Коментари

Власта на СДС и ДУИ на душа носи многу животи

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva Свекрва

Мода има одговорност за злоупотребата на лекови!

Долго време Клиниката за онкологија ја тресат скандали. По по влегувањето на полицијата на почеток на месецот во Онкологија во јавноста излезе уште поголем скандал. Повикувајќи се на сведоци од пациентите, нивни роднини, како и од вработени на клиниката, медиумите говорат  дека „се препродавале цитостатици од страна на вработените со што дел од  пациентите биле оставени без терапија. А кога недостигала терапија, пак, вработени ја продавале на болните „под рака“. Се говори дека пациентите плаќале и по 4000 евра за лек.

Во препродажабата на лекови се говори дека на Клиниката за онкологија биле замешани неколку лекари, а медицинска сестра била фатена дека во два наврати украла цитостатици. Таа добила отказ многу подоцна и сега не била достапна за истражните органи. Иако државните ревизори констатираат неправилности уште пред две години, власта дури сега реагира. Сето ова раѓа сомнеж за поврзаност со раководните структури и власта на СДС и ДУИ.

Дополнително овој сомнеж се зголемува по сознанието дека КАТО системот за контрола на терапијата (набавен од предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ) на пациентите бил изваден од употреба по доаѓањето на власт на СДС. Медиумите ќе забележат дека „по 2017 година започнуваат сериозни проблеми со крадење лекови“.

Зошто МВР и Обвинителството долго време молчеа и зошто токму сега го отвараат случајот?

Дали тоа се високите долгови направени од клиниката или потребата од свртување на вниманието на јавноста од другите скандали поврзани со СДС и ДУИ или пак потребата да се сврти вниманието од притисокот што го спрема власта да го изврши врз пратениците на опозицијата за да се извршат уставни измени?

Јавното обвинителство дури сега отвори предистражна постапка за препродавање на скапа биолошка терапија за лекување на болните од рак на клиниката. Поради закаснетото реагирање, власта на душа носи многу животи, кои можеле да бидат спасени доколку на време ја спречила препродажбата на лекови.

Некој треба да сноси одговорност. Меѓутоа, во народот ретко кој верува дека ќе има правична завршница, исто како што беше случајот со модуларната болница во Тетово, Дурмо транс и Беса транс, особено не по измените во Кривичниот законик.

Сите овие настани во изминатите години од владеењето на СДС и ДУИ дипринесоа да се создаде една страшна слика на разорено здравство, образование, економија, промена на име и др., општество кое е исполнето со криминал и корупција, општество во кое не се цени човековиот живот.

Скандалот на Онкологија е одраз на целокупната слика во државата, во која по доаѓањето на власт на СДС и ДУИ цвета јавашлукот, корупција и криминал. Денес како никогаш досега е изгубена човечноста, етиката и моралот.

Станавме општество во кое власта ги гони ситните, а ги штити крупните криминалци. Станавме општество во кое речиси никој од власта не сноси одговорност, во кое никој од нив не поднесува оставка како морален чин за случени несреќи и катастрофи во кои се изгубени човечки животи.

Во Онкологија функционирала организирана мафија, директорот, министерот и Ковачевски се директно одговорни.

Невозможно е да се случува кражба на цитостатици од масовни размери на Онкологија, а директорот, министерот и Ковачевски да не знаат.

Самиот факт што никој од Онкологија не е во притвор говори дека власта го заташкува случајот.

Македонија мора да го спречи овој геноцид врз сопствениот народ.

И уште еднаш да повториме, оваа ненародна власт мора што побргу да замине во историјата. Потребни се брзи избори и власт која ќе знае да ја ресетира државата.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top