Коментари

Ламбе Арнаудов: ШТО “ЕУ“ МИСЛИ ЗА НАШАТА ПАРОЛА “СЛОБОДА ИЛИ СМРТ“?

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Веднаш да ви кажам, не мисли НИШТО.

Само вешто ја исползува како алиби, за еруптивното надоаѓање на проклетството на совеста колку и таа да е сурова и безмилосна пред нејзината срамна (ЕУ) конечна одлука да нé испрати во ИДЕНТИТЕТСКА СМРТ.

Демек, еве вие помеѓу “слободата“ што ви ја нудиме и наспроти вашата ЧЕСТ избравте тоа што избравте.

Е, па господо демократи од Европа за каков избор зборувате кога слободата што ни ја наметнувате  е УЛТИМАТУМ со коефициент на тиранија 504 наспроти 1, односно 504 милиони жители на ЕУ се нафрлиле на нешто повеќе од еден (1) милон мои сограѓани.

Во стилот на демократи без ЧЕСТ ќе ми одговорите: правото на почитување на мнозинството.

Во стил на демократите со ЧЕСТ ќе ви одговорам. Вашата понудена слобода од вештачки создаденото мнозинство кое ни ја погазува НАШАТА ЧЕСТ е најтешкото ропство од кое никогаш никој и никаде до сега не се ослободил.  

НЕ! Ви благодарам иако Вие во вашите либерални демократии и квазиполитички филозофии слободата ја поставувате како највисок дострел на човештвото, ќе морам да ве разочарам и да ви кажам, макар за вас е тоа тешко разбирливо, има нешто многу поскапоцено од слободата, а тоа е ЧЕСТА.

Слободен човек без чест е најголем роб. Зошто?  Затоа што својата чест ја трампал за слободата и така киднапирајќи ја од некој познат или непознат чесен човек и ја приграбил за себе оставајќи го него и без чест и без слобода наклеветен и обесправен, ти “слободумен“ политичар кој зад себе има сила од 504 наспрам 1 лицемерно ми зборуваш за рамноправност и еднаквост, СРАМОТА.

Да те прашам добронамерни Европјанину од што се чувствуваш загрозен со коефициент 504 во твоја корист и постојано бараш отстапки, отстапки, отстапки…, а ништо за возврат не понудуваш односно само да ми го признаеш она што досега со векови макотрпно со многу жртвувања сум го одржувал, сум го чувал и конечно сум го СОЧУВАЛ.

На што ти личиме? Каков партнер ќе ви бидеме, ќе се гордеете или срамите со нас и од нас. Знам, за вас тоа не е важно, лесно е туѓо да се жртвува за своето да се сочува. Ова е вашата основна парола.

Нашата е далеку поуниверзална.

Нашето да го сочуваме, другите да ги испочитуваме.

И, да знаете воопшто проклетиот “коефициент 504“ не нé загрижува и плаши. Не ни е прв пат. Низ историјата сме пребродиле и повисоки, понеповолни дури би рекол и страшни коефициенти и сме победиле. И овој пат ќе победиме и тоа заради две основни причини.

Првата: Исправни сме пред вистината, правдината, народот и ГОСПОД.

Втората: “Коефициентот 504“ е лесно топлив на овие жештини. Пресметан е од групи неодговорни политичари одметнати од своите народи собрани во една вештачка творба крајно непријателски расположена према малите народи, осоколени, безмилосно нафрлени, користејќи ги придобивките од озлогласениот коефициент 504.

Вашите народи ќе ја победат надменоста и суровоста што ја демонстрирате, ќе го сочуваат сопствениот суверенитет што вие безмилосно го пренесувате на фиктивната заедница и ќе направат нова демократска праведна просперитетна ЕВРОПСКА УНИЈА кон која сите целиме, првенствено ние МАКЕДОНЦИТЕ.

Ние сме само против вообразени технократи, административци кои утврдиле правила на игра кои што само ними им користат, туркајќи ја ЕУ во бездна.

ЕУ каква сакаат народите а не ЕУ за автократите.

Некој ќе рече зошто толку револт кај тебе. Нема револт, нема ни гнев, ниту отпор. Сум бил внатре и сум учествувал во работата на разни структури и евроинтеграциски процеси. Има многу, многу убави работи, барем тогаш и често со мојот скромен глас сум носел среќа на некои помали одлуки, но од општо значење за цели народи.

И затоа сум бил толку среќен колку што сега сум несреќен со ова што им се прави на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и мојата татковина МАКЕДОНИЈА.

А, како да не сум несреќен?

Никогаш во овие 33 години изоден европски пат благодарение на вас и на вашите неисполнети ветувања никаде не стигнав.

Конкретно: Имам стотици, стотици па и милиони мои браќа и сестри МАКЕДОНЦИ кои живеат во времено откинати делови од МАКЕДОНИЈА и се под времена јурисдикција на држави кои се членки на ЕУ десет, дваесет и педесет години. Не знаете кои се, каде се , камо ли нешто како Европска Унија, храм на демократија и слобода и човекови права, нешто да направете за нив.

Напротив, замолчувате, замижувате дури и го стимулирате нивното НЕПОСТОЕЊЕ.

Од што се плашите, од домино ефект во вашите земји? Стравот од тоа и признавање дека вие вака избраните “ЕУ демократи“ ги гушите основните човекови права дури и понекогаш на штета на сопствените народи.

Ќе ја изгубите битката со народот.

Тогаш сите ќе ѝ веруваме на ЕУ и сите ќе ја сакаме како своја.

НАШАТА ПАРОЛА “СЛОБОДА ИЛИ СМРТ“ Е НАША РАБОТА!

ВИЕ ТОА НЕ ГО РАЗБИРАТЕ.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top