САВО КОСТАДИНОВСКИ
Имињата на македонските манастири,
отсекогаш надалеку се слушале.
Дури и во времето кога непријателите
немилосрдно ги рушеле.
Манастирите ѕвонеле разгласено
во душата на секој Македонец,
зашто и Бог бил на нивна страна;
тој бескрајно голем свет борец.
Било да е Манастирот Лешочки,
„Свети Пантелејмон“ или „Свети Архангел“,
за нашата земја тие се
тоа што е за небото светиот ангел.
Неуништиви се македонските манастири.
Сите на оваа наша земја позната од искон.
Тие се сведоци на нашето постоење.
Тие се вечно разгласен ѕвон.