Коментари

Доста ни се‘ празни ветувања и празни муабети !

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva

Свекрва :Не за уставни измени под бугарски диктат!

По тројката шефови на дипломатии на Австрија, Чешка и Словачка, кои минатата недела беа во Скопје, за да лобираат за уставни измени, оваа недела во земјата дојдоа министрите за Европа на Германија, Франција и Полска.

Наместо евроинтегративен процес на Македонија да биде заснован на европски принципи, Копенхашките критериуми,  европските дипломати се дрзнаа да бараат земјата да направи компромис на штета на македонскиот народ. И во двете мисии европските високи дипломати извршија притисок врз опозицијата во земјата да се сложи  со уставни измени.

Минатата недела министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и на Словачка, за време на посетата на Скопје порачаа дека „интеграцијата во ЕУ треба да биде прашање на национален консензус и дека колку побрзо се донесат уставните измени толку побрзо земјата ќе стигне до ЕУ и  дека предвремени избори би биле контрапродуктивни“.

Шефот на австриската дипломатија Шаленберг во својата изјава ја уверуваше македонската јавност дека не се мешаат во внатрешните работи на земјата, но и порача дека нема време за губење и дека би сакала земјата да продолжи  со потребните  уставни измени за да почнат преговорите за членство. Според него, да се одложи усвојувањето на амандманите значи да се одложи пристапувањето на земјата во ЕУ.

Уставот е внатрешно прашање на една држава. Иако европските дипломати говорат дека не се мешаат, во овој случај нивното лобирање за уставни измени претставува класично мешање  во внатрешните работи на земјата. Тие бараат измени на Уставот иако мнозинството на народот се против уставните измени без реципроцитет. Односно, европските дипломати забораваат на фактот дека мнозинството од народот е за влез во ЕУ, но е против влегувањето на Бугарите во Уставот. Според анкетите, две третини од испитаниците се против уставните измени.

ЕУ бара од Македонија да направи уставни измени, но кога е во прашање земјата ги заборави Копенхашките критериуми, како и на одредбата за помагање на склучување договори на реципрочна основа при регионална сорабтка. Така да договорот на Скопје со Софија воопшто не е, равноправен и тој ја фаворизира Бугарија. 

Едноставно народот повеќе не им верува на ветувањата на преставниците на меѓународната заедница, бидејќи земјата направи многу остапки а за возврат не доби почеток на преговори за влез на ЕУ.

Македонија смени знаме, име,… а сега по барање на Софија се инсистира земјата да направи уставни измени, да се откаже од сопствената историја, идентитет и јазик,… Всушност на ЕУ и на Софија која покажува отворени аспирации кон Македонија, не може да им се верува.

На мнозинскиот македонски народ сосема им е јасно дека правењето на нов компромис, без цврсти гаранции, не значи и започнување на преговори за членство во ЕУ, туку почеток на процесот на бугаризација во земјата.

ВМРО ДПМНЕ застана цврсто во одбрана на  интересите на македонскиот народ. 

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ и парламентарните партии од Коалицијата за обнова на Македонија на средбата со таканаречената Вајмарска група, јасно им кажаа : “Се залагаме за членство на Македонија во Европската Унија со силно зачуван и зајакнат идентитет, јазик, култура и вредности. Остануваме на ставот дека Уставни промени во околности на политички диктат од соседството не се прифатливи.

„Улогата на соседите треба да биде улога на поддршка на нашите европски интеграции, а не негирање на македонскиот национален идентитет, било посочено на средбата на лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски и претставници на коалициските партнери.“ 

Драги мои браќа и сестри, во овие мигови кога повторно ни е наметнато прашањето за нашиот идентитет потребно е храбро, одговорно и гордо сите заедно и позиција и опозиција да кажеме: ДОСТА Е!

Нашето единство денес како и многупати досега е историска потреба, затоа што само на тој начин сплотени околу заедничките национални и државни интереси можеме да продолжиме да градиме демократска, модерна и слободна македонска држава, која ќе биде почитувана и уважувана од сите народи и држави во светот. Македонскиот народ и чесните граѓани одамна го заслужуваат тоа.

Ајде конечно да се обединиме во интерес на нашата Библијска Македонија и гласно да им кажеме, на сите тројки од ЕУ кои до сега ни дојдоа на гости и на сите идни кои ќе доаѓаат, ДОСТА Е!.

ДОСТА Е! Со празни ветувања и празни муабети!

ДОСТА Е!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top