Дијаспора

Во Сиднеј: ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО“

Cento. 4

Cento. 4

На 16 септември Литературното друштво „Григор Прличев“ во соработка со Македонското прилепско друштво „Методија Андонов Ченто“ во просториите на Спортскиот центар „Илинден“ во Рогдаел беше промовирана книгата „Методија Андонов Ченто“ од  новинарката и публицист Фиданка Танаскова.

Модераторот на програмата Оливер Димоски, како претседател на Прилепското друштво „М.А.Ченто“, ги запозна присутните со авторката Фиданка Танаскова која како новинар во „Нова Македонија“ често пати пишуваше за Македонците во Дијаспората. Исто така ја прочита и пораката од Фиданка која ја испрати по повод промоцијата: „Драги мои Македонци, нас големи далечини нѐ разделуваат преку континенти, мориња и океани. Ние овде во древна Македонија, вие со гордо име македонско век-векувате во вашиот втор дом во далечна, пријателска Австралија. Но, нас нѐ спојува родот, името, коренот, јазикот наш македонски, книгата, песната и љубовта едни за други и кон татковината. Во мислите, во срцата, во душите, иако сме на две страни од светот ние сме блиски и во добри, убави, радосни и славенички, како и во тешки денови и моменти. Значи, ние сме едни крај други и едни за други каде и да не однеле судбините и божјите патишта.

Неизмерно сум среќна, горда, задоволна и исполнета со радост и восхит што, еве, можам да ви се обратам на овој собир, на промоцијата на книгата што ја напишав за големиот Македонец Методија Андонов Ченто. Ве поздравува, почитува и сака Фиданка Танаскова од главниот македонски град. Да сте ми здрави, живи, среќни, весели, успешни и горди и во Сиднеј и во цета австралиска земја. За вечни времиња да си наша Македонијо, земјо библиска.“   

Cento. 1

Промотор на книгата м-р Душан Ристевски зборуваше за животот и значењето на делото на Ченто како и за авторката Фиданка Танаскова која во 90-сеттите години се зафати да испитува и  да пишува за тогашната табу тема,   во нималку  лесни околности  со  упатувани  уцени  и закани, ама таа не попушти, како вистинска прилепчанка, туку  издржа и го објави ова дело за да остане како трајно сведоштво и за генерациите и  за времињата идни.

Душан нагласи дека „Методија Андонов Ченто, револуционерот, државник и родољуб, останува во историските хроники  како еден од втемелувачите на македонската независна држава,  бескомпромисен борец за национално ослободување на македонскиот народ и за обединување на Македонија. Неговиот живот е колаж од битки, триумфи, непокор, до наместени бегства, деградација, монтиран судски процес, тешки осаменички затворски години и рано заминување од овој свет.Неговата порака беше секогаш: Македонија на Македонците!“

Тој исто така нагласи дека „авторката Фиданка Танаскова беше најзаслужената што го врати на „сцена“ делото на Ченто. Ова дело донесува факти не само за делото на Ченто туку и за системот каде владееше само едноумието и едногласието. Книгата е напишана, како што забележал Блаже Ристовски, „читливо, занимливо и уверливо, богато илустрирана“. За автентичноста на ова дело, Стојан Киселиновски ќе забележи, „зборот секогаш треба да биде вистина, а вистината секогаш да се изразува преку ненавреден збор“.

Инаку книгата прв пат се издаде во 1990 година од редакцијата на „Нова Македонија“ а неодамна повторно се издаде на македонски, а за прв пат и на англиски јазик од Литературното друштво „Григор Прличев“ со финансиска поддршка од Прилепското друштво „М.А.Ченто“ и донаторите: Златко Игески, Владо Неделкоски, Вангел Гелевски, Тоде Кабровски, Кирил Циревски, Доста Бошеска, Др Златко Ефтимов, Др Павле Златевски и преведувачката служба „Македон“. Книгата на англиски јазик беше преведена од познатиот писател Ристо Стефов од Канада. 

1Ivan Tr1 Иван Трпоски

Најново од: Дијаспора

Михајло (Мајкл) Пупин – светски научник со македонски корени од Вевчани

Михајло Идворски Пупин бил професор на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тој бил научник кој, во текот на својата експериментална работа, го задолжил светот со своите откритија на полето на безжичната телеграфија и телефонија, како и рендгенологијата, а имал и големи заслуги за развојот на електротехниката. За својата работа Михајло Пупин добил многу научни признанија и […]

На 2 ноември 1984 година – Весникот „Македонија“ во Торонто, македонски збор далеку од татковината

Излегувањето на првиот број на весникот „Македонија“ во Торонто е значаен датум во историјата на македонскиот иселенички печат и во негувањето на јазикот, културата и врските со татковината. На 2 ноември 1984 година, во Торонто, Канада, излегол првиот број на весникот „Македонија“, наменет за Македонците во Канада. Потоа весникот излегувал редовно, секој 15-ти во месецот, […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Покана за промоција на антологијата „Илинден во нашите срца“ во Скопје

Поезијата на Македонците од Австралија пред домашната публика – на 14 октомври, во 19:30 часот, во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Агенцијата за иселеништво и Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје упатуваат покана за промоција на поетската антологија „Илинден во нашите срца“, со песни од членовите на Литературното друштво „Григор […]

Македонците во Њујорк го кренаа знамето среде дожд и невреме за 35 години независност

Можат да се обидуваат да нè избришат. Но, и во еден ваков бурен и мрачен ден… ние сме тука. Над сто Македонци и пријатели на Македонија се собраа во срцето на Њујорк, покажувајќи дека љубовта кон татковината е посилна од дождот и невремето. На 26 септември 2026 година, и покрај дождот и силното невреме што […]

Никола Тесла – светски научник чии пронајдоци ја променија модерната цивилизација

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“ Никола Тесла беше научник, […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Браќа и сестри Македонци, каде и да сте!

Оваа порака доаѓа од вашата татковина – од Македонија. Од земја со древна историја, богата култура и дух што никогаш не се откажал. Вашата врска со Македонија е крвна, духовна и семејна. Таа тече низ јазикот што го зборуваме, писмото што го пишуваме, песните што ги пееме и спомените што ги носиме со себе. Тоа е […]

To top