Фељтон

ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНСКА ИСКРА“ ВО АВСТРАЛИЈА – ПРВИОТ ГЛАСНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (3)

1isks1

1isks1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Преку информативните гласила во новите средини Македонците ги збогатуваат своите национални вредности со помош на културните институции во новите средини и на тој начин го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвото. Затоа, во продолжение ќе презентираме дел од медиумите во Австралија

            1. “Македонска искра” (1946-1957) – Перт. Едно од најзначајните македонски информативни гласила во дијаспората бил весникот “Македонска искра”, кој е прв македонски иселенички весник во Австралија. Тој започна да се печати на 11 октомври 1946 година, на денот кога се отвори нова славна страница во историјата на македонскиот народ во борбата за слобода и независност. Весникот беше орган на Македонско-австралискиот народен сојуз (МАНС). Се печател еднаш месечно, а неколку пати излегувал како двоброј во периодот од десетина години. Повеќе од една година се печатеше во Перт, потоа во Сиднеј, а од 1952 година до неговото згаснување во јануари 1957 година во Мелбурн.

По бројот на страниците “Македонска искра” бил мал весник – најчесто излегувал на 4 страници, а подоцна и бројот и формата на страниците се зголемувале. Целта и задачите на весникот “Македонска искра” биле да го запознава австралискиот народ и општеството со македонската имиграција во Австралија, со Македонија и македонскиот народ, како и да ја обедини и собере македонската имиграција околу МАНС. Уредници на весникот биле прогресивни Македонци од егејскиот дел на Макеоднија. Весникот се печател на македонски јазик со латиница, освен насловот кој секогаш бил со кирилица. Одделни статии биле фотокопирани од некои весници печатени со кирилица или печатени во Република Македонија. “Македонска искра” се печатеше во тираж од 600 примероци за првиот двојно се зголеми тиражот на вториот, за подоцна да се зголеми на неколку пати.

            2. “Илинденско востание” (1951-1952) – Мелбурн. По повод 48-годишнината од Илинденското востание, на 18 август 1951 година, во Мелбурн излезе пригодно издание под име “Илинденско востание”. Тоа е отпечатено на македонски јазик, на Леринско-костурски дијалект и на англиски јазик, на две големи страници на формат 29 х 42 см., како орган на Македонско-австралискиот народен сојуз, огранок во Мелбурн.

Во август 1952 година е отпечатен уште еден број од “Илинденското востание”. Тоа е специјално издание по повод прославата на Илинденското востание и свикувањето на Четвртата конференција на МАНС. Тој број има само две страници, на кои преовладуваат текстови сврзани со Илинденското востание, фотографии, песни, вести,  соопштенија  за одржувањето на конференцијата на МАНС на 2 и 3 август истата година.

           1isks12

3. “Македонски глас” (1957-1958) – Сиднеј. По престанувањето на првиот македонски весник “Македонска искра” во јануари 1957 година, во февруари истата година, како двоброј за февруари и март во Сиднеј се појави “Македонски глас”. Весникот излегувал како двоброј, макар што беше најавено дека ќе излегува еднаш месечно. Во првата година се издадени пет броја и тоа покрај вториот април-мај, третиот за јуни-јули, четвртиот за август-септември, петтиот за октомври-ноември. Во втората година е отпечатен шестиот број за декември – јануари, а по подолга пауза во јуни 1958 година е отпечатен последниот седми број. Весникот се печати на среден формат 28,5 х 44,5 см. Со латиница. Само главата на весникот односно клишето, е со кирилица, на кое стои дека е ова единствен македонско-австралиски комерицјален и социјален весник.          

Бројот 7 од јуни 1958 година е последен отпечатен “Македонски глас”. Тој е печатен на 4 страници, исто формат и ист квалитет на хартијата. Во него е даден пригоден текст по повод завршувањето на 7-та конференција на МАНС со извештаи од повеќе членови, кои зборуваат за проблемите, значењето, перспективите, обврските и финансирањето на весникот, а е поместена и Резолуцијата.

            4. “Хисториски билтен” (1959). Во почетните години на организираното живеење во далечна Австралија, одвреме-навреме се печатеа некои изданија по повод некој настан, за да се објави некое соопштение, или да се прокоментираат некои прашања. Едно од таквите гласила во Мелбурн е таканаречениот “Хисториски билтен”. За разлика од претходните билтени тој има форма на весник 36 х 74 см.          

На првата страница од “Хисториски билтен” е поместена фотографија од Македонската православна црква “Св.Ѓорѓи” од Мелбурн, со текст дека темелот за црквата е поставен и дека се бара материјална помош од сите Македонци без разлика од кој дел доаѓаат. Во продолжение е поместено официјалното соопштение за изградбата на црквата и тоа: на македонски латиница и кирилица исто и на англиски јазик, како и текстот по повод 56-годишнината од Илинденското востание. На англиски јазик, пак, се поместени текстовите под наслов “Македонската народна илинденска епопеја” и Меморандум и текстови на асоцијацијата на Македонската православна црква”.

Прололжува

1sla3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top