Фељтон

ДЕСЕТГОДИШНИНА ОД ОСНОВАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ (17)

1jpe1

1jpe1

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

На 13 мај 1987 година, во просториите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” се одржа свечена седница на Советот на Фондацијата „Атанас Близнакоф” во знак на одбележување на 10-годишнината од формирањето на Фондацијата за стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студирањето.

Притоа, во присуство на повеќемина истакнати општествено-политички и културни работници на градов и Републикава, на донаторот Атанас Близнаков му беше врачена Плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, во знак на благодарност за несебичниот и хуман придонес во подобрувањето на материјалната состојба на десетици студенти на Универзитетот кои постигнуваат натпросечни резултати во студирањето, а се од послабо ситуирани семејства.

Плакетата му ја врачи и пригодна реч по тој повод одржа ректорот на Универзитетот проф. д-р Тодор Џунов. Во своето излагање ректорот, покрај другото, рече:

Почитуван донатор Близнаков,

Драги гости,

На 18 април оваа година се навршија десет години од основањето на Фондацијата „Атанас Близнакоф” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”. На тој ден 1977 година нашиот сонародник Атанас Близнаков од Гери – Индијана во САД, кој сега живее во Скопје, изразувајќи ја поврзаноста и љубовта кон својата татковина и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје со последното завештание и тестаментот остава средства за основање фондација за стипендирање студенти кои покажуваат посебни резултати во студиите.

До стапувањето во сила на тестаментот и последното завештание на Атанас Близнаков висината на средствата ќе ги одредува именованиот. Со тогаш донесената одлука на Универзитетскиот совет за основање на Фондацијата е определено со нејзините средства да управува и политиката на инвестирањето да ја контролира Советот на Фондацијата кој го сочинуваат тројца постојани членови, и тоа: Атанас Близнаков, Димче Стојанов – Мире и Томе Буклески, како и четворица членови именувани од Универзитетскиот совет со мандат од две години. На Фондацијата можат да ѝ пристапат и други физички и правни лица од земјата и од странство.

Врз основа на оваа одлука и последното завештание и тестаментот, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” изготви Правилник на Фондацијата „Атанас Близнакоф”. Денес ја славиме десетгодишнината од основањето и дејствувањето на оваа Фондација.

Атанас Близнаков долго копнеел да ја посети слободната Македонска република и таа своја желба првпат ја реализирал 1958 година, а повторно дојде по десет години во 1968 година, за време на одбележувањето на 65-годишнината од Илинденското востание.

Овие посети ја подгреале неговата желба дефинитивно да се врати во својата татковина, што со својата сопруга го направија во 1976 година, придружен и со желбата на некој начин и натаму да го помага својот народ. Така, кај него се роди иницијативата за основање Фондација за помагање и стипендирање студенти на Скопскиот универзитет.

Универзитетскиот совет на 18 април 1977 година, почитувајќи ја желбата и решеноста на овој наш хуман сонародник, донесе одлука за основање на Фондацијата „Атанас Близнакоф” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, за стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во учењето и чии семејства не се во состојба да им пружат материјални услови за студирање. Притоа, Атанас Близнаков со своето завештание и тестамент својот имот му го довери и остави на Универзитетот во Скопје.

Ова е единствен случај на нашиот Универзитет да се создава традиција во нашиот образовен и културен живот на овој начин да се манифестира приврзаноста на нашите сонародници кон Социјалистичка Република Македонија и нејзините институции кон својот народ.

Овој чин треба да се цени, и уште повеќе затоа што Атанас Близнаков, како и голем дел наши сонародници, тогаш со маки ја напуштил својата родна земја и со мака и тежок труд се здобил со она што му го завештал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во скопје. Од учебната 1977/78 година, согласно оваа одлука и според утврдени критериуми во Правилата, се доделуваат стипендии на студенти кои студираат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.

