со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните. Ќе заврши со една тема, па веднаш ќе започне со друга. […]

ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар одбележува 36 години посветеност, единство и работа

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар утре, 18 август 2026 година, ќе одбележи 36 години од своето основање. Свеченоста, која ќе се одржи во ДТВ „Партизан“ со почеток во 18:30 часот, ќе биде можност членовите, поддржувачите и пријателите на партијата заеднички да го прослават јубилејот на гостиварскиот Општински комитет. Настанот се одржува под мотото „Заедно […]

Македонски историски и црковен календар – 17 август

17 август 986 – големата победа на цар Самуил кај Трајановата Врата На 17 август 986 година, во теснината Трајанова Врата, војската предводена од цар Самуил ѝ нанела тежок пораз на византиската војска на царот Василиј II. По неуспешната опсада на Средец-Софија , византиската војска започнала повлекување. Во планинскиот премин била пресретната и разбиена, додека […]

To top