Фељтон

Д’МБЕНСКОТО ДРУШТВО И СРЕДБАТА ВО САРАЈ, СКОПЈЕ (3)

1in1

1asa1

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Желбата на Атанас и Славка Близнакови да дојдат постојано да живеат во слободниот дел на Македонија им се исполни во 1976 година. По поголем број преписки и договори со Матицата на иселениците од Македонија, со Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” и со други институции и поединци, тие пристигнаа во Скопје, каде што срдечно и топло беа пречекани.

Организирањето на нивниот престој, сместувањето воопшто на нивниот живот беше, пред сé, на Матицата и на Ректоратот. Најпрвин беа сместени во зградата на Ректоратот, потоа во Карпош IV во кула 14 (една од убавиците како што луѓето ги викаат тие неколку згради), во I влез, I кат, стан бр. 3, трисобен стан чија површина беше 82 м2 на ул. „Вич” бр. 24/3 Карпош ИВ.

Всушност, станот во Карпош му беше доделен на Атанас Близнаков на 15.ВИИ.1977 година од Комисијата за распределба на станови со кои располагаше Извршниот совет на Собранието на СРМ.

Во 1979 година Атанас го доби станот на ул. „Орце Николов” бр. 75 ИИ влез, исто така од Извршниот совет на СРМ. Таму остана да живее сé до крајот на својот живот, таму престана да чука неговото благородно срце.

Овој стан е сопственост на Атанас (купен со заробени средства), а како наследство на неговата внука Нуша Пачкова која го гледаше и се грижеше за него и за тетка Славка до последен момент.

Во овој стан на Собирот на станарите, 1978 година Атанас Близнаков, заедно со уште еден станар, беше избран за член на Куќниот совет.

Исто така, по доаѓањето во Македонија, Атанас наоѓаше слободно време да учествува во активностите на Матицата на иселениците од Македонија, во Институтот за национална историја и во други институции.

Меѓутоа, Д’мбени му беше втора љубов. Затоа беше активен во Иницијативниот одбор на Д’мбенската средба, која од првото одржување наиде на широк одек кај д’мбенци.

Д’мбенската средба што се одржа на 27 мај 1979 година остави трајни белези кај Атанас Близнаков. Затоа, како член на Иницијативниот одбор тој напиша пригоден текст во списанието на Матицата ,,Македонија” под наслов ,,Повелете на Д’мбенската средба, во кој, покрај другото, вели:

„На 27 мај о.г. во Сарај крај Скопје ќе се одржи традиционалниот д’мбенски празник. Д’мбенскиот иницијативен одбор за одбележување на традиционал­ниот  д’мбенски празник, ги поканува сите д’мбенци од Скопје, од цела Социјалистичка Република Македонија, од цела Југославија, како и оние кои живеат надвор од границите на СФРЈ, во соседна Бугарија, Грција, САД, Канада, Австралија и во сите места на земјината топка, да присуствуваат на нашата Д’мбенска традиционална средба, во недела на 27 мај 1979 година, која ќе се одржи на излетничкото место Сарај крај Скопје со почеток во 9 часот претпладне.

Ќе биде големо задоволство и радост да се сретнеме сите д’мбенци, да се видиме, да се повеселиме, тој ден да го поминеме заеднички. Ќе има и народен оркестар што ќе свири убави македонски песни и ора.

Не е случајно што го избравме 27 мај за традиционален ден на Д’мбенската средба. Тој ден ние д’мбенци го празнуваме како празник, зашто тој ден има историско значење не само за д’мбенци туку и за целиот македонски народ.

 На тој ден ние си спомнуваме за херојските и епични борби што ги водеа нашите татковци и дедовци на Д’мбенската планина на врвовите Локвата и Вињари, во деновите пред славното Илинденско востание.

Со одбележувањето на таа историска дата, ние истовремено, им оддаваме почит на борците д’мбенци и од цело Костурско, кои со пушка в рака, борејќи се против непријателите на нашиот народ, го дадоа и својот живот за слободата на Македонија.

Драги д’мбенци, на сите ќе ни е драго и овојпат да се собереме сите како едно семејство какви што бевме и во родното село Д’мбени. Ќе обновиме спомени од некогашниот живот во нашето село, каде што голем број од нас постарите тука првпат се израдувавме на сончевите зраци, си игравме на пространите зелени ливади, каде што растевме меѓу нашите најмили – татковци и мајки, меѓу другари и другарки, таму каде што поминавме и радосни и тажни моменти, каде што ја развивавме нашата скромна и непроценливо вредна народна култура.

Нашите традиционални средби ќе ни овозможат да ги зачуваме нашите народни обичаи, нашите празнувања и славења, што треба да се пренесат на младите генерации, зашто секогаш бил присутен обидот да се уништат нашите македонски традиции и обичаи, да се ликвидира нашата македонска народна култура, која живее повеќе од илјада години и се пренесува од поколение на поколение”, ќе напише Атанас Близнаков.

 1asa12

Кај Атанас Близнаков секогаш тлеела донаторската љубов и големата хуманост кон луѓето, кон македонското, кон посреќната иднина на човештвото. Така, според неговите зборови, уште во текот на активностите во МАНС, тој и материјално ја помагал оваа организација и, во период од неколку години, меѓу двете светски војни ѝ подарил повеќе од 500 долари. Потоа го помагал друштвото „Александар Велики”, за кое дал исто така повеќе од 500 долари. Подарувал и на други американски институции и цркви.

Во 1971 година, пак, кога станал и член на Македонската православна црква „Св. Петар и Павле” од Гери, дал 200 долари како дар на црквата, а потоа постојано давал одредени суми, особено за активностите на секциите, кои пројавувале голем интерес за одржување и ширење на македонската култура, фолклор, обичаи…

Во почетокот на 1973 година, Одборот на македонската православна црква „Св. Петар и Павле” од Гери, Индијана, САД, на своето редовно месечно собрание решил да спроведе акција за собирање доброволни прилози за изградба на Македонската соборна црква ,,Св. Климент Охридски” во Скопје.

Избраната комисија во состав: Атанас Близнаков претседател, Панде Тошков, Миле Метловски, Ристо Илиевски, Вангел Шикановски и Ратка Гулабов Попович како членови, во најкус можен рок организирала многу успешна вечеринка, со богата уметничка програма, со цел да се соберат доброволни прилози.

Вечеринката ја отворил претседателот на црквата „Св. Петар и Павле” Борис Веловски, известувајќи ги  присутните за нејзината цел, а потоа му дал збор на свештеникот борис Поповски, кој ги информирал присутните за текот на изградбата на Соборната црква.

Продолжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top