Коментари

Со Македонија имаме се’, без Македонија губиме сите!

1makedonska-nacija

1makedonska-nacija

Македонска нација

Божји аманет е да се сака својот род и да се споделува со другите! Тој што нема чувство за својот род, не може да има чувство за друг!

Ние сите сме чеда на Македонија, зарем нема да се срамиме ако дозволиме Македонија да се разнебити? Зарем ќе им помогнеме да ни го закопаат нашиот идентитет и славното име македонско?

Ако тоа не го посакуваме, ако сакаме да се залечат раните на Македонија, треба да се обединиме во интерес на нашата заедничка Македонија, и да им го свртиме грбот на сите интриганти што денес не` распируваат, шират омраза и поделби меѓу Нас браќата од разни политички партии и вери.

Да ги оставиме настрана теснопартиските и личните интереси. Да не им веруваме на тие кои работат само за свои лични интереси. Македонија Не’ колне да се смириме, да се сложиме и збратимиме без разлика на етничка, верска, партиска или друга припадност.

Ковачевски се обидува да не` натера да заборавиме на нашата многувековна и тешка историја, да заборавиме на страдањата на нашите предци и не` убедува дека било добро да го смениме Уставот а со тоа и нашиот идентитет и да заборавиме на македонското.

Доколку имаме различни политички погледи кон Македонија, различни идеали или идеологии, СЕПАК ЕДНО МОРА ДА НЕ ОБЕДИНУВА, сите да се бориме да го сочуваме нашиот идентитет и достоинство, а не да водиме борба кој повеќе ќе ја разнебити Македонија, заради лични интереси.

ЗАРАДИ ТОА: ДА НЕ ПРИФАЌАМЕ ДОГОВОР ПОД ДИКТАТ НА СОФИЈА СО ЦЕЛ ПРОМЕНА НА НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ.

Час поскоро предвремени парламентарни избори, за да ја спасиме Македонија од оваа налудничава и антимакедонска власт!

Македонија е наша обврска!

Со Македонија имаме се’, без Македонија губиме сите!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top