Фељтон

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

1kurt0

1kurt0

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и во Канада меѓу двете светски војни и особено по Втората светска војна била многу поголема кога се создале сосема нови околности со создавањето на новата македонска држава. Тој ни во книгата не ја искажа таа дејност цлеосно, но толку колку што има кажано, чувствува дека го исполнува својот долг кон неговите сонародници, кон неговите пријатели и другари со кои заедно работел во македонските организации и друштва. Меѓу тие негови сонародници во САД, тој поминал цели 56 години, што значи таму ја поминал сета своја младост и најплодните години од животот

Затоа и книгата започнува со материјалот од напуштањето на Д’мбени и доаѓањето во САД, потоа го опишува доаѓањето во САД и почетните дни од животот во новата средина и активностите што следат во големата економска криза. Во тие текстови се вели дека идејата за организирање на Македонците и формирање македонски друштва во САД и во Канада како даја наметнувал самиот живот.

Македонците сакале и морале да бидат заедно во новата средина и меѓусебно да се помагаат. Формирањето на оделни друштва се засилиле посебно по Првата светска војна. Во развитокот на националната и политичката свест на Македонците во САД и во Канада голема улога одиграа и македонските просветни клубови.

Подоцна овие клубови и друштва се обединиле во сојузи како посилни и помасовни организации. Посебно место во животот на македонската емиграција заземала дејноста на Македонскиот народен сојуз МНС, подоцна МАНС (Македонско-американски народен сојуз) формиран во 1931 година, кој се напојувал со идеите на ВМРО (Обединета). Македонскиот народен сојуз во САД и во Канада не само што ја помагал борбата на своите браќа и сестри во Македонија за национално ослободување, туку во исто време се борел и против сите неправди што постоеле во новата татковина.

Во книгата се презентирани и пригодни текстови за формирањето на македонските друштва и на македонските просветни клубови во САД, за дејноста на македонската емиграција во однос на македонското национално прашање, како и за националната и политичката дејност на македонската прогресивна емиграција во која видно место имаше, покрај другите, и Атанас Близнаков.

1kurt00

За време на Втората светска војна, главно, по иницијатива на Македонско-американскиот народен сојуз во сите делови на САД биле основани месни комитети од страна на Македонците за помагање на антифашистичката борба. Македонците воспоставувале блиски контакти со своите во Македонија и во Југославија каде што се водела жестока борба за ослободување.

Посебен простор е посветен на македонските православни цркви во САД и во Канада, кои со обновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква ја одиграле најзначајната улога во црковното, националното, културното и духовното живеење на Македонците на Северноаме­ри­канскиот континент.

Тие се главните средишта на севкупниот верски и општествен живот на мнозинството македонски иселеници. Во нив се вршат крштевања, венчавања и опела, а во исто време тие се место на организиран културно-забавен, просветен и друг живот. Тие се вистински центри на развојот на патриотските чувства, да не се заборави мајчиниот јазик, фолклорот и обичаите на Македонецот.

Еден од активистите и донаторите на Македонската православна црква ,,Св. Петар и Павле” од Гери бил, секако, Атанас Близнаков. Тој е, исто така, еден од иницијаторите на црковно-народните собири кои започнаа да се одржуваат од 1975 година.

Исто така, во книгата е поместен Правилникот на македонското заемно-спомагателно друштво „Александар Велики” од Гери, дел од Правилникот на македонските просветни клубови, Правилникот на организацијата ,,Македонска независност” од Чикаго, како и Меморандумот на националниот комитет на МАНС за решавање на македонското национално прашасе испратен до Министерството за надворешни работи на САД.

По повод промовирањето на книгата ,,Спомени за националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и во Канада”, што се совпадна и со неговиот 86-ти годенден, од името на републичките органи и органите на општествено-политичките организации во СР Македонија, му беше упатена телеграма, во која, покрај другото, се вели:

„Почитуван другар Атанас Близнаков, ти упатуваме срдечни честитки и ти посакуваме добро здравје, долг живот и натамошно збогатување на твојата плодна и долгогодишна дејност со основни сознанија и вредно творештво”.

Телеграмата ја испратија: Драгољуб Ставрев, претседател на Претседателството на СРМ, Јаков Лазароски, претседател на Претседа­тел­­ството  на ЦК СКМ, д-р Вулнет Старова, претседател на Собранието на СРМ, м-р Глигорие Гоговски, претседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ, м-р Методи Петровски, претседател на РК ССРНМ и Мирослав Георгиевски, претседател на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија.

По повод излегувањето од печат на ова капитално дело за вистината на Македонците во САД и во Канада, Атанас Близнаков даде интервју на новинарот Марјан Велевски, за списанието ,,Македонија”, под наслов: ,,Во преден план – слободата на Македонија”, во кое се вели: дека неодамна во издание на Книгоиздателството ,,Култура” од Скопје, излезе од печат книгата ,,Спомени за националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и Канада” од Атанас Близнаков, виден деец сред македонското иселеништво во САД сe’ до 1976 година кога се врати во татковината и продолжи да живее во Скопје.

Ова е една од ретките книги која за предмет ја има дејност на Македонците во САД и во Канада меѓу двете светски војни, кога се одвивале интересни процеси сред нашето иселеништво, а во кои на преден план била борбата за слобода на татковината Македонија. Во книгата Близнаков зборува и за македонското иселеништво по војната, до денес.

Книгата „Спомени …” е втора книга на Близнаков. Првата носи наслов „Д’мбени и револуционерното минато во Костурско”, според името на неговото родно село во Костурско, Егејска Македонија и во неа се зборува токму за животот на тоа село и на неговите жители во минатото и во поновата историја.  

По повод излегувањето на книгата „Спомени…”, пишува Марјан Велевски, поведовме разговор со Атанас Близнаков за списанието ,,Македонија”.

Прашање:  Вие бевте многу години активен деец сред нашето иселеништво во САД, како меѓу двете светски војни, така и подоцна, с# до шеесеттите години, кога се вратовте назад во Македонија. Секако, плод на сета таа дејност е и книгата ,,Спомени…” Што беше всушност поттикот да ја напишете оваа вредна книга?

Одговор: Книгата „Спомени за националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и Канада” настојува да го изрази животот и активностите на македонската емиграција во овие две земји. Во тој живот и во тие настани бев учесник и јас, па поради тоа чувствував потреба да сторам нешто да не се заборави онаа полетна активност поврзана со бројни аспекти на македонското национално прашање и револуционерно дејствување. Занчи, како човек кој повеќе години престојувал во туѓина и непосреден учесник во националното, политичкото и културното движење на македонското иселеништво во САД и Канада почувствував внатрешна потреба да се зафатам со оваа одговорна, но истовремено и благородна задача.

Овој труд треба да се сфати само како прилог што ќе овозможи да се запознае пошироката јавност со едно време и една дејност која бездруго заслужува внимание. Она што го имам јас кажано во секој случај  ќе може и натаму да се збогатува и од други и особено од македонската историска наука, зашто јас го кажав само она што го знам и паметам.

Инаку, познато е дека Македонците во САД и Канада во поголем број почнаа да одат на печалба во САД особено по Илинденското востание поради познатите околности на терор, прогонувања, економска неиздржливост и сл. Првата цел на луѓето што емигрираа беше да си обезбедат материјална егзистенција, со еден збор, поснослив живот, а потоа следеше организираниот живот за да можат да си помогнат меѓу себе и да помогнат за ослободувањ на својата татковина Македонија.

Продолжува

1SlaveK2Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top