Фељтон

ИНФОРМАТИВНИТЕ ГЛАСИЛА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД (15)

1globi1

1globi1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

Публикацијата, пак, „Македонците во Светот“ од Слааве Катин, која е во издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје и Фондацијата „Џорџ Атанасоски“ од Прилеп излезе од печат во 2021 година Таа претставува значајна и своeвидна документација за одбрана на националното, духовното и културното битие на Македонецот во светот.

Ова дело  е обид да се осветли иселеничката одисеја на Македонците во САД, Канада, Европската Унија и Австралија и да се остави неизбришлива трага за нивното постоење и активности во државите во кои несебично ги вградиле своите човечки и интелектуални способности за развојот на македонската вистина во тие демократски општества. Публикацијата е отпечатена на 520 страници, на македонски јазик.

Таа, всушност, открива еден навидум познат, а, всушност, недоволно осознаен феномен на Македонците во дијаспората: способноста за нивното брзо адаптирање и интегрирање во новата средина; изостреното чувство за прифаќање на новите општествени норми и стандарди и успешното вклучување во новите економски, социјални културни и други процеси. Таквиот modus vivendi им овозможува да го свртат вниманието на тамошниот естаблишмент врз сопствените цивилизациски вредности и врз својот автентичен геокултурен автопортрет, со кој Македонецот е препознатлив, речиси, на сите меридијани.

           8. “ЦРКОВЕН БИЛТЕН” (1981 –) – ДЕТРОИД. Првиот број на ова гласило бил печатен како тримесечник за август, септември, октомври 1981 година во Детроид, на 12 страници и на формат 13,5 х 21 см.  Тој е орган на црквата “Раѓање на Пресвета Богородица” од Детроид. Секоја година се печатат по неколку црковни билтени.

           9. “ЦРКОВЕН БИЛТЕН” (1983-1986) – ЧИКАГО. Во 1983 година во Чикаго започна издавање на Црковен билтен како тримесечник на 20 страници и на формат 13,5 х 21,5 см. Тој се печател во рамките на Црквата “Св. Кирил и Методиј “ и од него се отпечатени 11 броја.

           10. “АЛМАНАХ” (1988) – РОЧЕСТЕР.  По повод 10-годишниот јубилеј од осветувањето на Македонската православна црква “Св. Димитрија” во Рочестер, на 21 август 1988 година е издаден годишен “Алманах”. Тој е отпечатен на 100 страници на формат 21,5 х 27,5 см, на македонски јазик со кирилица, а само некои од документите се на англиски јазик.

           11. “МАКЕДОНИЈА НИЗ ВЕКОВИТЕ” (1992) – ОРМОНД БИЧ.  Во издание на Македонскиот светски конгрес со седиште во Ормонд Бич во Флорида, во 1992 година се појави брошурката под наслов “Македонија низ вековите”. Таа е печатена на англиски јазик на 16 страници, со формат 14 х 22 см, која содржи материјали во одбрана на македонската историја и јазик.

           12. “ГЛАСНИК” (1996) – ЛОРЕИН. Во рамките на црковната општина “Св. Климент Охридски” во Лореин, во текот на 1996 година било отпечатено верското гласило “Гласник” на формат 28 х 21,5 см на 16 страници. Тоа било со религиозни текстови.

13. “СВЕТ КОПНЕЖ” (1996) – ЛОРЕИН.  И ова гласило е отпечатено во рамките на Црквата “Св. Климент Охридски”. Тоа е печатено на мал формат, 21,5 х 14 см, на 12 страници и има религиозен карактер.

            14. “ВЕСНИК” (2000) – КЕНТОН. Во март 2000-та година, во рамките на Црквата “Св. Никола” во Кентон бил печатен месечникот “Весник”како гласило на црквата. Во него се дадени текстови од религијата и од активностите на црквата.

            15. “МАКЕДОНСКИ ФЕСТИВАЛ” (1995 –) – ДЕТРОИД. На 11 јуни 1995 година, по повод Вториот македонски фестивал што го организирала Св. Богородица од Детроид било отпечатено ова пригодно издание.  Во него се застапени спонзорите кои го помогнале фестивалот, а вакви изданија се печатат секоја година. 

            16. “БИЛТЕН” (1995 -) – ДЕТРОИД. Во рамките на Црквата “Св. Ѓорѓи Кратовски” од Фармингтон Хилс излегува “Црковен билтен”. Тој се печати на формат 21,5 х 27,5 см, на 32 страници и е исполнет со корисни материјали од религијата и општественото живеење.

           17. “МАКЕДОНСКИ МЕСЕЧНИК” (1999) – ЊУ ЏЕРСИ.  Македонската заедница во Њу Џерси го издала “Македонскиот месечник” на 14 страници мал формат. Тоа е прв младински весник и орган на Македонската младинска организација од Њу Џерси.

           18. “ДУХОВНА ИСКРА” (1996 – ) – СИРАЌУЗ. За октомври, ноември и декември 1996 година во Сираќуз излезе првиот број на “Духовна искра”. Изданието е печатено во рамките на американско-канадската македонска православна епархија. Во мај и јуни 1997 година е отпечатен вториот број.

1globi11

Македонски радија и ТВ часови во САД.

Првите обиди за започнување со радио програма кај доселениците од Македонија во САД се јавиле во 50-тите години. Првиот радио час на македонски јазик бил отворен во Гери – Индијана во октомври 1954 година, под име “Американско-македонски радио час”. Исто така, во Гери бил отворен уште еден радио час на 3 март 1972 година кој се емитува и денес.  Во 1977 година во Гери започна да се емитува уште еден македонски радио час кој престана во 1983 година. Во Детроид првиот радио час на македонски јазик започна во 1967 година под име “Југословенска програма”. Овој радио час се емитувал с# до 2001 година под името Радио програма “Оро македонско”.

Исто така, во Детроид се емитувале радио часови во 1972 година  под име “Југословенски радио час”, а во 1977 година започна со работа телевизискиот час под име “Балкан ТВ шоу”, а во 1980 година започна со работа “Југословенско-американската ТВ програма” која повремено се емитуваше с# до 2000-та година. Радио часот “Глас од Македонија” започна да се емитува во Детроид во мај 1975 година.

Во исто време започна да се емитува уште еден македонски радио час на “Станицата на нациите”, кој работел се’ до 1983 година. Во рамките на Македонската православна црковна општина “Св. Богородица” од 1985 година започна да работи радио часот “Македонски глас” кој се емитува и денес.  Во Детроид од мај 1986 година започна да се емитува радио часот под име “Југословенско-вардарска радио програма”. Денес оваа програма се води под името “Македонски радио час” од “Срце за срце”.  Во август 2001 година во Детроид започна со работа новата радио програма “Македонија”.

 Во рамките на црквата “Св. Ѓорѓи” во Сираќуз, во текот на 1973 година започнал да се емитува македонски радио час  кој работел с# до 1978 година.  Исто така, во Рочестер на 4 ноември 1984 година на патрониот празник на црквата “Св. Димитрија” започнал да се емитува македонски радио час, кој  и денес е еден  од активните.

Првиот македонски радио час во Њујорк бил отворен на 10 септември 1971 година. Тој е и денес еден од најактивните и најдобрите македонски радио часови на северно-американскиот континент. Исто така, во Њујорк во 1975 година започна да се емитува првата телевизиска програма на македонски и на српскохрватски јазик.

Прололжува

1SlaveK2Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top