Фељтон

ВЕСНИКОТ „МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“ ЕДЕН ОД НАЈЗНАЧАЈНИТЕ ГЛАСИЛА ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО (21)

1mnn1

1mnn1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН

9. “Македонска нација” (1971-1990) – Минхен. Гласилото “Македонска нација” е регистрирано како независно списание за општествени прашања и култура, како двомесечник и се печати во Минхен. Првиот број е отпечатен на 30 јануари 1971 година (како двомесечник за јануари – февруари), во почетните броеви како независно гласило, а потоа како орган на Движењето за ослободување на Македонија (ДОМ) и на Народноослободителниот фронт на Македонија (НОФМ). Се печатеше на македонски јазик на триесетина страници, на формат како списание на 21 х 29 см. Главата на списанието е на македонски јазик, меѓутоа се менува бојата на секое клише.

Бројот 92 од 1990 година на “Македонска нација” се јавува како орган на НОФМ и е последен.

Весникот „Македонска нација“ стана чувар на македонските традиции, јаик и култура, чувар на македонскиот идентитет. Тој беше извор на вистината за македонската трагедија но и сведок на македонскиот непокор. Затоа „Македонска нација“ со нетрпение беше очекуван и со радост беше читан, препрочитуван и раскажуван меѓу македонската емиграција распослана на сите страни на светот.

Целите на гласилото „Македонска нација“, покрај другото, беа да ги заштити националните интереси на целокупниот македонски народ; да води борба за извојување национални права и слободи за Македонците под власта на Грција и Бугарија; да подготвува терен за обединување на трите дела од распарчена Македонија во единствена македонска национална целина; да работи за побогат духовен, културен и политички живот на Македонците во туѓина и да ја шири во надворешниот свет вистината за Македонија и македонскиот народ, притоа, разобличувајќи ги лагите и клеветите што ги шират балканските националисти и империјалисти.

Притоа, името на гласилото јасно го оцртувало неговиот општ македонски национален карактер, односно дека тоа не беше орган на политичка партија, друштво или организација, туку беше широка национална трибина во која можеше да соработува секој Македонец кој сакаше да работи за доброто и среќата на својата нација.

Издавачите на „Македонска нација“сметаа дека на македонската национална кауза може да и служи секој чесен Македонец без разлика на неговите филозофски погледи, идеолошки убедувања или партиска припадност. Гласилото немало цел да биде ни антикомунистичко, ни комунистичко, туку натпартиско, една широка македонска национална трибина, што работеше на постигнување македонско единство.

            10. “Македонска трагедија” (1973-1975) – Минхен.  “Македонска трагедија” се печатеше на македонски јазик на ист формат како и списанието “Македонска нација” (21 х 29 см.). Во првиот број, а во продолжение и на вториот е текстот под наслов: “Повик на револуционерниот орган “Македонска трагедија” за организирано обединето движење на масакрираното тело на македонскиот народ на трите дела: приморскиот (егејскиот), вардарскиот и пиринскиот дел”.     

“Македонска трагедија” се појави како прилог на посебниот број “Обединета Македонија”, во Минхен од октомври – декември 1975 година како број 11, година ИИ. Тој е последен број на гласилото под ова име.

          1mnn11  11. “Обединета Македонија” (1975) – Минхен.  Во Минхен, Германија 1975 година се појави весникот ‘Обединета Македонија” како тримесечно издание (за октомври – ноември – декември). Тој е отпечатен на 14 страници на формат 31 х 47 см. на македонски, а има текстови и на англиски јазик. Издавач на весникот е Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ).

            12. “Наш лист” (1978) – Гетеборг.  Списанието “Наш лист”, всушност е првото име што го носат броевите од 1 до 9, а од бројот 10 до денес се печати под новото име “Македонски весник”. Првиот број излезе на 12 февруари 1978 година на 12 страници, на формат 21 х 29 см. на македонски јазик со кирилица. Тоа е информативен лист на друштвото на Македонците “Гоце Делчев” од Гетеборг. Клишето на главата е на македонски и на шведски јазик, лево е амблемот на друштвото, а во средината ликот на Гоце Делчев.

           13. “Македонски весник” (1979 – ) – Гетеборг.  Списанието “Македонски весник” започна да излегува на 12 февруари 1978 година, како информативен весник и периодична публикација на македонското друштво “Гоце Делчев” од Гетеборг под име “Наш лист”, а од двобројот 6 и 7 (септември и октомври) 1978 година, како орган на Интересната заедница на македонските друштва и клубови во Шведска. Првата година под името “Наш лист” се отпечатени 9 броеви, а од бројот 10 печатен во јануари 1979 година, списанието го менува името во “Македонски весник”. По Второто годишно собрание на Македонската интересна заедница во Шведска, од февруари 1981 година списанието започна да излегува како орган на Координациониот одбор на македонските друштва и клубови во Шведска.          

Првите броеви на списанието “Македонски весник” се печатени на 12 страници со скромни новинарски и технички можности. Меѓутоа, од број до број списанието се подобруваше и по обем и по содржина, израснувајќи денес во модерно и современо гласило, паралелно растејќи како што се развиваа друштвата и клубовите на нашите привремено вработени во Шведска.

Уште на самиот почеток списанието беше замислено како периодична публикација кое ќе излегува според потребите и можностите, а со цел членовите на друштвата и клубовите заемно да се информираат за работата на секциите, фолклорните групи и фудбалските екипи. Настојувањата беа да информираат и за актуелните прашања во Македонија и пошироко, а во тие рамки и за прашањата сврзани со правата и обврските на Македонците во Шведска.

Во исто време, а за поцелосно активирање на најмладата генерација на македонските граѓани во Шведска, почнувајќи од 1979 година, како додаток на „Макодонски весник“ се печати и списанието за деца „Снегулка”.

 Прололжува

1SlaveK2Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top