Фељтон

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

2aleks234567

2aleks234567

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јазик, чиј автор е публицистот Ристо Стефов (Chris Stefou), роден на 11 јуни 1953 година во револуционерното село Ошчима, Леринско, во Беломорска Македонија. Како последица на економско-политичките случувања во Егејска Македонија, неговото семејство се иселило од дедовкиот праг во 1965 година кога Ристо имал дванаесет години и за секогаш се населиле во демократска Канада.

Ристо Стефов (Chris Stefou) е писателот кој живе и твори во Канада и кој ја афирмира Македонија од античко време до денес. Тој е добро познат во македонската заедница во Торонто, а е афирмиран автор во македонската дијаспора и во етничка Македонија. Ристо е автор на поголем прој публикации со кои се покажа и долажа како вљувеник во историјата и вистина за македонскиот народ и етничка Македонија.

Тој е автор на делото „History of the Macedonian people from ancient times to the present“ чиј преводот од англиски на македонски јазик под наслов „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ е на Соња Прус, а го уредил и подготвил за печат авторот на овие редови, Славе Катин. Делото е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, во 2008, на 505 страници, а е отпечатено во печатницата „Софија“ во Богданци. Рецензенти на делото се: академик Антоније Шкокљев – Дончо и Славе Николовски – Катин.

Оваа значајно историско дело кое за прв пат е печатено на англиски јазик во Торонто е огледало на вистината за македонскиот народ и за Македонија од антички времиња до денес. Книгата е поделена на 29 глави во кои се третира историскиот развој на македонскиот народ и Македонија од најпрвото македонско кралство преку издигнувавето на Македонската Империја, до денешното формирање на македонската независна, демократска и самостојна држава – Република Македонија.

2aleks23Споменик во чест на победата на Херонеја

За излегувањето на книгата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ од Ристо Стефов на македонски јазик е заслужен Славе Катин. Тој е рецензент на книгата, ја уреди, ја подготви за печат, неговата издавачка куќа „Македонска искра“ ја издаде книгата и ја промовираше во Република Македонија.

Славе Катин како публицист е аналитичар на Македонците во светот и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на античка Македонија.

Исто така, неговото творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на шеесет публикации, од кои 22 се со името „Македонија“, 20 се монографии на македонски и на англиски јазик за познати личности во дијаспората и Република Македонија, а седум дела се лексикогравски изданија. Исто така, Катин е автор на над стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот. 

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе  претстамиме дел од петтата глава  во која се вели дека Филип, кој повеќе или помалку бил задоволен од завршувањето на работите со градовите-држави, се вратил дома за да се подготви за походот во Азија.

2aleks24

Се вели дека ако било кога Филип направил некаква грешка, тогаш тоа било што се “оженил од љубов”, редок луксуз за било кој монарх, а уште повеќе што пред тоа се женел не еднаш, туку шест пати. Жената на неговата љубов била Клеопатра, девојка од македонското племство. Заслепен од својата љубов кон младата Клеопатра, Филип занемарил да види дека неговиот брак со неа ќе води кон раскинување со Олимпија и до оддалечување од неговиот син Александар.

Олимпија била горда жена и голем заштитник на својот син. Бракот на Филип со помлада жена и, освен тоа Македонка, ја направило да се почувствува и несакана и занемарена во нејзиниот сопствен дом. За неа, последниот брак на Филип бил срам за нејзината репутација како сопруга и закана по легитимноста на нејзиниот син како наследник на македонскиот престол.

Не знаејќи што друго да направат, Олимпија и Александар заминале во Епир. Веднаш штом ја однел мајка си дома, Александар заминал од Епир и отишол кај Илирците. Оттаму тој преговарал да се врати во Пела каде неговиот татко му простил за неговите недела. За несреќа на Олимпија, бракот на Филип со Клеопатра траел подолго отколку што очекувала и Клеопатра му родила дете.

Во текот на наредната пролет (336 година пред Христа), во подготовките за напад на Персија, Филип решил претходно да испрати извидница. Под команда на генералите Атал /Attalus/ и Парменио /Parmenio/, 10.000 македонски војници  биле подготвени и испратени преку Мала Азија да го поплочат патот за офанзивата за следната пролет. Додека војниците го пробивале својот пат преку Хелеспонт, Македонците во Ега се подготвувале за една голема свеченост.

Ќерката на Филип, Клеопатра, требало да се омажи за принцот Александар (Амаксис) од Епир. Тоа требало да биде, навистина, раскошна прослава со многу забава и игри. Филип поканил многубројни и различни гости од целото свое кралство да учествуваат и да бидат сведоци на мажачката на неговата ќерка. Меѓу поканетите била и Олимпија.

Бидејќи била сестра на младоженецот, Олимпија била обврзана да присуствува. Во прво време таа стравувала, но откако била уверена дека Филип ќе и’ посака добредојде и ќе ја пречека, таа ја прифатила поканата. Останувајќи доследен на својот збор, Филип бил учтив и пријателски се однесувал кон неа уште истиот ден кога таа пристигнала.

Се вели дека по веселбата, првиот ден Филип ја посетил Олимпија и, меѓу другите работи, дискутирал и за загриженоста на Олимпија во врска со шансите на Александар да го наследи престолот. Филип и ветил дека нема причина да биде загрижена и повторно ја уверил дека Александар бил негов прв избор да го замени кога за тоа ќе дојде време.

Веселбата од првиот ден завршила без никаков инцидент. Но, големата несреќа се случила вториот ден. За време на процесијата во театарот во Ега, додека стоел помеѓу неговиот син Александар и неговиот нов зет Александар, еден член на кралската гарда по име Паусаниј, го прободел Филип со кама и го убил. Потоа, Паусаниј потрчал кон коњите кои го чекале за да побегне, но се сопнал и паднал. Неговите гонители го фатиле и го боделе со своите копја се додека не умрел. 

“Најголемиот крал од сите кралеви на Европа” кој ја ослободил Македонија од странска окупација, ја вратил од работ на исчезнување и ја претворил во светска сила, сега лежел мртов во својата палата, убиен од својот личен телохранител. Филип II, крал на Македонија од 360 година пред Христа до 336 година пред Христа умрел од бесмислена смрт, а бил наследен од неговиот син Александар.

Многу историчари вложиле огромен труд, барајќи ги причините за да објаснат зошто бил убиен Филип. Дали тоа  било заговор однадвор, или бил заговор претходно смислен од неговиот син Александар? Дали тоа било акт на бес од страна на луд војник? Или тоа била освета на Олумпија поради тоа што тој ја понижил женејќи се со Клеопатра? Мислиме дека никогаш со сигурност нема да ја дознаеме причината.

Плановите на Филип за Персија сега биле во рацете на неговиот наследник. Филип сторил се’ што можел за да ја направи Македонија голема, но, дури ниту тој не можел да замисли колку таа допрва ќе биде голема.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top