 1jpe11

Проф. д-р тодор Џунов му ја врачува на Атанас Близнаков Плакетата на Универзитетот

Со помош на стипендиите од Фондацијата „Атанас Близнакоф” досега дипломирале 15 студенти по медицина, филологија, историја на уметност, новинарство, математика, драмски и ликовни уметности, земјоделски науки и македонски јазик. Сега стипендии користат уште 14 студенти од рударство, електротехника, македонски јазик, национална историја, етнологија и друго.

За севкупниот придонес и за особените заслуги за остварување на вековните идеали на македонскиот народ,  како и заслуги на полето на јавната дејност, со која се придонесува за општиот напредок на земјата, на предлог на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во 1980 година, Претседателството на СФЈ го одликува Атанас Близнаков со Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда.

Исто така, по повод десетгодишнината од основањето на Фондацијата за стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студиите, на предлог на Советот на Фондот, Универзитетскиот совет на седницата одржана на 8 мај 1987 година донесе одлука да му додели на Атанас Близнаков Плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје”.

Во таа пригода ректорот проф. д-р Тодор Џунов исто така рече:

„Почитуван сонародник Близнаков, врачувајќи Ви ја Плакетата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во име на Универзитетот и во свое име уште еднаш Ви благодарам за Вашето возвишено длео, Ви го честитам ова општествено признание и Ви пожелувам добро здравје и долг живот”.

Заблагодарувајќи се на големото признание, Атанас Близнаков, меѓу другото рече:

„При све што ние Македонците отидовме во Америка, не заборавивме дека ние ги оставивме нашите браќа и сестри, ние не заборавивме дека го оставивме нашиот македонски народ, да стекне под тешкото национално, политичко и економско ропство. Тие мисли и чувства направија доста од нас да се организираме во македонски национално-политички организации и през тие организации да се бориме и да помагаме за национална и политичка слобода на нашиот народ во Македонија.

Како през Втората светска војна така по подир војната, нашите прогресивни организации во Америка направија многу за доброто на нашиот народ во Македонија. Кога нашиот македонски народ, заедно со нашите братја југословенските народи се бореа за живот или смрт, против најголемите врагови на човештвото, германските и внатрешните фашисти, ние бевме на страната на нашите народи и им помагавме со сичко што можевме.

Јас сум среќен дека доживеав за да видам македонскиот народ во овој дел на Македонија, да се радва на својата слобода и независност, да гради и да создава своја национална историја, култура и прогрес и да говори на убавиот македонски литературен јазик.

Затова јас и мојата сопруга дојдовме тука во слободна Македонија за да си ги прекараме последните години од нашиот живот помеѓу нашиот македонски народ.

Уште пред 25 години и повеќе јас почнав да мислам, подир мојата смрт што ќе стани со мојот имот? Јас помислив ќе биде најдобре да го подарам за во полза на нашиот македонски народ; дека тој народ ми е најблизок до моето срце; така мислеше и мојата сопруга Славка. 

През 1977 година нија ја основавме Фондацијата која го носи моето име „Атанас Близнакоф” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Јас Димче Мире, Томе Буклески, ректорот и секретарот при Универзитетот го приготвивје Уставот и ја туривме основата на Фондацијата, а професорот Иво Пухан го приготви тестаментот. Целта на Фондацијата е да дава стипендии на талентирани студенти и што немаат средства за да се поддржуваат; и само студенти што учат при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Јас сум мошне доволен од досегашната работа на Фондацијата, задоволен сум и од односите на студентите; тие се студенти кои редовно и успешно ги завршуваат годините.

Драги братја и сестри Македонци, нека мојот подарок, моите добри мисли и чувства кон нашиот македонски народ, да се вдахнат во душата и срцето на целиот наш народ, да мислат и да работат за заедничкото добро на целиот наш македонски народ. Само кога ние сите мислиме и работиме како за себе, така и за целиот македонски народ, само тогај ќе има братство и единство помеѓу нас, само тогај ќе има прогрес и напредок, рече Атанас Близнаков.

Продолжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top