Фељтон

ПРИСТИГНУВАЊЕТО ВО ВАВИЛОН И АЛЕКСАНДРОВИТЕ ИДНИ ПЛАНОВИ (21)

1ulk1

1f12

Во текот на побуната, биле разменети остри зборови. Александар се разбеснил до тој степен што привел тринаесет предводници и веднаш ги погубил. Потоа ја распуштил целата македонска војска, па со викање се втурнал во својот кралски замок, затворајќи се цели три дена, гостејќи ги само Персијците, а одбивајќи да зборува со било кој Македонец.

На третиот ден, некои Македонци побарале прием кај него. Откако успеале да го измолат за малку време, им било дозволено да го посетат. Средбата била емотивна, бидејќи Александар ги поздравил своите другари без зборови и целиот бил облеан во солзи. Кога се’ се завршило, Александар приредил голема прослава во чест на помирувањето. Како што се покажало подоцна, тоа не било помирување меѓу него и војниците, туку, во интерес на царството, тоа било помирување меѓу Македонците и Персијците.

Во текот на таа голема прослава, Александар наредил неговите Македонци да седат веднаш до него, а до нив Персијците и другите националности од царството. Се вели дека биле присутни околу 9.000 луѓе од разни националности. Религиозните церемонии биле изведени според македонските и според персиските традиции и без инциденти. Ова ја зацврстува идејата дека дури и тогаш, како и денес, многу култури можеле да живеат заедно во мир и слога.

Александар знаел дека без мир и слога меѓу различни народи, имал мала или никаква надеж дека ќе може да сочува толку големо царство за било каков разумен временски период. Но, мирот и хармонијата не можеле да се постигнат без слобода и рамноправност на сите раси. Таа гозба била голем момент за Александар, бидејќи не само што се обидел да внесе помирување меѓу расите, туку, што е уште поважно, затоа што го создал и осмислил концептот за мултикултурализам, концеpт што бил многу пред неговото време.

По гозбата, Александар продолжил со реализација на своите првобитни планови и отпуштил околу 10.000 од своите војници-ветерани. Секој од нив, покрај платата, добил 181 и екстра талaнти. Задачата да ги врати ветераните назад во Македонија му била доверена на Кратер.

1f124

Му било наредено, исто така, по враќањето во Македонија да го замени Антипатер. За возврат, на Антипатер требало да му се нареди да му ги доведе на Александар свежите трупи. Александар почувствувал дека Антипатер и Олимпија треба да се разделат еден од друг и дека тој, исто така, треба да се спаси од нивните постојани жалби и препирки.

Кога завршила големата прослава, Александар заминал од Опис и го продолжил своето патување кон Екбатан. Откако поминал неколку месеци таму, се упатил кон Вавилон каде почнал да ги открива своите големи планови за во иднина.

Од трговски аспект, Александар открил, преку Индискиот Океан и Персискиот Залив, врска помеѓу реките Инд, Еуфрат и Тигар. Таа врска, во иднина, би можела да се искористи за трговија во корист на царството. Александар, исто така, бил љубопитен за тоа што има од спротивната страна на Персискиот Залив, во Арабија.

За да го открие тоа, почнал да организира истражувачка експедиција. Тој бил заинтересиран и да најде брз пат преку Арабија до Египет. Друго љубопитство на Александар, кое имало корени во минатото, додека учел во Пела, бил дали Каспиското Море било островско море, заливско или друг вид море. Сега, кога имал средства, сакал и тоа да биде проверено и почнал да организира друга истражувачка експедиција.

Уште еден градежен план требал да се реализира. Требало да се изградат 1.000 воени бродови во Феникија, Сирија, Цицилија и Кипар (Phoenicia, Syria, Cicilia, Cyprus) за идните походи против Картагинците и другите народи по должината на брегот на зaпадниот Медитеран. Картагина, во тоа време, била најважната поморска и трговска сила на запад. Да живеел Александар доволно долго за да го спроведе својот поход против неа, светот денес би бил поинакво место за живеење.

