
Бранители, за татковината Светители
А кој се тие?!?
Тоа се сите оние што ја сакаат татковината
Сите тие што во името на мајковината оставаат белег,
Бранители се сите што ја бранат и чуваат татковината.
Дали бранител е тој што го пукна ,,Црешовото Топче“?
Или тој со кама и меч што се бореше?
Можеби се тие што гердан везеа од фишеци
Се криеа по пештери и бункери,
Правеа коктел од пролеана крв како да се шанкери.
Дали бранител е тој
Што во зандани коски фрли?
Затоа што се осмели
Уста да отвори – збор да проговори,
Македонија е на Македонците на агресори им одговори.
Дали поетот е бранител?
Да тој, дома што седи,
А преку перото бројаница молитви реди
Раскажува и прераскажува за историјата на Македонија,
Аманет на потомци остава Македонско име да не сè заборава.
Автор: Оливера Јовановска- Австралија