Коментари

HAPPY NATIONAL DAY U S A – ЧЕСТИТ ПРАЗНИК АМЕРИКА

Martin Trenevski 1
1martin1
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен мионистер и амбасадор
Денес, кога го пишувам овој текст, е четврти јули – националниот празник на  С А Д (Fourth of July), нашиот стратегиски партнер и воен сојузник во Северно-атлантската алијанса, НАТО.
И, како што е ред, им го честитаме големиот празник со желби за просперитет и благодети  за Американскиот народ и за јакнење на стратегискто партнерство и соработка на сите полиња меѓу САД и Република Македонија.
Ќе ни треба многу простор да ги опишеме врските и соработката меѓу нашите две земји. На пример, читајки ги дипломатските депеши што американските дипломати ги испраќале од Истанбул во  XIX-от век во Вашингтон, јасна е заложбата  во полза на Македонија со нивната заложба за автономија во рамките на Отоманската империја. Јасна е заложбата на Американската дипломатија и за зачувување на целовитоста на Македонија на почетокот на XX-от век кога се погласни биле заложбите на соседите за поделба и распарчување на Македонија. Ќе останат длабоко во нашата колективна меморија ставовите на претседателот Вудро Вилсон за подршка на Македонија.
Нашето сојузништво особено дојде до израз во текот на Втората светска војна кога Македонските партизани рамо до рамо со Американците се спротиставија на најголемото зло на XX-от век – нацифашизмот! Македонија и САД се единствени земји кои  с а м и  се спротиставија и го победија фашизмот!!!
Америка својата подршка кон Македонија отсекогаш беше искрена и солидарна. И денес има понекој во поодмината возраст што ги памети “Трумановите јајца”, како дел од помошта во храна кога земјата беше на работ на глад, истоштена од војната. Го паметиме и “Лоренс од Македонија”, младиот американски дипломат (несуден македонски зет) кој беше задолжен за дистрибуцијата на американската помош на пострадатите од скопскиот земјотрес во 1963 година (подоцна стана и Министер -Државен секретар, за надворешни работи на САД). Листата на гестови на пријателство и солидарност немаат крај, но не може а да не го споменам гестот на претседателот Џорџ Буш помладиот кој ја призна Македонија под нејзиното уставно име и го иницира потпишувањето на Диговорот за стратегиско партнерство помеѓу САД и Република Македонија!.
 Денес, благодарејки токму на САД, сме рамноправна членка на воената алијанса НАТО, што е најголема гаранција за нашата безбедност и целовитост, Воедно, нашата армија активно учествува во операциите што ги превзема Алијансата во борба против меѓународниот тероризам и други зла што му се закануваат на човештвото.   
Соработката со САД на економски план, но и на многу други полиња и тоа пред се со нивна финансиска и стручна помош е постојан пораст, за што сме искрено благодарни.
За високото ниво на соработка меѓу двете земји голема е заслугата и на македонската емиграција која живее и твори во Америка, но не ги заборава своите корени во трите делови од разделена Македонија.
По традиција, амбасадата на САД ќе го одбележи националниот празник со голем прием (обично ме канеа со сопругата професор и амбасадор, но не овој пат!?) во американската амбасада на скопското Кале, а верувам нема да изостанат и oгномет.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top