Коментари

Ламбе Арнаудов: Европскиот консензус пандан за едноумие

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Повеќе од триесет години живеејќи во плурализам и демократија, со право го осудуваме времето на едноумието, несвесни дека полека но сигурно навлегуваме во едно сурогат време на привидна демократија узурпирана од домашни политичари со голема помош од дел на меѓународната заедница.

Во една културна дебата на оваа тема уште пред многу години господинот Стојан Андов ме убедуваше дека, консензусот е придобивка, објаснувајќи дека со него сите земји и најмали по површина и број на народ се еднакви во одлучувањето.

Но, дали е така?

Низ аголот на гледање што ѝ се случува со иднината и судбината на мојата татковина МАКЕДОНИЈА, овој титулар и значење на консензусот е една голема заблуда и моќен инструмент во рацете на големите ПАТРОНИ под плаштот на една квота да спроведуваат, непрестано  свои одлуки, скоро секогаш на штета на земјите од кои се бара да почитуваат консензус.

Според мене консензусот во една реченица може да се протолкува: И ти си во право, и ти си во право на другата страна, но ќе биде како што ќе кажам ЈАС.

Тој ЈАС редовно и по правило е една од големите во Европската Унија, порано Велика Британија, а сега Германија или Франција.

Од тука сите силни “праведни“ предлози носат име, француски предлог, германски предлог, речиси во решавањето на сите спорови, внатре во Унијата или помеѓу полноправните членки на ЕУ со земјите кандидати за членство, како што е случај со МАКЕДОНИЈА.

Низ нашиот случај паѓа во вода дека консензусот е политичка одлука во која и двете страни по нешто даваат за да двете страни го добијат најдоброто.

Апсолутна лага.

Она што на Македонија и македонскиот народ одамна им припаѓа и се практикува со векови во нашето живеење треба галантно да го подариме, изгубиме за секогаш, а за возврат ништо да не добиеме.

Некој ќе рече: А членството во ЕУ мала ли е придобивка?

Во конкретниов случај со нашата татковина МАКЕДОНИЈА, НИКАКОВ.

Јас уште од самиот почеток на влегувањето во политика сум апсолутен приврзаник за полноправно членство во сите Евро-атлантски интеграции, многу порано од овие денешни квази  европејци а во душата чисти приврзаници на Комунистичката Интернационала нивна вечна носталгија и никогаш згасната љубов.

Ама, сум против МАКЕДОНИЈА да влезе во ЕУ разнебитена, безимена со народ без идентитет, култура, јазик, посебности и различности и по диктат на поставени не избрани од народот политичари кои ја туркаат земјата, татковината ни, во прегратките на непријателот, исполнувајќи ги нивните барања безрезервно а запоставувајќи ги нашите национални и државни интереси што подоцна на површина ќе ги исфрлат сте пеколни нерешени прашања, погубни за судбината на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и МАКЕДОНИЈА до степен на исчезнување. Тогаш ќе е доцна за било каква поправка. Ова не се дефекти, ова е хаварија на една земја и еден народ благодарејќи на политичарите кои сега ја водат МАКЕДОНИЈА, уценети, заплашени за судбината своја заради своите недела ко татковината и учество во криминални и корупциски скандали.

Ете тоа е КОНСЕНЗУС, термин што денес од неговите креатори на цел глас се слави.

Прашувам за крај. Зошто сите предлози што произлегуваат од Европската Унија не се предлози на истата како единствена, рамноправна, кохезивна и обединета заедница, туку предлозите се Германски, Француски…?

Одговорот е јасен. Да се знае кој е газда. Затоа и звучноста и обврската од Француски или Германски предлог е однапред застрашувачка и принудна.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top