Плановите на Александар за поход против западот биле базирани врз разузнувачки информации, кои тој ги имал претходно добиени, за силата на различните држави и нивните меѓусебни политички врски. Освен воените планови, Александар имал планови и за научни истражувања, изработување географски карти, исцртување водени маршрути помеѓу градовите Александрија и Суса и развој на трговски маршрути помеѓу различни региони на неговото царство.

Планот за освојување на светот никогаш не бил премногу далеку во неговиот ум, но тој план го споделувал само со најблиските пријатели во кои имал доверба, како, на пример, со Хефестион. За жал, тој повеќе ни бил жив. Кратко време пред тоа, додека траела гозбата во Екбатана, Хефестион навлекол смртоносна треска и умрел. Тоа било голема загуба за Александар и за Македонците.

Александар тешко ја примал таа загуба и жалел за него со денови, без да јаде или да се напие нешто. Телото на Хефестион било однесено во Вавилон каде што бил изграден голем споменик во негова чест. Освен тоа, за да го зачува споменот за него, на неговото место како човек веднаш до кралот, никогаш не поставил некој друг. Тоа место засекогаш останало непополнето.

Како што беше претходно спомнато, Александар ја напуштил Екбатана и тргнал за Вавилон. Во текот на патувањето, со средината на зимата, на планината Загрос (Zagros), наишол на отпор од воинствено племе познато како Косаеанци (Cossaeans), кои повеќе претпочитале да се борат за својата независност, отколку да се откажат од истата. На Александар му требале четириесет дена да ги потчини и тие, исто така, станале дел од неговото царство.

Кога и тоа било завршено, тргнал за Вавилон и бил пресретнуван од Либијци, Етиопјани, Картагинци, Луканијанци (Lucanians), Етрурци, Римјани, Иберијци, Келти, достоинственици и амбасадори од целиот свет. Изгледало дека целиот свет е импресиониран од постигнувањата на Александар и дека сите го сакале неговото пријателство.

Но, малку знаеле за неговите планови да го освои светот, особено Картагинците кои веќе го изгубиле сестринскиот град Тир. Ние се уште не можеме да престанеме да се прашуваме како ќе изгледаше светот денес, ако Александар живееше доволно долго да го освои западот.

По пристигнувањето во Вавилон прв приоритет на Александар било да подготви експедиција за да ја истражува Арабија. Во тоа време, неговите интереси во Арабија била да се истражи регионот и да се добијат информации. Немал никакви намери да изврши упад во внатрешноста. Само ги сакал бреговите и островите кои претставувале добри пристаништа за неговите трговски бродови.

Големата амбиција на Александар била да воспостави водена врска помеѓу Александрија и Вавилон. Бил толку уверен дека неговиот сон ќе стане реалност, па затоа наредил ископувања за да се изгради големо пристаниште во Вавилон. Било доволно големо да собере 1.000 бродови, што ја вклучувало целата негова азиска морнарица и сите трговски бродови во регионот.

1f125 Вавилон

По започнувањето на тој проект, Александар се впуштил во градење канали за регулирање на течението на реките Еуфрат и Тигар. Тој сакал регионот да просперира, затоа договорил населување на северниот брег на Персискиот Залив. За да ја унапреди трговијата во Заливот, помеѓу устието на реките Тигар и на Еуфрат, го основал градот Александрија Каракс (Alexandria Charax), град кој според својата географска положба ќе стане големо пристаниште за Вавилон.

Додека бил стациониран во Вавилон, Александар примил нови регрути од разни региони на неговото Азиско царство, како и коњаничко засилување од Македонија. Овде, за прв пат, Александар почнал да ја реорганизира својата војска за да вклучи мешани националности меѓу неговите високи чинови, доверувајќи им командни позиции на Македонците. За жал, обидите на Александар да ја реорганизира својата војска, заедно со другите негови бројни планови, нема да донесат плодови.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

1slave 1 СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top