Коментари

Наместо власта да ја брише историјата, време е таа да замине во историјата

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Посетата на Курти на Тетово и на Чаир воопшто не е случајна и за неа одобрение дала меѓународната заедница, сметаат експертите. 

Политичкиот аналитичар од Србија Миљан Јовиќевиќ истакнува  дека Албанците сакаат да присвојат дел од Македонија во т.н. „Голема Албанија“.

–Без поддршката на Меѓународната заедница, Курти не би можел да оди во неофицијална посета на Македонија. Европската Унија вети соживот на Албанците и Македонците, но тоа не е можно бидејќи Албанците сакаат да одвојат дел од Македонија и да ја припојат кон Албанија….

Ова е почеток на крајот на Македонија, ако нешто не се преземе сега, може да се случи катастрофа од големи размери – рече Миљан Јовиќевиќ за „Информер“.

СДС реална закана по интегритетот на земјата и по мирот во регионот!

Власта предводена од СДС и ДУИ, продолжува со својата политика на демакедонизација на македонската држава. Таа постојано ги понижува Македонците, бришејќи го секој спомен од борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Во тој контекст беше избришана и улицата „Втора македонска бригада“, која потсетува на херојската антифашистичка борба во која е родена новата македонска држава.  

Втората македонска бригада (20.XII 1943 – VII 1945) е бригада чиј борбен пат бил низ Македонија, Егејскиот дел на Македонија, Сремски фронт, Србија, Хрватска и Словенија. Тоа е бригада која учествувала во ослободување на Прилеп и Кичево, бригада која водела успешни борби со бугарските окупаторски власти, против германските сили и балистите. Од оваа бригада има голем број загинати борци за слобода на Македонија.

И наместо да се почитува нивната жртва, власта го брише името на прочуената Втора македонска бригада, со цел да се закопа секој спомен на неа, за да се закопа антифашистичкото минатото на државата. Оваа ненародна и марионетска власт го брише името на улицата и го менува од „Втора македонска бригада“ во ‘Адем Демачи’, лице кое било обвинето за сецесионизам во СФРЈ и лице кое нема допирни точки со историјата на Македонија.  

Опозицијата реагира дека преименувањето на улицата се случило пред две години од страна на Град Скопје без никаква дебата и консултација на граѓаните. Тогаш велат, советот насилнички преименил скоро 500 улици и мостови и други објекти во главниот град.

Се поставува прашањето зошто токму сега се изведе церемонија на промена на името и која е крајната цел на посетата и говорот на косовскиот премиер Албин Курти на Чаир и Тетово, ден пред одбележувањето на 22 години од потпишувањето на Рамковниот договор во Охрид?

Целокупната иконографија која се создаде за доаѓањето на косовскиот премиер може да се протолкува и како закана на актулната власт до опозицијата – да ги прифати уставните промени.

Како да се протолкува фактот дека МВР која беше присутна на настаните во Чаир и Тетово, не презеде мерки за да го острани знамето на Голема Албанија. Но зато знае да го гони адвокатот Тони Менкиноски за веење на знамето со сонцето од Кутлеш. 

СДС како да не е свесна дека со своите постапки за да остане на власт што подолго, повторно предизвикува реална закана не само по интегритетот на земјата, туку и по мирот во регионот.

Тие не реагираа на скандалозната посета и изјавите на  Курти кој и делеше совети на Македонија дека треба да се држи што поблиску до Косово, Албанија и Бугарија, а што подалеку од Србија и претседателот на Србија Александар Вучиќ. 

Ваквата изјава на Албин Курти, која преставува мешање во внатрешните работи на земјата, како да не ги тангира македонските власти, но ќе го предизвика претседателот на Србија Александар Вучиќ кој посетата на Македонија, ќе ја оцени како невиден скандал, а промоцијата на идејата за Голема Албанија и Курти како премиер на сите Албанци, како обид на Курти „да крене духови на немир, не само во Македонија, туку и на југот на Србија.  

Молчи СДС, молчи и меѓународната заедница, а последиците ќе ги сноси македонскиот народ.

Понизноста на СДС и Ковачевски кон ДУИ, само да им опстои владата дозволи Скопје да стане косовски пашалак. Отука, наместо власта да ја брише историјата, време е таа да замине во историјата.

Време е да и се каже на СДС:

ДОСТА Е со распродажба на националните интереси на државата!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top