Коментари

11 ОКТОМВРИ – ВЕЧЕН ПРАЗНИК НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ИСЕЛЕНИШТВОТО

1slave

1slavek1 СЛАВЕ КАТИН

На 11 октомври 1941, пред точно 82 години, Македонија го избра патот на борба против најголемите зла во историјата на човештвото – фашизмот и нацизмот. Зато овој голем ден се прославува не само во Република Македонија, туку и во иселеништвото во целиот свет каде што живеат Македонци, каде традиционалните прослави секоја година се организираат со богата културно-уметничка програма.

Според историските факти, во 1941 година Хитлер го доделил вардарскиот дел на Македонија на своите фашистички сојузници: Бугарија и Италија. Во поголем простор од овој дел на Македонија упаднала бугарската војска, која набргу почнала со обиди за присилна денационализација и терор врз Македонците. Поради тоа Македонците кренале масовно востание против бугарската окупаторска власт. Затоа со право се вели дека овој голем ден е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. и на Република Македонија

Инаку, 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ од етничка Македонија проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

На 11 октомври 1941 година Македонија го избра патот на борба против најголемите зла во историјата на човештвото – фашизмот и нацизмот. Свесен дека вистинската слобода за Македонија не може да биде измолена и подарена, туку само со борба освоена, од македонскиот народот, заедно со другите националности во  Македонија, ја започна Народно-ослободителната борба. Во оваа борба, народот на Македонија се препороди и започна да го празнува 11 Октомври во Македонија и во дијаспората..

Според пишаните документи,, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнале бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за  осло- бодување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

9or1

Споменик за АСНОМ

Со тоа Македонија се приклучи на антифашистичката коалиција, а по четиригодишната Светска војна, со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, го реализираше и повеќевековниот сон за основање македонска држава- Народна Република Македонија. Со одлуката да пристапи кон антифашистичката коалиција Македонија застана на страната на прогресивното човештво, а против фашизмот како најтемна идеологија од современата историја и најсилна негација на општо-цивилизациските и демократски вредности.

Македонскиот народ, заедно со другите народности во Македонија самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народно-ослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во добро организирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии. 

Бидејќи се работи за голем настан од Македонската историја, низ државата се организираат разни свечености и прослави. Традиционално се одржуваат свечени концерти. Повеќе делегации од Македонското Собрание положуваат цвеќе на гробот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, во Паркот на Револуцијата во Прилеп, како и на Спомен-костурницата на паднатите борци од народноослободителната борба во Куманово. Во Прилеп секоја вечер спроти празникот се одржува традиционалниот импровизиран напад на градот како потсетување на историските настани од предвечерјето на 11 октомври 1941 година. Во Прилеп постои и Меморијален музеј „11 октомври“ во кои се изложени неколку стотици фотографии и значајни документи од народно-ослободителната борба. Прилепскиот градски оркестар организира маршрута од центарот на градот кон Могилата на непобедените. Каде покрај движечкиот оркестар се организира и спектакуларен огномет.

Празникот 11 Октомври се прославува не само во Република Македонија, туку и во целиот свет каде што живеат Македонци. Традиционална прослава има секоја година во македонските заедници, македонските православни цркви и црковни општини, друштва и асоцијации во Австралија, Канада, Соединетите Американски Држави, Европската Унија и во многу други земји ширум светот. Така, во голем број македонски средини секоја година се организираат прослави со богата културно-уметничка програма, каде настапуваат повеќе естрадни ѕвезди од дијаспората и од Македонија.

Ако Крушевската Република од 3 до 13 август 1903 година беше круна на Илинденското востание, Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија одржано на 2 август 1944 година во манастирот Свети Отец Прохор Пчињски беше круна на македонското востание на Втората светска војна.

Манифестот на АСНОМ повика на ослободување и обединување на сите делови на Македонија и на македонскиот народ, на етно-историските граници на Македонија. Македонскиот народ во Вардарскиот дел на Македонија, Втората светска војна ја заврши со околу 25.000 загинати борци и цивили. Вечна им слава на загинатите учесници во антифашистичко и национално-ослободително востание на македонскиот народ.

Со право се вели дека 11 Oктомври е симбол на македонската борба за слобода. 11 Oктомври е денот кога повторно се поставени основите на македонската држава. Затоа, на денешните и на идните генерации е обврска  да ја чуваат Македонија: слободна, суверена, самостојна и независна држава.

11okt.jpg

Споменикот во Прилеп

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top