Фељтон

ДЕЛ ОД ПОБЕДИТЕ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) ВО ИНДИЈА (18)

1felt9

1felt9

Стрелците, кои јавале на коњи, први нападнале и речиси веднаш ги онеспособиле бојните коли. Коњицата на Александар потоа јурнала и, како што се очекувало, Пор му наредил на своето десно крило да зададе фрапантен удар.

Двете скриени дивизии, под команда на Коен (Coenus) и Деметриј (Demetrius), излегле од засолништето и ги вовлекле во битка Индијците од заднината. Наместо да му нанесе удар на Александар, коњицата на Пор добила удар, а Индијците се повлекле и прибегнале кон заштитата на слоновите.

 Откако непријателската коњица била онеспособена, македонската фаланга и тешко вооружената пешадија напредувале кон центарот на Пор. Но, да се нападнат налутени слонови не било лесна задача. Секој слон, најпрво, требало да биде заобиколен, јавачот на слонот да биде застрелан од страна на стрелците и додека слонот давал отпор, требало да биде прободен со копје и боден додека не биде соборен.

Пешадинците морале да прибегнат кон отсеување на сурлата на слонот со мечови, а со секири да му ги пресечат нозете, пред животното да падне на земја. Многу од оние кои го вршеле сечењето и отсекувањето поминале лошо, бидејќи многу слонови давале отпор така што ги удирале, набивале, клоцале и ги гмечеле своите мачители, се додека не се претвориле во крвава каша.

Бидејќи борбениот ред на Пор бил потиснат, слоновите се збиле и почнале да ги газат своите војници, предизвикувајќи натамошни жртви. Додека Александар се повеќе го смалувал обрачот на својата коњица околу војската на Пор, и наредил на својата фаланга да ги остави штитовите и да се впушти во убивање. Дотогаш, Кратер ја преминал реката и ги гонел оние кои се пробиле низ обрачот на Александар. Македонците само што поминале низ трауматично искуство и не биле расположени за простување, така што битката наскоро се претворила во масакр.

Слоновите станале избезумени и газеле повеќе Индијци отколку непријатели. Индијците, вклучувајќи го и Пор, се бореле и давале отпор до крај. Ранет со копје, Пор веќе не гледал смисла во натамошното давање отпор и одјавал со својот коњ. Александар го гонел и со дипломатија го убедил да се предаде.

1felt91

Кралот Пор

Александар покажал голема почит кон Пор каква што заслужува еден крал. Тоа била последна голема битка што ја воделе Македонците. Земајќи предвид дека таа се одвивала под монсунски услови, нешто што Македонците никогаш пред тоа не искусиле, таа може да се смета за најтешката битка во целиот поход на Александар.

Кога се’ било готово, Александар го назначил Пор за крал на неговите сопствени доминиони, а подоцна го проширил неговото кралство до Хифасис (Hyphasis). За возврат, Пор му останал лојален на Александар додека не умрел. За да ја осигура својата позиција во Пенџаб, Александар наредил изградба на два нови града, Никеа и Букефала (Nicaea) и (Bucephala), по течението на реката Џелум.

Никеа бил изграден онаму каде што Александар ја преминал моќната река Џелум, во чест на неговиот успех, а Букефала, пак, бил изграден на бојното поле и бил посветен на Букефал, коњот на Александар, за кого се вели дека умрел од старост.

По еден месец долг и заслужен одмор, Александар ја свикал својата војска и се упатил на север. Ја преминал реката Ченаб (Chenab) која поради преобилните дождови станала широка три километри. Во близина на Ченаб основал друг град кој, се разбира, го нарекол Александрија (Sohadra). Некаде источно од Ченаб, во близина на градот Сангала (Sangala), Македонците наишле на лут отпор и отпочнала ужасна битка, во која биле заклани 17.000 Индијци, а повеќе од 70.000 биле заробени.

