Фељтон

ПОСЛЕДНИТЕ ЖИВОТНИ МИГОВИ НА ГОЛЕМИОТ АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (22)

00123

00123

Се вели дека на 2 јуни, 323 година пред Христа, откако учествувал во неколку прослави кои траеле цели ноќи, Александар почнал да покажува симптоми на треска. Некои велат дека можеби се заразил од маларија, која е вообичаена во текот на летните месеци во мочурливите простори на Вавилон.

Александар бил физички во добра состојба, но неговото лично ангажирање во толку многу активности и стресот на кој самиот се подложил во текот на планирањето и подготовката на разни експедиции, го ослабеле неговиот имунолошки систем и способноста да се спротивстави на заболувањето. Самиот Александар верувал дека ќе оздрави, бидејќи на 3 јуни наредил неговите генерали да изготват планови за испловување на 7 јуни.

Вечерта на 3 јуни, го однеле Александар во кралските градини на западниот брег на реката Еуфрат на чист воздух и брзо закрепнување. Наредниот ден се чувствувал добро и испратил абер да дојдат неговите генерали и да се состанат со него на 5 јуни. Таа ноќ, за жал, треската се повратила и не му поминала.

На 7 јуни, кога флотата била подготвена да продолжи, наредил да биде во состојба на готовност, надевајќи се дека наскоро ќе му биде добро и ќе може да и се придружи. Наместо да му биде подобро, болеста уште повеќе се влошувала како што изминувал денот, така што до наредниот ден бил толку многу болен што одвај можел да зборува.

На 9 јуни ги повикал генералите да се состанат во текот на ноќта во кралскиот дворт. Другите офицери чекале надвор пред вратите. Наредниот ден неговата состојба се влошила и повторно го однеле назад во палатата. Кога неговите генерали дошле кај него, можел да ги распознае, но бил толку слаб што не можел ниту збор да изусти. Во текот на ноќта и наредниот ден, треската се влошувала и тој веќе не бил во состојба да ги гледа посетителите.

Неговите војници, стравувајќи од најлошото, побарале аудиенција кај нивниот крал, но офицерите не дозволиле. Не слушајќи ги своите офицери, тие насила ги отвориле вратите и еден по еден поминувале покрај креветот на Александар во долга колона само за да бидат сведоци на неговата ослабена физичка состојба. Александар можел, со потешкотија, само да им климне со главата и да ги поздрави неговите другари по оружје со своите очи, додека тие поминувале покрај него во тишина и длабока емотивност.

001234

Александар Македонски (Велики) на смртната постела

Во текот на вечерта на 13 јуни, 323 година пред Христа, Александар починал. Се уште немал триесет и три години кога животот му бил одземен, не во славна битка од меч на непријателот, туку од маларија, попрецизно, од микроскопски паразит, што е ужасен крај за најголемиот од сите освојувачи.

Никој не очекувал дека Александар ќе умре, а не, пак, толку бргу. Бидејќи и Хефестион бил мртов, немало ниту еден друг водач кој можел да интервенира и да стане одговорен за царството. Водачите на војската во Вавилон наеднаш се соочиле со тешки проблеми. Единствениот оној кој сега имал авторитет да дејствува бил Пердика, кому Александар, на умирање, му го предал својот потпишан  прстен.

Повторно било свикано Собранието на македонската војска на челната позиција, за да ја изврши својата должност и да избере крал. За жал, искрснале нови проблеми зашто старите традиции се судриле со новите. Разликите во желбите на пешадијата, во која бил утврден стариот македонски дух, не можеле да се помират со желбите на помодерната коњица, која била лојална на современите идеи на Александар.

Аргументите довеле до тепачка, пред да се постигне затегнат компромис, според кој Архидеј, кандидатот на пешадијата, требало здружено да владее со изборот на коњицата, т.е. со неродениот син на Александар и Роксана. Тоа навистина бил несреќен избор, бидејќи Архидеј, син на Филип II, бил епилептичар и тапоглав, а детето на Александар се’ уште не било родено. Освен тоа,било решено секој генерал да преземе одговорност за одредени сатрапи во согласност со одлуките донесени во Вавилон.

Птоломеј од Лар /Lagus/ отишол во Египет, Лизимак /Lysimachus/ отишол во Тракија, Антигон /Antigon/ отишол во Поголема Фригија /Greater Phrygia/, а Пердика останал во Вавилон. Имало само уште едно прашање поставено пред Собранието, а тоа било што да се прави во врска со последните планови на Александар. Без изненадување, Собранието едногласно решило истите да ги поништи.

 Веста за смртта на Александар молскавично се ширела низ целото царство, но тешко дека предизвикало раздвижување во Азија. Градовите-држави, од друга страна, ја поздравиле веста, предизвикувајќи експлозија од емоции што резултирало со расформирање на Коринтската лига. Атина била прва која се кренала и ги повикала градовите-држави против Македонија.

Една нова лига, предводена од Атина, била формирана и таа се кренала против Македонија во она што било наречено “Ламинска војна” (Lamian War). Градовите-држави не можеле да ја контролираат својата омраза кон Македонија и го пуштиле својот бес со сета сила. За жал, целата сила на градовите-држави не била доволна да ги разбијат Македонците на Антипатер.

Победоносниот Антипатер ја лишил Атина од нејзината позиција како сила на море и повторно го вратил Самос (Samos) на Самијанците (Samians). Потоа, тој форсирал промена на уставот за Атињаните, лишувајќи ги од нивната демократска власт. Освен тоа, еден македонски гарнизон бил инсталеран на атинско тло за да ги потсетува Атињаните кој е оној што ја има контролата, т.е. власта. Антипатер склучил мир посебно со секоја од останатите побунети држави и ја расформирал нивната новоформирана лига.

За разлика од градовите-држави, со исклучок на неколку мали немири, предизвикани, главно, од незадоволни граѓани на градовите-држави, Азија останала мирољубива релативно долг период. За жал, без уверливата политика на Александар, мирот полека отстапувал место на судири. Иако нашите антички извори не успеваат да го откријат вистинскиот мотив за конфликтите, ние мислиме дека тоа била лакомоста за богатство и желбата да се владее.

Во почетокот, тоа биле поамбициозните сатрапи во Азија кои меѓусебе се бореле, за освојување поголем дел од нивното царство. Подоцна, во конфликтот се вклучиле генералите на Александар кои владееле со дел од неговото царство, но не биле задоволни со она што го имале и сакале повеќе.

1001235

Последни мигови во животот на Александар Македонски (Велики)

Најмоќен од тие наследници бил Антигон и неговиот син Деметриј (Demetrius), кој постепено стекнал најголем дел од Азија. Против нив била коалицијата на Птоломеј од Египет, Селеук /Seleucus/ од Вавилон, Лизимак од Тракија и Касандер /Cassander/, син на Антипатер, од Македонија.

Околу шест години по Александровата смрт, во 317 година пред Христа, низа настани се случиле во Македонија што засекогаш ќе го сменат текот на нејзината историја. Тоа започнало кога Олимпија го убила кралот Филип Архидеј, што му дало повод на Касандер да ја совлада.

Без нејзина заштита, Касандер ја убил несреќната Роксана и нејзиниот син, малиот Александар. Откако царството останало без семејството на Александар и без крал да владее, неговата судбина останала во рацете на неговите генерали кои сега се бореле еден против друг.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top