Фељтон

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА АТАНАС БЛИЗНАКОВ (30)

1mnoni1

1mnoni1

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Атанас Близнаков, заедно со својата сопруга Славка ги мина сите тегоби и нагорнини на човек што живеел далеку од родната земја. Стана богат и угледен граѓанин со достоинство и име. Затоа тој стана и добитник на бројни признанија и награди

Уште со доаѓањето во Македонија, Матицата на иселениците од Македонија, на 15.12.1976 година на роденденот на Атанас Близнаков му врачи Плакета со Благодарница за неговото активно учество и придонес во афирмирањето на Македонија и на македонската нација меѓу иселеништвото.

По повод 10-годишнината од основањето на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф” од која се стипендираат студенти што покажуваат особени резултати, а немаат свои средства за школување, на 13 мај 1987 година во Ректоратот на Скопскиот универзитет се одржа свечена седница на Советот на Фондацијата. Во присуство на голем број истакнати политички, општествени и културни работници на градот и Републиката, во знак на признание и благодарност за востановувањето на Фондацијата и стипендирањето на студентите, ректорот проф. д-р Тодор Џунов му врачи на Близнаков Плакета на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”.

На свеченоста особено беше потенциран досегашниот придонес и беше речено дека во изминатите десет години  од основањето на Фондацијата, со помош на овие стипендии досега дипломирале 15 студенти на медицина, филологија, историја на уметноста, новинарство, математика, ликовна уметност, земјоделски науки и македонски јазик, а сега стипендија користат уште 140 студенти по рударство, електро-техника, македонски јазик, национална историја, етнологија и друго. Од оваа Фондација во иднина стипендија ќе можат да добијат повеќе од 250 редовни студенти.

На 11 јуни 1981 година, пак, во ректоратот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, свечено му беше врачено високо одликување од Претседателството на СФРЈ – Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда.

 1mnoni11    1mnoni111

На овој истакнат македонски иселеник и основач на истоимената Фондација за стипендирање на одлични студенти на Скопскиот универзитет, ова високо одликување му беше доделено за неговите заслуги и постигнати успеси во работата од значење за социјалистичката изградба на земјата. Во присуство на истакнати научни работници, претставници на Македонската православна црква и студенти, одликувањето му го врачи ректорот на Универзитетот проф. д-р Јован Стојановски.

Во своето излагање ректорот д-р Јован Стојановски се обрати до добитникот на наградата и до присутните со пригодни зборови, при што рече дека му причинува голема чест и задоволство да го прочита Указот бр. 95/80 од Претседателството на СФРЈ со кој го одликува Атанас Близнаков со Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда, кој тоа навистина го заслужува.

Исто така, во 1990 година Атанас Близнаков стана добитник и на највисокото републичко признание, наградата ,,11 Октомври”. По тој повод за списанието „Македонија” бр. 452/декември 1990 година господинот Близнаков изјави:

„Мојата сопруга Славка и јас, во овие денови напразнување, кога јас ја добив наградата ,,11 Октомври” поради овој настан двајцата бевме горди и сме исполнети со чувство на радост, љубов и задоволство. Наши млади Македончиња, со наша помош, нека го продолжат своето образование за да станат вистински луѓе на својата родна земја. Немаме поголема радост од тоа што го направивме за време на нашиот живот.

И, би сакале, нашиот пример да го следат други наши Македонци од странство, својот имот и углед да му го вратат на своето родно огниште, на својата родна земја Македонија со што ќе направат забележлив и траен патриотски гест достоен за почит и паметување”.

1mnoni1111

Атанас Близнаков е добитник и на Плакета од Одборот на децата бегалци од Егејска Македонија, за особен придонес.

Во новите услови кога Република Македонија се конституира како независна, суверена и самостојна  држава, Атанас Близнаков имаше средби со бројни претставници од државниот врв, ана 9 мај 1992 година беше примен од претседателот Киро Глигоров.

Во оваа прилика треба да се одбележи дека, уште со доаѓањето во Македонија, во 1976 година, брачната двојка Славка и Атанас Близнакови беа прогласени за граѓани на главниот град на Република Македонија – Скопје. Со тоа тие станаа граѓани на СР Македонија и на СФР Југославија. Како резлутат на тоа им беа дадени патни исправи – лични карти, кои тие ги користеа, а со тоа ги уживаа сите права како и другите граѓани на Федерацијата.

Меѓутоа, со осамостојувањето на Република Македонија како независна, суверена и демократска држава Славка и Атанас Близнакови, добија македонско државјанство што за нив беше голема чест и гордост. Со тоа тие беа граѓани и на Соединетите Американски Држави и на Република Македонија, за што Атанас Близнаков зборуваше со одбрани зборови. Често тој велеше дека двете државјанства не значат само припадност на двете држави, туку и придобивка, гордост, обврска и израз на љубов кон двата народа и двете држави – Соединетите Американски Држави и Република Македонија.

Продолжув

1SlaveK2 copy copy Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top