Македонски легенди

Алекси Рилец

1de213

1de213

Алекси Рилец (1760 – 1850) е архитект, мајстор градител и резбар од Македонија. Тој е припадник на Дебарската (Мијачка) резбарска школа. Познат е по неговата работа на возобновување и одржување на Рилскиот манастир, кој бил основан во текот на 10 век од страна на Св. Јован Рилски.  

Алекси Рилец е роден во 1760 година во село Лазарополе. Занаетот го научил во родното Дебарско и работел како резбар на многу места во Македонија. Во 1784 година пристигнал во селото Рила за да учествува во изградбата на Рилскиот манастир откако бил ограбен и запален од Турците во 1765, 1768 и 1778 година.  

Рилец учествувал и во проширувањето на Хреловската црква (1784 г. – 1792) и околните манастирски згради – црквата „Свети Лука“ (1796), Костница (1794 – 1795), метохот Пчелино, метохот Орлица, доградбата на црквата „Свети Архангел Михаил“ во село Рила и други. 

Алекси Рилец се оженил во Рила со пејачката Марија Јагоридкова. Во 1783 година се родил нивниот син Димитар Рилец, кој го основал првото ќелијно училиште во село Рила. Меѓу старите куќи во селото е и ќелијното училиште на неговиот син Даскал Димитар, прогласено за архитектонско-историски споменик и прадедовската куќа, прогласена за споменик на културата.  

Во периодот од 1783 до 1815 година,  Рилец учествувал во изградбата на делови од светогорските манастири и државни објекти. Веќе со титула „архитект“, 56-годишниот Алекси Рилец бил повторно поканет во 1816 година да ја проектира и надгледува изградбата на источното, северното и западното крило на Рилскиот манастир. Истите биле завршени во 1819 година, за што сведочат трите спомен-плочи на кои покрај неговото име се појавуваат имињата на игумените Јосиф и Теодосиј.

Рилскиот манастир има уникатна архитектура. Однадвор личи на тврдина. Манастирот блеска со својот гигантски редослед на носечки столбови, со величественото сложено моделирано тело на структурално и архитектонски уникатната магерница (манастирска кујна), висока 24 метри, како и со прекрасно дизајнираните одаи и монашки ќелии. Додека надворешната фасада е строга и студена како карпестите џинови на планината и Хреловата кула (1335), внатрешната, во целосна спротивност со неа, блеска со белина, свежина и бои.

Во 1819 година Алекси Рилец го извајал и го подарил Владичкиот трон на црквата „Свети Архангел Михаил“, учествувал во изградбата на црковниот анекс на „Стара постница“ (1820) и други. 

По разорниот пожар во 1833 година, Алекси Ралец, на 73 години, по трет пат се соочил со урнатините на манастирот. Во 1834 година тој повторно ја предводел неговата реставрација, градејќи огноотпорни ѕидови, што го проектира пред ѕидовите и над покривот.  

Мајсторот Алекси кој во последните 14 години, се стекнал со нови искуства, со оглед на зголемените барања, презел храбри чекори за да го направи манастирот уште повеличествен.

Рилскиот манастир во 1983 година е признат за споменик на светската култура од меѓународната организација „УНЕСКО“.

Алекси Рилец починал во село Рила во 1850 година. 

1Tihomir Подготвил: Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top