Фељтон

МЕДИУМИТЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИСТОЧНО-ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ (23)

1isel2

1isel2

Книгата “Македонскиот иселенички печат” од Славе Николовски – Катин е дело на НИО „Студентски збор“, Скопје,  отпечатена во 1903 годинае на 156 страници, на македонски јазик. Ова дело се појави на резултат на долгогодишна истражувачка работа на Славе Катин во областа на печатот и новинарството и достигнувањата на македонските иселеници во прекуокеанските земји – Австралија, Канада и Соединетите Американски Држави, како и во голем број европски земји.

Делото е подготвено со цел да пополни празнината во областа на печатот на Македонците надвор од нивната татковина, за периодот од сто години (1902 до 1992 година), се’ до конституирањето на Република Македонија кога стана самостојна суверена и независна држава.  Оваа дело има исто така за цел да биде од помош за новинари, културни, историски, политички, научни и други работници кои можат да  најдат голем број податоци во врска со активностите, ентузијазмот и достигнувањата на полето на новинарството на македонски иселеници во новите средини.

Посебмо место во публикацијата “Македонскиот иселенички печат” е посветено за медиумите на Македонците во источно-европските земји. Меќу другото е забележано следното:

Македонската емиграција, заедно со грчката, живееше и дејствуваше во рамките на сите организирани форми што ги реализираше Комунистичката партија на Грција, чие раководство и мнозинството од членовите, по поразот на ДАГ беа принудени да емигрираат. Партијата и натаму за емиграцијата претставуваше главна политичка раководна и идеолошка сила, а за сплотување на сета емиграција околу себе и за реализирање на своите програмски цели, формира разни политички и масовни организации и стручни служби со централни раководства и нивни дисперзирани тела во секоја земја одделно.

Сојузите претставуваа масовни организации со основна цел – негување и развој на културно-националните традиции, на политичкото единство на членството, развој на патриотскиот дух и сл. Вака зацртаната активност, сојузите ја спроведуваа преку своите органи, весници и списанија, што нивните централни органи ги издаваа во секоја земја одделко.

Bo почетокот се’ почна повеќе од скромно, со кратки информативни билтени исполнета со најнови информации или ставови на Партијата, со провизорни ѕидни весници во детските домови и фабричките хали, во кои беа вработени повеќето мигранти, во болниците каде што се лекуваа ранети борци на ДАГ и на други места. Веќе од есента 1949 година почнаа да излегуваат и првите весници на политичката емиграција, во чии рамки се печатеа и страници на македонски јазик.

Така, во Романија излегуваше весникот „Нea зои” („Нов живот”), во Унгарија „Лаикос агонас” {„Народна борба”), во Полска „Димократис” („Демократ”), во Чехословачка „Лаикос агонистис” (,,Народен борец”), во Бугарија „Лефтерија” („Слобода”), а во Ташкент, во Советскиот Сојуз, во почетокот излегуваше весникот под име „Прости ники” („Кон победата”), кој подоцна го мени првичното име и излегуваше под наслов ,,Неос дромос” („Нов пат”)

Значајно е да се одбележи дека во тие немирни години Комунистичката партија на Грција имала позитивни ставови кон Македонците од Егејска Македонија и, воопшто кон македонското прашање, што подоцна, за жал, тоа раписно се измени.

1isel22

Инаку, посебни македонски гласила, а особено македонските страници како додаток во грчките весници излегуваа редовно се’ до 1968 година, (период од околу 18 години). Потоа некои од страниците, порано или подацна се укинуваа како резултат на ставот на Централниот комитет на КПГ, дека натамошното издавање на македовските страници и’ пречи на нејзината работа во Грција, во напорите за нејзино легализирање и соработка во Грција, за кои македонското прашање непостоеше.

          1. “Македонче” (1949-1953) – Букурешт.  Прво списание што на македонски јазик беше отпечатено во источно-европските земји е списанието “Македонче”, наменето за македонските деца и за младината. Тоа во Букурешт се појави во август 1949 година како орган на прогонетите Македончиња од Егејска Македонија. Клишето е на македонски јазик со кирилица со цртеж и борци од Илинден и од НОВ. Тоа се печатеше на 28 страници на формат 20 х 26.          

Во 1950 година се отпечатени три броја, во јануари, јули и декември, идентични на претходните. Во 1951 година, пак, се отпечатени пет броја, додека во 1952 и 1953 година се отпечатени по дванаесет броја, на ист формат, на различен број страници и со многу богата детска содржина.

            2. “Неа зои” (“Нов живот” ) (1950 – 1957) – Букурешт.  Од почетокот на 1950 година издаваа билтен “Неа зои” (“Нов живот”) на грчки јазик, но и со статии на македонски јазик со кирилица. Од декември 1952 година гласилото, како орган на политичките емигранти од Грција започна да се печати во вид на весник на среден формат, на 4 страници, од кои еден на македонски јазик. С# до 1958 година излегуваше четирипати неделно, кога започна да се печати на 6 страници секој втор ден, од кои две страници наменети како прилог беа на македонски јазик. Тиражот се движеше од 1.500 до 2.000 примероци.

Прололжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

Мијаците под османлиска и српска власт

Улогата на селските првенци Мијачките населби имале свои првенци – познати и влијателни луѓе што посредувале меѓу населението и државната власт. Меѓу личностите што ги споменува Трајчев се Томо Ќаја, Ѓурчин и Сарџо. Нивниот авторитет не произлегувал само од материјалната состојба. Тие биле одговорни за одржување на редот, решавање спорови и заштита на интересите на […]

ОРЕШЕ – МИЈАЧКА КОЛОНИЈА ВО СРЦЕТО НА АЗОТ

Земјоделци, мајстори и чувари на мијачката традиција По описот на Папрадиште, Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ се осврнува и на соседното Ореше. Двете села ги претставува како една поширока мијачка заедница создадена во областа Азот, во југозападниот дел на Велешко. Според податоците што ги пренесува авторот, Ореше било населено со мијачки семејства доселени […]

МИЈАЦИТЕ ОД ПАПРАДИШКАТА КОЛОНИЈА НЕ ПОДЛЕГНАА НА СРПСКОТО ЗЛАТО

Отпор против туѓата пропаганда „Последните години од турскиот режим Папрадиште беше често тероризирано, но Мијаците не подлегнаа на српското злато, ниту се уплашија од теророт на српските чети и го зачуваа своето национално чувство“ – пишува Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година. Меѓу мијачките населби на кои Трајчев […]

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

Најнови вести

To top