Фељтон

ИНФОРМАТИВНИТЕ ГЛАСИЛА ВО АВСТРАЛИЈА – ЗНАЧАЕН ИЗБОР НА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА (7)

1vistin1

                                         1vistin1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Преку информативните гласила во новите средини Македонците ги збогатуваат своите национални вредности со помош на културните институции во новите средини и на тој начин го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвото. Затоа, во продолжение ќе презентираме дел од медиумите во Австралија

            22. “Весник” (1976- )..  Првиот број на “Весник” се појавил на 2 август 1976 година на 4 страници, на голем формат 9 30 х 45 см.како орган на Македонската општина. Тој е продолжение на гласилото “Македонски општински весник”, што се појавил во 1975 година. Се печати на македонски јазик, во почетокот со латиница,а потоа со кирилица, а има материјали и на англиски јазик. Во декември 1976 година се појавил вториот број. Тој е отпечатен на 6 страници, на исто формат како првиот број, кој со мали измени го има зачувано до денес.           

Број 4 на “Весник” е отпечатен на 25 декември 1977 година, на ист формат и број страници како и претходните. Во него на англиски јазик е поместена Божиќната порака, а на македонски јазик материјалот за расцепот на Македонската црква “Св. Никола” од Перт, потоа писма и други информации во врска со немилите настани, ;текст за Македонците и нивните човекови права, како и активностите на играорната група, Македонскиот радио-час и спортската секција во Перт и активностите во македонските колонии во Мелбурн, Аделајд, Вулунгонг и Сиднеј.

            23. “Глас на Македонците” (1977 – ). Гласилото е орган на Австралискиот поткомитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ). И покрај тоа што не е наведен датумот на излегувањето на првиот број, од содржината може да се претпостави дека всушност е отпечатен во Сиднеј, Нов Јужен Велс, во октомври 1977 година. Весникот е отпечатен на македонски јазик, на 16 страници, на формат 21 – 29 см., но не е дадено кој го уредува гласилото.  Инаку, во наредните години ова информативно гласило се печати во вид на списание од 20 до 32 страници на формат 21 х 29 см. Се печати на македонски јазик со кирилица, а има позајмени текстови и на англиски јазик.          

Бројот 56 е отпечатен во февруари 1987 година. Тој е на ист формат како и претходните броеви, но на 24 страници. Во него се застапени текстови во врска со црковното живеење во Сиднеј и осветувањето на Македонската православна црква “Св. Никола” во Камбрамата, потоа материјал за Македонија, за културното живеење на Македонците во дијаспората, како и за црковното живеење во Македонија и поставувањето на новиот поглавар г.г. Гаврил.

            1vistin12

24. “Сонце” 1977).   Детскиот весник “Сонце” скромен по својот квалитет, за првпат се појавил во 1977 година, а го печати Осумгодишното училиште во Њутаун, населба во Сиднеј. Тој е пишуван на македонски јазик и на 22 страници, на формат 16 х 20 см., чиј уредник е наставникот Ѓорѓи Ѓорѓиев.  Во кусиот вовед, покрај другото, се вели: Списанието “Сонце” за првпат е издадено во учебната 1977 година, кога македонскиот јазик се предаваше во државното основно училиште во Њутаун како еден од мултикултурните јазици во тоа училиште.          

Ист ваков број е репродуциран во 1988 година, кој всушност ги содржи истите материјали како и бројот од 1977 година.

            25. “Македонски спорт” (1978).  Ова е прво спортско списание во Австралија, а и пошироко меѓу македонското иселеништво. Тоа започна да се печати 1978 година. првиот број е отпечатен на македонски јазик со кирилица и на англиски јазик, на осум страници на формат 21 х 29,5 см., како орган на Спортското друштво “Престон-Македонија.

28. “Илинденски поздрав” (1980).  Ова е всушност, избор на текстови на англиски јазик кои се однесуваат на Македонија и на македонскиот народ во сите делови на Македонија. Летокот односно изборот е отпечатен во Перт во август 1980 година), на 14 страници на формат 20 х 33 см. со исклучок на неколку текстови на македонски јазик, по големиот број се само фотокопија и се дадени во оригинал на англиски јазик.

            26. “Македонија – седмичен гласник” (1982 – ).  Весникот “Македонија” е седмичен гласник и денес излегува секој вторник. Првиот број се јавува на 3 август 1982 година и до крајот на 1991 година се отпечатени 381 број. Првиот број е отпечатен на среден формат (29 х 42 см.) на 16 страници. Единствено е модофицирана главата на весникот која во минатото беше на македонски и со кирилица, денес е на англиски. Се чини, весникот “Македонија” како неделник на македонски јазик, најдолг период излегува во Австралија, а и пошироко.

            27. “Искра” (1983 – 1984).  Едно од позначајните македонски гласила во Австралија и општо меѓу иселеништвото беше списанието “Искра” од Аделајд, Јужна Австралија. Се печатеше на литературен македонски и на англиски јазик и претставуваше вистински светилник и афирматор на македонската историја и култура. Тоа е резултат на новоформираното Македонско културно друштво “Искра”, конституирано во ноември 1982 година.

Списанието “Искра” излезе во почетокот на 1983 година, како гласило на Друштвото и на Македонската православна општина за Аделајд и Јужна Австралија “Свети Наум Охридски”.  Името на списанието ја симболизира вековната борба на македонскиот народ и неговата незгасната и постојана верба во едно посветло и посреќно утре, за целосна национална, црковна и социјална слобода. Првиот број е печатен на 66 страници 30 х 21 см., односно 70 страници заедно со кориците.  Четвртиот број се отпечати во 1984 година на 74 страници без кориците и е посветен на АСНОМ и 40-годишнина на македонското самоопределување.

Прололжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top