На прво место

Македонците ќе опстанат – со ЕУ или без ЕУ

Македонска Нација

Македонска Нација

Ниту поделбите, ниту негирањата, ниту туѓите уцени успеаја да ја избришат Македонија. Македонецот опстанал и кога бил оставен сам, затоа што македонското име не е политичка формула, туку вековна вистина. Македонија Вечна!

 

Преземено од ФБ-профилот на Розита Македонска Христовска, 28 јуни 2026 година

Не знам што ми требаше, но се зачитав по порталите и заглавив во коментари од Бугари кои со толку злоба и непристојни зборови пишуваат за нас Македонците, што успеаја да ме испровоцираат и јас да им одговорам на некои од нив. Потоа, очекувано, ме „нападнаа“ како оси.

За да не остане нешто недоречено, решив ова да го напишам и јавно, на мојот „ѕид“.

Ако некој смета дека во нешто не сум во право, слободно нека ме демантира или нека додаде свое мислење.

Овој текст е упатен до оние злонамерни поединци од Бугарија кои не пропуштаат прилика да го навредат македонскиот народ, македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската историја. Можеби токму таквиот однос најдобро покажува колку на дело се почитува таканареченото „добрососедство“.

За нас Македонците никогаш не било лесно. Ниту со Европската Унија, ниту без неа. Но едно е сигурно — ние сме народ кој научил да опстојува и во најтешките времиња. Поминале војни, сиромаштија, поделби, негирања и притисоци, но Македонија не исчезнала. Македонецот не исчезнал. Македонската мисла не исчезнала.

Затоа, секој што мисли дека со навреди, потценување или политички притисоци може да ја избрише македонската посебност, се лаже. Историјата многупати покажала дека Македонија можела да биде делена, оспорувана и притискана, но не можела да биде уништена.

Бугарија треба да се соочи и со својата историја. Во Втората светска војна Бугарија беше сојузник на Хитлерова Германија, а не Македонија. Тоа е факт кој не може да се покрие со современи политички флоскули. Затоа, пред некој да држи лекции за европски вредности, мора прво чесно да погледне во сопственото историско огледало.

Денес некои се претставуваат како големи Европејци, но европски вредности не се градат со омраза, негирање и навреди. Европски вредности значат почитување на народите, нивниот јазик, култура, достоинство и право на самоопределување. Ако тие вредности важат за сите, тогаш мора да важат и за Македонците.

Македонија е големо име. Преголемо за оние што со векови се обидуваат да го присвојат, да го избришат или да го сведат на туѓа фуснота. Тоа име не е само географија, туку историја, паметење, болка, гордост и идентитет.

Македонската приказна очигледно им пречи на многумина. Им пречи затоа што сведочи за народ кој, и покрај сите удари, не се откажал од себе. Им пречи затоа што Македонците постојат, зборуваат македонски, се чувствуваат Македонци и ја сакаат Македонија.

Истите големи сили кои во 1913 година, со Букурешкиот договор, ја поделија Македонија и ги распарчија нејзините делови меѓу соседите, никогаш немале вистинска грижа за македонскиот народ. Тие секогаш гледале интереси, карти, влијанија и договори. Денес историјата само се повторува во нова форма.

Затоа пораката е јасна: оставете го македонскиот народ на мир. Оставете ја Македонија да живее, да се развива и да го чува своето име, својот јазик и својот идентитет.

Никој нема право да ни кажува кои сме, што сме, како треба да се нарекуваме и каква историја смееме да имаме. Тоа право не го добиваме од туѓи престолнини, ниту од меѓународни договори, ниту од политички уцени. Тоа право го носиме во себе како народ.

А оние што се декларираат како христијани, особено како православни, треба да се потсетат дека христијанството не е омраза, негирање и понижување на другиот. Христијанството е љубов, вистина, смирение и почит. Без тоа, верата останува само празна форма.

Македонците немаат потреба никому да се правдаат што постојат. Ние сме биле, сме и ќе останеме Македонци.

Македонија ќе опстане.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top