Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“
Никола Тесла беше научник, истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката, познат како татко на наизменичната струја и бројни футуристички пронајдоци, патриот, борец за мир и братољубие меѓу луѓето и народите.
Никола Тесла е роден на 10 јули 1856 година во селото Смиљан, во Лика, денешна Хрватска, тогаш во составот на Австриската Империја. Потекнувал од српско православно семејство. Неговиот татко Милутин Тесла (1819–1879) бил православен свештеник, а мајка му Георгина, позната како Ѓука, потекнувала од семејството Мандиќ. Имал брат Дане и три сестри: Милка, Ангелина и Марица. Во 1891 година Никола Тесла добил американско државјанство.
Меѓутоа, според повеќе истражувања, потврдено е дека семејството на Никола Тесла е од селото Извор кај Богомила, во Македонија. Така и прекарот Тесла, односно Тесличкови го добиле по дедото од татко му на Никола роден во село Извор, Велешко.
Никола Тесла често со роднините се допишувал и на српско-македонски јазик. Исто така и неговиот најблизок соработник, Михајло Пупин, кој беше со македонско потекло од фамилијата Пупинови од Вевчани, Струшко, во исто време се допишувал со фамилијата како и Никола Тесла и на македонски јазик. Пупин праќај писма, пакети, испратил како негов поклон и камбанарија за црквата во неговото село Вевчани, како и ја подалир познатата камбанарија во дворот на црквата Св. Климент во Охрид.
Инаку Никола Тесла и Михајло Пупин заедно работеле на првата хидроцентрала во светот и градење на првата дистрибуција со далноводи, сега таа мрежа е светска. Ако појдете кај Нијагара, упатете се кон долгиот мост – границата помеѓу Канада и Соединетите Американски Држави. Таму биле лабораториите, архивите, писмата до своите роднини и сѐ друго.
Интересно е да се спомене дека на порталот „Македонска нација“ од Скопје е објавена фотографија на Никола Тесла со македонска народна носија во својата младост, некаде околу 1880 година. А во прилог на објавата пишува: “Никола Тесла важи за најголемиот, најповлечениот и најслабиот по здравје од сите гении“.
Од пишаните документи се знае дека Никола Тесла е светски научник, истражувач и пронаоѓач на полето на електрониката и радиотехниката, познат е како татко на наизменична струја и бројни футуристички пронајдоци.
Никола Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електромагнетизмот кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Патентите на Тесла и неговата теориска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на неизменичката струја, вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните), како и на индукционион мотор, со кој се претвора во предводник на Втората индустриска револуција.
Голем дел од неговата научна работа ќе стане основа за модерното инженерство, а многу од неговите откритија се од непроценлива важност за развитокот на модерната цивилизација. Во текот на овој период, во САД, славата на Тесла била споредлива само со онаа на најголемите научници во историјата или ѕвездите на популарната култура, но како резултат на неговиот ексцентричен карактер и неверојатни, понекогаш и фантастични тврдења за можни научни и технолошки откритија, Тесла на крајот завршува исмеан и обележан како луд научник. Никогаш не грижејќи се за пари, Тесла умира осиромашен и заборавен на возраст од 86 години.
Во пишаните биографски податоци за Никола Тесла е забележано дека тој школувањето го започнал во родното место во селото Смиљани, во Лика, каде ги поминал најбезгрижните денови на својот живот. По несреќниот случај, кога на фамилијата Тесла им загинува прворедениот син Дане, фамилијата се сели во Госпиќ, каде младиот Никола го продолжува школувањето.
Никола го измачувал фактот дека по завршување на гимназијата во Карловац ќе треба да ја продолжи фамилијарната традиција и да стане свештеник. Тоа не му давало мир, бидејќи искрено го интересирале природните науки. По завршување на карловачката гимназија, Никола се враќа во Госпиќ и се разболува од колера. Меѓутоа, во 1875 година Никола се запишал на Вишата техничка школа во Грац. Потоа, во 1879 година почнува да работи како помошник инженер во Марибор.
Истата година умира татко му и за да ја исполни неговата желба да заврши факултет, 1880 година, Никола запишува факултет во Прага. Годините кои следат претставуваат значаен период во неговата кариера. Така, по работата во Будимпешта во Централниот телефонски уред, следел пронајдокот обртно магнетно поле во февруари 1882 година.
Истата година по препорака од своите претпоставени се вработува во Париз во Едисоновото континентално друштво. Тука поминал две години на многу одговорни работи. Неговата умешност не можела да помине не забележано, па е препорачан и на самиот Едисон. Во тоа време Едисон бил најзначајната личност во техниката во САД, херојот на електриката, кого цела нација го славела. Тој на Никола му дал работа во својата лабораторија во Њујорк во 1884 година, но нивната соработка не траела долго.
Во Њујорк започна името на Никола Тесла да се извикува гласно, со голема почит што овој човек ја заслужуваше. Како резултат за тоа, по доаѓањето во САД и постигнувањето на видните научни резултати, здруженија, студентски и инженерски организации започнаа да го чуваат споменот на великанот на светската наука.
За него се напишани многу книги и раскажани разни можни и невозможни теории, но само една е вистината. Никола Тесла беше голем научник, човек без чии пронајдоци тешко би можеле да живееме онака како живееме денес, со многу комфор и слобода што ни ги пружа електричната енергија. Наша должност е да не дозволиме да се заборави неговото име.
По предавањето “Нов систем на мотори и трансформатори на наизменична струја“ кое го одржал на 16 мај 1888 година пред Американскиот институт на електроинженери (AIEE), Никола Тесла добил понуда од компанијата “Westinghouse“ за откуп на патентите од областа полифазна струја.
Научното постигнување на Никола Тесла е многу големо, но ние ќе потенцираме дел од неговото постигнување. Имено, запишано е дека во еден подолг период Тесла работел на практична примена на своите пронајдоци со инженерите од “Westinghouse”.
Сам, без фамилија и само во друштво со неколку пријатели, Никола Тесла ретко се појавувал во јавноста во доцните години од својот живот. Исклучок била посетата на Крал Петар II Караѓорѓевиќ кој дошол да се запознае со Никола Тесла во јуни 1942 година во хотелот “Њујоркер“. Потоа, на 7 јануари 1943 година, престанало да чука срцето на овој племенит научник. Потоа, во катедралата на “Свети Јован Богослов“ на 12 јануари 1943 година, на неговиот погреб, се собрале 2.000 луѓе, меѓу кои имало голем број научници, светски признати имиња од областа на електротехниката, југословенски дипломати и други. Денес посмртните останки на една од најзначајните личности на минатиот век се наоѓаат во музејот на Никола Тесла во Белград.