Македонски легенди

Васил Гиновски

1vas12

9ae121 Васил Гиновски 

Васил Гиновски (средината на ⅩⅠⅩ в. – ?, 1924) е македонски зограф и копаничар. Негово единствено зачувано потпишано дело во Македонија се фреските на западната фасада од црквата во Бигорскиот манастир од 1871 година. Со своите браќа работел и на неколку иконостаси во Црна Гора во времето на Никола Ⅰ Петровиќ-Његош. Бил еден од организаторите на претставувањето на Црна Гора на Големата балканска изложба во Лондон во 1907 година. За своите заслуги бил одликуван од кралот Никола Ⅰ со Петтиот степен на Даниловиот ред и со највисокиот орден на Руското царско графичко друштво.

Васил Гиновски е роден во средината на ⅩⅠⅩ век во Галичник. Тој е најмалиот син од четворицата синови (Панајот, Теофил, Алексо и Васил,) на учителот од Галичник Крсте Гиновски и Катерина Вељанова Пејчиноска од Лазарополе (или Тресонче). Таткото на Крсте бил учител по мијачките села, во градовите Дебар и Тетово, како и во манастирот Св. Јован Бигорски. Васил се образувал дома и во Русија, која покрај духот на мијачката школа, влијаела и на неговиот стил.

Негово единствено зачувано потпишано дело во Македонија се фреските на западната фасада од црквата во Бигорскиот манастир од 1871 година („При смиренаго игумена нашего архимандрита Михаила изображенъ бъсть сей притвор церковенъ Василiемъ Гиновскiи ѿ село Галичникъ, 1871“).

Со својот постар брат Панајот Гиновски работел во Врање и Вранско. Потоа, во 1867 година работел на украсувањето на Синан-пашината џамија во Призрен. Истата година го изработил иконостасот и ја насликал црквата „Свети Никола“ во Љубижда и ја насликал иконата „Богородица со Христос“ во црквата „Свети Никола“ во Гњилане. Во 1874 година го слика иконостасот на „Воведение во Богородица“ во Бело Поле, работи во Пеќската патријаршија и заедно со својот брат Алексо го слика иконостасот на Будисавскиот манастир. Како „Василије Крстевиќ из села Галичника“ се потпишал на иконата на свети Василиј без датум од црквата „Свети Никола“ во Косовска Каменица.

Во 1876 година, Васил, Теофил, Алексо и Панајот Гиновски го направиле иконостасот на црквата Свети Никола во Нови Пазар, за време на Мелетиј Спандонидис кој во тогаш се наоѓа на чело на Рашко-Призренската митрополија. Заедничкото авторство е потврдено со натпис на иконата на Исус Христос на владетелскиот трон, кој вели дека во 1876 година иконостасот и епископскиот трон на „Браћа Кр. Даскаловићи Ђиноски од с. Галичника Нахје Дибарске“. Браќата Гиновски нацртале голем број на икони. Иконостасот е висока триредна олтарна преграда со монументални димензии. Тоа е и најобемното и најкомплексното уметничко дело на браќата Гиновски и е едно од најкомплексните олтарски предградија во српските цркви од 19 век. Се состои од 107 икони со нееднаков квалитет, а најуспешни дела се престолните икони и неколку старозаветни сцени над парапетните плочи.

Во 1881 година семејството Гиновски се преселило од родниот крај во Врање, кое во меѓувреме било ослободено од Турците и станало граничен град на Србија кон Турција. Една од причините за преселбата во Врање биле браќата кои немирни по дух во караница убиле некој Арнаутин, а втора е економскиот карактер поради кој Мијаците оделе на печалба. Во новоослободените краеви на Србија биле потребни разновидни работници и учители какви што биле Крсте и неговите синови  Панајот, Васил, Теофил и Алексо Гиновски.

Така, Врање станала цела мала колонија на печалбари и политички емигранти од Македонија, во која семејството Гиновски бргу се прилагодува и било почитувано. Нивниот дом бил секогаш отворен за македонските емигранти кои биле спремни со оружје да се борат за слобода на Македонија.

Набргу по смртта на најстариот брат Панајот умреле и родителите, а браќата на покана на владиката Иларион се преселуваат во Црна Гора, каде работеле на иконостаси и зографисале цркви, додека Алексо се бавел и со фотографскиот занает. Водач на групата бил Васил, а се придружил и неговиот среден син Миливој. Васил Гиновски. имал контакти и со митрополитот Партениј Зографски од кого ја добил „Стематографијата” на Христифор Жефаровиќ според која работел.

Пред да остане сам, поради смртта на своите браќа Алексо и Теофил во 1894 година, Васил со нив работел на неколку иконостаси во Црна Гора во времето на Никола Ⅰ Петровиќ-Његош. Гиновци се најзначајните и најдоминантните иконописци на новите сакрални фрески на Црна Гора, Тие насликаа вкупно повеќе од 90 иконостаси, а во исто време покажаа висок уметнички и иконографски квалитет. Во црквата „Вознесение“ во селото Крале, Васил Гиновски со моделот на неговата дарба насликал и портрет на ктиторот на црквата Јосиф Лекиќ. Тоа покажува дека тој се интересирал и за светската уметност.

Васил Гиновски бил еден од организаторите на црногорската презентација на Големата балканска изложба во Лондон во 1910 година. Кралот Никола I го одликува со Данаилов орден V степен, а е и носител на највисокиот орден на Руското царско графичко друштво .

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top