Фељтон

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ I) (24)

1sl1

1slier1

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Ликот и делото на Атанас Близнаков ќе останат вечни. Тој е првиот и единствениот хуманист и донатор на толку голема фондација. Во исто време тој е поттикнувач и на други слични фондации, како то е Фондацијата ,,Петар Стаматоф” основана по терк на Фондацијата ,,Атанас Близнаков” 

Затоа, не случајно се вели дека Фондацијата „Атанас Близнаков” е трајна, многузначајна и со големи перспективи. Тоа е познато и признато, не само во македонската држава, туку и пошироко во македонската дијаспора, од каде што во иднина се очекуваат и други слични фондации.

По повод одбележувањето на 22-годишнината на Фондацијата „Атанас Близнакоф” и 11-годишнината на Фондацијата „Петар Стаматоф” на заедничката седница, на 18 април 1999 година, ректорот проф. д-р Александар Анчевски, во своето обраќање до членовите на двете фондации, до проректорите, до студентите, роднините и пријателите на овие донатори, рече:

„Почитувани членови на советите на Фондацијата „Атанас Близнаков” и на „Петар Стаматоф”, почитувани студенти – стипендисти, почитувани гости.

Денешнава свечена седница на двете фондации „Атанас Близнаков” и „Петар Стаматоф” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, ја посветуваме на споменот и благодарноста кон двајцата наши големи донатори Атанас Близнаков и Петар Стаматов.

Советот на Фондацијата „Атанас Близнаков” и Советот на Фондацијата „Петар Стаматоф” на својата редовна седница одржана на 3.12.1998 година одлучија секоја година да се одбележува основањето на фондациите со свечена седница.

Фондацијата „Атанас Близнаков” при Универзитетот  „Св. Кирил и Методиј” во Скопје за стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студирањето е формирана со Одлука на Универзитетскиот совет, донесена на 148-та седница од 18.ИВ.1977 година, врз основа на лично изнесената желба на нашиот сонародник Атанас Близнаков, како и врз неговото последно завештание и тестамент

1slier11

Ректортот Велимир Стојковски, Иван Џо Петрески, претседателот на Матицата и Славе Катин, авторот на монографијата „Близнаков“.

Фондацијата „Петар Стаматоф” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје за стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студирањето е формирана со Одлука на Универзитетскиот совет, донесена на 228-та седница одржана на 1.ИВ.1988 година на писмено барање на нашиот сонародник Петар Стаматов, со почетен капитал од 250.000,00 американски долари. 

Атанас Близнаков е роден во почетокот на овој век. На 15 декември 1901 година во револуционерното село Д’мбени, Егејска Македонија. Петар Стаматов е роден кон крајот на 19 век, во 1898 година во славното Смилево.

Соочени со тешката материјална состојба на својата поделена и осиромашена земја и двајцата тргнале во новиот свет – Америка, да бараат подобар живот.

Атанас Близнаков во Гери, Индијана, САД живеел повеќе од половина век. Во Македонија се вратил во 1976 година заедно со својата верна сопатничка, сопругата Славка и веднаш се зафатил да ја реализира својата дамнешна желба: својата макотрпна печалба остварена во далечна Америка да ја стави во функција на создавање материјални услови за студирање на наши студенти. Така, оваа негова желба, му се оствари во 1977 година со формирањето на Фондацијата „Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Петар Стаматов, пак, целиот свој животен век го поминал во Илиноис, САД, но врските со својата родна Македонија никогаш не ги прекинал. Неколкупати ја посетил Македонија. По основањето на Фондацијата „Петар Стаматоф” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Управата на Универзитетот го поканувала да го посети Универзитетот. Длабоката старост беше причина што со жалење не можеше да ги прифати поканите. 

Петар Стаматов почина на 28 јануари 1995 година, а Атанас Близнаков почина на 10 јули 1998 година. И двајцата починаа на 97 години.

Иако Атанас Близнаков и Петар Стаматов немале свои родени деца, тие, својата огромна љубов и благородна душа ја преточиле во одлуката за основање на фондациите за стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студирањето, со што стекнале стотици свои деца кои со голема благодарност ќе си спомнуваат за нив.

Од формирањето на фондациите стипендии добивале над 450 студенти од сите високообразовни организации, од кои 350 веќе дипломирале, некои од нив се стекнале и со високи научни звања: магистри и доктори на науки.

Големото благородно дело на нашите сонародници – донатори Атанас Близнаков и Петар Стаматов, претставува своевиден пример за младите генерации да придонесуваат за развојот на науката и за афирмацијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а со тоа да учествуваат и во развојот и јакнењето на угледот на нашата држава, Република Македонија, за што тие, низ целиот свој животен пат се залагале и придонесувале.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје им е вечно благодарен на Атанас Близнаков и на Петар Стаматов и нивните имиња ќе ги заземаат првите места на Спомен – плочата на донатори, изработена во знак на почит и благодарност кон сите кои дадоа значаен придонес во создавањето и развојот на творечкиот подем на Универзитетот.

Продолжува

1SlaveK2 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top