Фељтон

ПРВИТЕ ДРУШТВА И АСОЦИЈАЦИИ ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (7)

1sem1

1sem1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Бројот на македонските доселеници во прекуокеанските земји постојано се зголемуваше, а со тоа и активностите во средините каде што живеат. Така, во периодот меѓу двете светски војни почнаа да се формираат и првите македонски независни прогресивни групи во САД и во Канада, а подоцна и во Австралија. 

Во публикацијата „Македонците во светот“ е забележано дека македонските иселеници во прекуокеанските земји почнаа да се организираат во пошироки облици дури по Првата светска војна, а во периодот меѓу двете светски војни се чувствуваше забележителна раздвиженост и активност на национален план. Спротивно на политиката на МПО, прогресивните групи се залагаа за афирмација на македонската револуционерана и идејна борба, која беше нераскинлив дел од борбата на другите напредни сили на Балканот.

Прогресивите групи беа дел од Македонскиот народен сојуз, чие координирање на акциите му беше доверено на Иницијативниот комитет. Комитетот беше особено активен по формирањето на МПО и нивната антимакедонска кампања. Затоа, Комитетот ја свика првата конференција во Толидо, Охајо, на 22 и 23 март 1930 година, на која беа присутни претставници од сите македонски прогресивни групи од Канада и од САД.

На конференцијата беше усовен протокол и неколку резолуции, во кои беа изразени идејните определби на овие прогресивни и независни групи. Во една од усвоените резолуции, меѓу другото, се вели:

,,Имајќи целосна доверба во исправноста на избраниот пат, ние апелираме до целокупната македонска емиграција да нè поддржи и масовно да влезе во новото македонско прогресивно двжење, што е засновано врз определбата на манифестот од 6 мај 1924 година. Тој манифест целосно го одбележува вистинскиот пат на национално-ослободителната борба на сите балкански народи за оформување на балканската федерација во која Македонија ќе биде рамноправна единица.“

Со ваа Резолуција, беше зацртан патот по кој требаше да се движат македонските независни прогресивни групи во САД и во Канада. Со овој документ, групите се обврзуваат да ја координираат својата дејност меѓу себе и да создаваат услови за поуспешно ширење на своите идеи, како и да водат борба против МПО, која, во основа, е оружје на великобугарската државна политика.

Првиот конгрес на овие групи се одржа од 24 до 26 април 1931 година во Гери, Индијана, каде македонските независни групи се обединија во Македонски народен сојуз (МНС), име кое оттогаш почнаа да го носат сите групи. На овој конгрес беше усвоен и Статутот на организацијата.

Прогресивните иселеници доаѓаа до сознание дека ослободувањето на Македонија може да биде само со заедничка борба на сите народи на Балканот. Прогресивните македонски иселеници во прекуокеанските земји согледаа дека без поврзување на стремежите на националното ослободување со стремежите за социјално преуредување на општеството, тешко може да се издвојува саканата слобода. Тие се залагаа за поцврсто заедништво меѓу прогресивните сили кај сите балкански народи. Ова особено беше изразено по основањето на ВМРО (Обенидена) во Виена, во 1925 година, кога почна единството и обновувањето на македонското национално револуционерно движење.

По поврзувањето и обединувањето на македонското прогресивно иселеништво, почнаа да се формираат и други независни прогресивни групи во САД и во Канада, кои имаа за цел да го зајакнат сопственото омасовување и да се обединат во општомакедонската народна организција, а тоа беше Македонскиот народен сојуз (МНС). Главната цел на МНС беше извојување на слобода за Македонија и за македонскиот народ кој живее на тие простори.

Исто така, една од големите желби беше да се создаде балканска федерација, во која ќе бидат гарантирани широки национални, политички и социјални права и слободи на балканските народи, вклучувајќи го и македонскиот народ од сите делови на Македонија. Во реализацијата на ваквата политичка платформа, МНС сметаше на соодејство и поткрепа од сите прогресивни сили и луѓе од светот, особено од оние на Балканот.

Решението на Првиот конгрес на МНС наиде на голем прием кај македонската и балканската емиграција, кој далеку од своето огниште копнееше за национална и социјална слобода на својата татковина. Како резултат на тоа, членството почна да се зголемува од ден во ден и да се формираат нови организации како составен дел на Сојузот.

Од голема важност е тоа што со формирањето на Македонскиот народен сојуз во прекуокеанските земји им е нанесен голем морален удар на Македонските патриотски организации (МПО). Меѓу позначајните конгреси на МНС е, секако, Четвртиот, што се одржа во Детроит во 1934 гоидна. До овој конгрес беа испратени голем број поздравни писма, меѓу кои е и писмот на Ѓорѓи Димитров, упатено до конгресот кое побуди големо интересирање.

Покрај другото, Димитров пишува дека македонското движење има многу непријатели, но најзлобниот е неговиот внатрешен непријател, тоа се агентите на бугарскиот империјализам и фашизам, пред сè бандата заведените Македонци кои се кажуваа дека се Бугари. Со помош на своите агенти, бугарската буржоазија го користи македонското движење за свои егоистички интереси и за зацврстување на својата крвава диктатура над работничкиот народ во Бугарија.

