Коментари

Ако Македонија е Бугарија, зошто 51 % од Македонија го “подарува” на Грција?

1Dzepovski1

1Dzepovski1 Александар Џеповски

Дали овде некој е глуп или сето тоа нема апсолутно никаква логика? Редно е Бугарија да си го “собере” најголемиот дел најскоро а исто така ова се однесува и на Грција која се скапа од трубење како Македонија е грчка па ајде нека и таа си го “собере” Пирин па и нашиот дел, доколку е така. Арно ама… не било така како што си прават кутрите тие, со лаги и глупости не отидоа далеку. 

Најубаво ќе биде да им дадеме еве 3 месеци да седнат и разговараат Бугарите и Грците да одлучат чија е Македонија, вака не може повеќе, не се издржува. Проблемот е  дали една страна лаже или двете, но едно е сигурно, ќе треба психијатри и психолози сето тоа да го набљудуваат и да даваат упатници за лудници. 

Да не заборавиме дека имало порано и трета страна а во поново време и четврта страна која исто така се замеша и се спобудалува во ист ритам со браќата од Кавказ. Сето ова се одвива и функционира преку Калето со алиби преку ЕУ.

Оваа трагикомедија не е од вчера и има преку 200 години историја. Сите овие 4 новокомпонирани држави на Македонскиот Полуостров се создадени исто како и сите новокомпонирани држави во Европа а сите тие не постоеле никогаш предходно. Со сигурност знаеме дека освен Македонија имало земји како Баскија, Каталонија, Корзика кои ете угнетени се и не им даваат да дишат и да се вратат на своето. Русија е посебен случај, создадена од Македонски конвикти – затвореници испратени во Сибир од античките Македонци и во 9 век станува посебна и најсилна земја до ден денес и до крај по желба на Горниот. 

Навистина, редно е да се договорат новокомпонираните соседи на Македонската почва кој е поголем лажго и поголем крадец на се што е Македонско.

ДОКОЛКУ НЕ СЕ ДОГОВОРАТ И НЕ ПРИЗНАВААТ КОЈ ГИ ТЕРА ДА ЛАЖАТ, КРАДАТ И УНИШТУВААТ НАМЕРНО БОЖЈА ТВОРБА НАРЕЧЕНА МАКЕДОНИЈА, МОРА ДА ОСТАВИМЕ НЕКОЈ ОД ОДОЗГОРА ДА ИМ СУДИ, ПРЕСУДИ И ДА ИМ ДАДЕ ОДГОВОР ЗА СИТЕ НИВНИ ГЛУПОСТИ СО КОИ ГО МАЛТРЕТИРААТ ЦЕЛИОТ НОРМАЛЕН СВЕТ. 

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top