Фељтон

ИЗЈАВИ НА КОРИСНИЦИ НА СТИПЕНДИИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ” ( II ДЕЛ) (14)

1bliz1

1bliz1

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

М-р Златко Пејковски бепе еден од првите студенти кои добивале стипендија од Фондацијата „Атанас Близнакоф”. М-р Златко Пејковски е асистент на предметот месо и преработки од место на Земјоделскиот факултет во Скопје.

Тој е роден на 01.03.1965 година во Скопје, каде што средното образование го завршил во гимназијата „Георги Димитров” со континуиран одличен успех во текот на школувањето.

Во 1983/84 година го отслужил воениот рок, а во 1984 година се запишал на Земјоделскиот факултет во Скопје, на сточарската насока. Дипломирал во 1988 година, со просечна оценка 9,66, што е еден од највисоките просеци. Во текот на студирањето, како член на меѓународната организација за размена на студенти за техничко искуство, во 1987 година престојувал во Западна Германија, работејќи во живинарска кланица. За време на студиите бил избран за демонстратор.

Како резултат на постигнатиот успех за време на студирањето, Златко Пејковски бил корисник на Фондацијата „Атанас Близнакоф” и стипендист на Републичката заедница за научно-истражувачка дејност.

Во 1989 година се вработил на Земјоделскиот факултет во Скопје и се запишал на постдипломски студии на групата за технологија на анимални производи – подгрупа месо. Магистрирал во 1994 година со просеча оценка 9,40.

За време на постдипломските студии, во 1992 година, м-р Златко Пејковски добил стипендија и истата година го завршил курсот „Квалитетот на месото и трупот кај преживарите”, организиран од Меѓународниот центар за постдипломски студии во Сарагоса – Шпанија, а во 1993 година добил стипендија од турската агенција за соработка и го завршил курсот од областа на преработката на храната во Измир – Турција, на Егејскиот универзитет. Како автор или коавтор има објавено повеќе научни трудови.

1bliz11

Свети Кирил и Методиј

Андон Чибушев беше еден од стипендијантите на Фондацијата „Атанас Близнакоф”. Тој беше директор на Клиниката за токсикологија и ургентна интерна медицина. Тој е роден на 11.11.1959 година во градот Чирчик поранешен Советски Сојуз, а сега Република Узбекистан. Виорот на Граѓанската војна во Грција ги однел неговите родители во далечниот Узбекистан, каде што е и роден.

Меѓутоа носталгијата и љубовта кон родната грутка ги терал неговите родители да се решат и да се преселат засекогаш во Скопје – Република Македонија, за да бидат поблиску до дедовскиот праг.

Андон Чибушев основното образовнаие го завршил во основното училиште „Кузман Шапкарев” со одличен успех, а средното образование во гимназијата „Браќа Миладиновци”, исто така, со одличен успех.

Потоа, во учебната 1978-1979 година се запишал на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што успешно ги завршил студиите во 1985 година. 

Андон Чибушев го изјавил следното: Во 1980 година во студентскиот печат прочитав дека нашиот сонародник Атанас Близнаков ќе отстапи дел од своите средства во Фондацијата кои ќе бидат употребени за стипендирање на студенти кои студираат на Скопскиот универзитет.

Тоа ме натера да конкурирам и, имав голема среќа и чест да станам еден од првите студенти коишто ја добија стипендијата на Фондот „Атанас Близнакоф”, и со тоа ја добив довербата на човекот којшто од сé срце сакаше на кој и да е начин да ѝ  се оддолжи на својата татковина, да направи нешто за својот народ.

Андон Чибушев во текот на студирањето постојано бил во близок контакт со Атанас Близнаков и со неговата сопруга Славка; за што ќе  изјави дека сите радости и тешки моменти во текот на студиите на некој начин ги споделувал со нив, наоѓајќи разбирање и искрена помош во решавањето на своите проблеми во текот на студирањето.

Неговото успешно студирање и помошта од Атанас Близнаков вродиле со плод и во јуни 1985 година, со висок просек, завршил и стажирал на Медицинскиот факултет. По завршувањето на студиите и отслужувањето на воениот рок се вработил на кратко во Воената болница во Скопје, а оттаму на Клиниката за токсикологија и ургентна интерна медицина при Клиничкиот центар во Скопје.

Во 1993 година успешно ја завршил специјализацијата по интерна медицина и бил избран за асистент на Медицинскиот факултет. Како резултат на неговата успешна работа во 1999 година е назначен за директор на Клиниката за токсикологија и ургентна интерна медицина.

Продолжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top