Македонски легенди

Лазар Москов

1op121

1op121 

Лазар Москов

Казар Москов (1877 – 4.08.1902) е македонски револуционер, костурски војвода на Македонската револуционерна организација. Војводата е во областа Костур. Негови најблиски соработници таму се Павел Христов, Лазар Киселинчев, Пандо Кљашев и Васил Чекаларов. Опколен од турскиот аскер Москов бил ранет во коленото и се самоубил за да не биде фатен.

Лазар Москов е роден во 1877 година во костурското село Д’мбени, Егејскиот дел на Македонија. Учел во Костурското училиште, Солунската машка гимназија и завршил во Битолската гимназија во 1901 година. Таму се спријателил со Кузман Стефов и Лазар Поптрајков, а веќе наредната година. се приклучил на Македонската револуционерна организација.

Москов се одликувал како искусен и смел народен раководител во Костурско. Тој бил првично началник на чета, а потоа завземал видно место меѓу ракаводителите и организаторите на костурскиот револуционерен реон.

Војводата е во областа Костур. Негови најблиски соработници биле Павел Христов, Лазар Киселинчев, Пандо Кљашев и Васил Чекаларов. Тој се сретнал и со Марко Лерински и Гоце Делчев при нивната инспекција во 1901 година.

На 3 август 1902 година Лазар Москов и Никола Рашајков влегле во Вишени, но биле забележани од стражар кој го чувал даночникот. Утрото на 4 мај селото било блокирано од 3.000 турски аскер и башибозук од Костур, Лерин и Хрупишта. Започнала долга битка со опколените револуционери во куќата на Типо Цулев, кој бил исто така бил добара и предан деец на Македонската револуционерна организација.

Во неможност да ги зароби живи, војската ја запалила населбата и изгорела шест куќи, при што загинале тројца мажи и една жена. Стопанот на кѕќата во кои биле македонските револуционери Типо загинал на почетокот на борбата, а за да не изгорат живи Рашајков и Москов се обиделе да се пробијат низ обрачот, Но при пробивот Рашајков бил застрелан, а Москов бил ранет во коленото.  За да не биде фатен жив Лазар Москов се самоубил.

Пред пробивот, Москов и Рашајков оставиле проштално писмо на бакалска книга, кое подоцна селаните го предале на регионалната чета на Организација. Во писмото во кое се даваат последните наредби на четата, меѓудругото пишува: „Ако умреме, еве што ќе знаете: не умираме од предавство, Кољо виде еден заптија на прозорецот. Ве заветуваме на голема претпазливост. Ако е можно, одредот треба да остане надвор….. Типо го убија Турците зошто ни ја отвори вратата. Напишете во весникот дека не жалиме што умревме од куршумот, но лути сме што не ја постигнавме, не ја завршивме целта – да ја ослободиме татковината. Нека ја достигнат оваа патриотска волја нашите другари. Знајте, другари, дека со нас ништо не е загубено. Храброст, не плашете се, се ќе заврши и ќе блесне слободата, еднаквоста и братството. Храброст, храброст и повторно храброст…. Збогум Македонијо! Збогум другари и роднини! Да живее револуцијата, слободата, еднаквоста и братството…. За правда и за народот Лазар Московски Кољо Рашајков “

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top