Фељтон

МАКЕДОНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ДРУШТВА И АСОЦИЈАЦИИ ВО КАНАДА (31)

1feli1

1feli1

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Етничките организации во новите средини на Македонците во Канада ги зачувуваат своите национални вредности, а во исто време го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвото

4. САМОСТОЈНИ АСОЦИЈАЦИИ ВО ТОРОНТО

МАКЕДОНСКО-КАНАДСКИ ПЕНЗИОНЕРСКИ КЛУБ. Во минатото, маке­дон­­­ските пензионери, главно, се собирале по разни македонски ресторани и тр­­говски центри. Денес идентичен е случајот со средните генерации, кои не­кол­ку пати во неделата се собираат во “кафе шоповите”. Таму тие другаруваат, играат шах, карти и дискутираат за политичките настани во Македонија. Оми­лено место на нивните средби бил трговскиот центар (плаза) во Торнклиф Парк. Тука потекнала и идејата за формирање на македонски клуб на пен­зио­нерите. Идејата била прифатена од голем број пензионери и во 1975 година бил формиран “Македонско-канадскиот пензионерски клуб”.

Клубот бил отворен во простории на трговскиот центар во Торнклиф Паркот, а со помош на Канада бил опремен. Во клубот се служело кафе и разни други пијалоци и тој станал собирно место на многу пензионери, а и на по­млади доселеници, кои времето го поминувале во една македонска про­сторија и средина.

Пензионерскиот клуб во просториите на Торнклиф Парк останал три години. Со изградбата на Македонско-канадскиот старски дом во 1978 година, клубот добил простор во овој дом, каде што работи до денешно време.

Во своето постоење, Македонско-канадскиот пензионерски клуб бил из­да­вач на монографија поврзана со историјата на македонското иселеништво во Канада. На­словот на монографијата гласи “Македонските доселеници во Ка­нада и нивните корени”, издадена во 1980 година, а финансирана од државните канадски власти.

ФОЛКЛОРНАТА ГРУПА “СЕЉАНИ” била основана во 1969 го­­дина, во рам­ки­те на Македонско-бугарската православна црква Св. Кирил и Ме­тодиј во То­­ронто. Во тоа вре­ме родителите на членовите на оваа група, цркву­вале во таа општина. Во склопот на оваа црк­ва, групата останала с# до 1971 година, ко­га поради недо­раз­бирање со неј­зи­ната управа, ја напушти­ла црква­та. Од са­­мото формирање, групата ја негува маке­дон­ската извор­на на­родна пес­­на и оро.

По напуштањето на црквата Св. Кирил и Методиј, групата “Сељани” своите проби ги одржувала во други простории, а потоа во просториите на “Јорк универзитетот”. Во групата членувале неколку студенти кои студирале на овој универзитет, на кои салата им била давана на бесплатно користење.

Првиот јавен настап македонската групата “Сељани” го одржала во годината на нејзиното основање, во 1969 година, за време на деновите на етничкиот фестивал “Караван”. Потоа имала бројни настапи, за подоцна, во 1976 година, да замине за Монтреал каде настапила на Олимпијадата, како канадски претставник.

Исто така, македонската групата “Сељани” учествувала и на Светска­­та етному­зи­ко­лошка конференција, што се одржала во Торонто во 1975 го­дина. Потоа, групата повеќе пати настапила и во Музејот на нациите во То­ронто, како и на фестивалот “Пофалба на рацете”. Во 1977 година групата “Сељани” настапила на меѓународниот фолклорен фестивал во Ленпуел, Велс – Велика Британија, а неколку пати била гостин и во Република Македонија.

Во 1982 и 1983 година групата “Сељани” била организатор на фестивал. Во рамките на фестивалите била организирана изложба на македонски стари народни носии, што биле сопственост на групата.

Групата “Сељани” настапила на многубројните приредби што се одр­жу­вале во македонската православна црква Св. Климент Охридски, на фе­сти­валот “Караванот на нациите”, што се одр­жува секоја година во Торонто,  на приредбата “Оро македонско” и други манифестации. Главната цел на гру­пата “Сељани” била да настапува пред канадската публика со цел да ја запознае со македонското фолклорно и културно богатство. Групата “Сељани” издала и своја книга на англиски јазик под наслов “Македонија“ избор на статии за историјата и културата на Македонија”.

ЗДРУЖЕНИЕ НА ДЕЦАТА БЕГАЛЦИ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МА­КЕ­ДО­­НИ­ЈА. Кон крајот на седумдесетите години кај група млади и образовани лица, во меѓусебното комуницирање, се родила идејата за создавање организација во која ќе членуваат луѓе кои ја преживеале трагедијата на Граѓанската војна во Грција и егзодусот низ повеќе земји во светот. Таа група ја сочинувале деца бегалци кои во Канада се населиле главно од Полска, а некои од нив дошле и преку Република Македонија.

             1feli11

Сеќавање на децата прогонети од Егејска Македонија

Голема заслуга во ширењето на целите и задачите на Здружението одиграла редакцијата на весникот “Македонски глас”, кој на своите страници ја ширел вистината за судбината на децата бегалци од егејскиот дел на Маке­донија и го развивал чувството за заедништво. Со залагање на редакцијата на весникот “Македонски глас”, во Торонто, во 1978 година била ор­га­низирана првата средба. Всушност на оваа средба била поттикната идејата за ор­га­ни­зирањето на Светска средба на децата бегалци.

Здружението на децата бегалци од Торонто е многу активен субјект во општествениот живот на македонското иселеништво во Канада. Во зависност од настаните кои се одигрувале околу Ма­кедонија, Здружението секогаш навреме реагирало со разни петиции и писма до меѓународните институции, во прв ред од областа на заштитата на чо­ве­ко­вите права на Македонците, посебно на оние од Егејска Македонија. Исто така, тоа станало еден од носи­те­лите на дејностите на доселениците сврзани со признавањето на Македонија.

Инаку, Здружението на децата бегалци било регистрирано како добротворно здружение, кое во своите редови ги обединува децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и нивните потомци.

МАКЕДОНСКО-КАНАДСКАТА АКАДЕМСКА АСОЦИЈАЦИЈА била основана во 1975 година. Во своите редови таа ги собира македонските интелектуалци во Торонто. Главна цел на асоцијацијата е да одржува врски со научни работници од Македонија и пошироко, како и да организира разни предавања од областа на македонската историја и наука.

МАКЕДОНСКОТО ДРУШТВО НА БОРЦИТЕ било основано во 1983 година. Тоа ги вклучиле борците од времето на Втората свет­ска војна и е во состав на Кралските канадски легиони, секција 617.

За жал, во 1989 година дошло до расцеп во боречкото друштво и се формирало второ македонско друштво на борците од Македонија во Канада.

Новоформираното друштво на борците постои како самостојно маке­донско друштво, но и тоа е во склопот на Канадската лига на ветераните. Тоа е регистрирано и има свој правилник за работа.

Прололжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top