Активноста на Македонскиот сојуз се зголемуваше од година во година. Таквата долгогодишна и плодна прогрсивност се пренесуваше преку прогресивното бгласило ,,Сознание“, кое престана да излегува во текот на 1938 година, а на негово место почна да излегува весникот ,,Народна волја“. Всушност, на 12 февруари 1938 година, на роденденот на големиот син на американскиот народ Абрахам Линколн, се појави ,,Народна волја“ како весник на прогресивните Македонци и Бугари во Америка.

1sem12

Мелбурн, Австралија

Весникот се печатеше еднаш неделно, на кирилица, притоа употребувајќи руски и бугарски букви, а голем број материјали се печатени во постојните рубрики на англиски јазик. По конституирањето на Народна Република Македонија, голем број текстови се печатат на македонски литературен јазик.

На првата страница на весникот ,,Народна волја“ стои дека е заеднички весник на Бугарите и на Македонците во Америка, а се печатеше како орган на МАНС сè до 1948 година. Меѓутоа, веднаш треба да се појасни зошто, всушност, весникот ,,Народна влја“ беше гласило на Бугарите и на Македонците во Америка. Тоа, секако, е од причини што пред Втората светска војна, според американските закони, клубови, друштва и други облици на организирање и дејност можеа да основаат и да развиваат само оние националности кои беа конституирани како држава. Оттаму, попусти беа сите напори да се убедат надлежните фактори во САД, во Канада и во Австралија дека Македонците не се ниту Бугари, ниту Грци, ниту Срби, туку дека се посебен народ.

Меѓутоа, за администрацијата многу поважно беше тоа од која држава доаѓаат луѓето, отколку на која националност ѝ припаѓаат. Но, во тој период многу кумуваше крајно бескруполозната грчка, бугарска и српска пропаганда, а особено бугарската пропаганда меѓу Македонците, која, за жал, не минуваше без влијание, предизвикувајќи заблуда, поделба, раздор и други негативни последици.

Во периодот кога почна да излегува весникот ,,Народна волја“, Македонскиот народен сојуз МНС беше променет во Македонско-американски народен сојуз во САД, (МАНС), а во Канада беше основан Македонско-канадски народен сојуз (МКНС), со седиште во Торонто, каде што бројот на Македонците беше значително поголем. Соработката меѓу сојузите не беше нарушена, бидејќи тие суштински останаа исти, со таа разлика што нивната дејност беше повеќе свртена кон внатрешните прашања и проблеми на членството, со цел дасе избегне можноста да бидат обвинувани како изразито левичарски организации.

Сојузот во Канада почана да го издава весникот ,,Ново време“, чија содржина беше идентична со онаа на весникот ,,Народна волја“, како што беа идентични и целите и задачите на МАНС во САД со целите и задачите на МКНС во Канада.

До Втората светска војна, бројот на Македонците во Австралија беше само неколку илјади. Меѓутоа, по војната овој број рапидно се зголемува, бидејќи, речиси, цели села од егејскиот дел на Македонија, како и од Битолско, Охридско, Преспанско и од други делови на Македонија се преселија во Австралија.

Треба да се истакне дека првите македонски доселеници во Австралија наишле на големи тешкотии, бидејќи биле, главно, работници по фармите и имале тешкотии поради тоа што во тоа време и самата Австралија била многу поназад од сегашниот економски и политички просперитет. Исто така, нивните маки биле големи и поради незнаењето на англискиот јазик, затоа тешко можеле да контактираат со австралиското население и да се вклопат во тамошниот живот, Како резултат на тоа, голем број од нив живееле изолирано и осамено.

Меѓутоа, оние Македонци кои останале да живеат во поголемите индустриски центри, почнаа да се групираат, со што се појавија т.н. македонски клубови и други катчиња во кои се собираа доселениците. Всушност, тука почанаа првите активности на Македонците во Австралија, кадешто се поставени темелите на првите македонски организации. Во клубовите се читаа македонски весници на иселениците во САД и во Канада, кои настојуваа да го прошират своето влијание и во Австралија.

Во Австралија, меѓу првите организации кај Македонците беше разгранокот на МПО во кој пристапија повеќемина доселеници од егејскиот дел на Македонија, кои беа и најбројни во тој период, а кои сметаа дека со членувањето во оваа организација ќе ѝ служат на својата поробена татковина. Меѓутоа, набрзо се разоткрива дека МПО е антинационална организација, па затоа голем број од нив ја напуштија.

Така, Македонците во Австралија почнаа да го бараат вистинскиот пат за подобро организирање на општествено-културен и национален план. Веќе на 18 септември 1941 година во Перт беше формирано првото македонско прогресивно друштво во Австралија под името ,,Единство“ во кое се зачеленуваа, главно, млади луѓе со патриотски и прогресивни идеи, чии цели беа да се организираат игранки, вечеринки, а со тоа да ги соберат Македонцие во тие далечни простори. Повеќе членови од ова друштво, кои беа верни на Македонија и на нивната втора татковина Австралија, станаа и војници во австралиската војска.

Продолжува

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top