Александар го продолжил своето патување кон исток, движејќи се под венците на високите планини и пробивајќи си го патот преку натопените полиња со вода, во задушувачка топлина и врнежливо монсунско небо. Долги колони валкани индиски бегалци со искинати одори ја  следеле македонската војска, која како змија се вијугала низ подрачјата. Откако ги преминала рекита Рави (Ravi) и Беас (Beas), во сегашен Пенџаб (Punjab), војската се влогорила за краток одмор, но само да биде дестимулирана и незадоволна од плановите на Александар за идни походи.

Мора да било кратко пред тоа кога Александар сфатил дека неговата почетна претпоставка за географијата на овој регион била грешна. Тој, исто така, морал да открие од Индијците дека реката Инд не се влева во Нил, како што претходно ги информирал своите војници. Не се знае зошто таа информација ја чувал во тајност од своите војници.

Александар чекал погодно време да ги информира своите војници дека неговите мапи не биле точни и дека крајот на светот не се наоѓа во близина. Всушност, ги информирал своите војници дека треба да маршираат уште дванаесет дена во пустината и да преминат уште една голема река, Ганг, пред да може да стигнат до крајот на светот. Таа информација не била добро примена од неговите војници.

Изгледа дека Александар сакал да го продолжи својот поход на исток и да се изложи на опасност кон Ганг, но неговиот џиновски план не бил дочекан со одобрување. Неговата војска била преморена, се приближувала до точка на изнемоштеност и веќе не сакала да го следи. Поминале 18.000 километри за осум и пол години и биле изморени. Спарното време и постојаните поројни дождови кои ги поднесувале седумдесет дена, не оделе во прилог на ситуацијата.

Александар се нашол во неприлика која му било тешко да ја прифатил. Дури и откако одржал многу говори и покажал големо негодување, неговите луѓе не попуштиле и останале на своето. Александар бил немоќен да дејствува. Откако поминал три дена во својот шатор, размислувајќи за неприликата во која се нашол, сфатил дека неговите луѓе се во право, дека дошло време за враќање.

За да ги одбележи своите големи успеси и да им искаже чест на боговите кои му ги дале победите, Александар наредил изградба на дванаесет олтари во вид на кула, на источната страна на реката Беас, по еден за секој македонски бог. На војската и наредил да ги изградат кулите од четвртасти камени блокови, со вкупна висина од пет метри и вкупна должина од седумнаесет метри.

Со тешко срце, Александар ја повел својата војска назад и некаде во средината на септември, 326 година пред Христа, го започнал маршот назад кон новооснованиот град во близина на реката Џелум (Jhelum). Наредната голема задача која ќе ја презел било да се изгради флота бродови кои ќе ја пренесат војската надолу по реката Инд, а потоа во океанот кон југ.

1felt92

Кралот Пор

Биле изградени приближно 800 брода за транспорт на коњи, жито, луѓе и товар. Биле изградени околу 80 воени бродови со по триесет весла за одбрана. Александар немал намера да командува со флотата и затоа го назначил Неарк (Nearchus), својот близок пријател од младоста, за адмирал.

Во ноември 326 година пред Христа, Александар ја поделил својата војска во две колони, се качил на бродовите и го започнал своето патување по течението на реката Џелум. Звукот на трубите го дале сигналот да започне веслањето, додека секоја колона ги заземала своите позиции на спротивните брегови од реката. Кратер командувал со колоната на десната страна, а Хефестион командувал со таа на левата.

Имало голем метеж додека пилотите ги извикувале командите за веслање и додека веслата едногласно плискале по водата, привлекувајќи ги гледачите кои дошле да го видат спектаклот и да им пеат на војниците на нивното патување. За жал, не било се’ добро и пред флотата да стаса до реката Ченаб (Chenab),

Александар примил информации дека неколку племиња, најбројните и највоинствените, се подготвувале да војуваат со него подолу на реката. Александар, во тоа време, не бил сигурен на кое место ќе се води битката, па затоа ја намалил брзината надолу по Џелум, надевајќи се дека ќе го помине спојот на бурните води онаму каде што Џелум се спојува со Ченаб.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

1slave 1 СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top