Фељтон

ТОМ ЈАНЕВ – ПОБОРНИК ЗА ВИСТИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА, ОСОБЕНО ЗА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (16

9

9

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Том Јанев беше еден од канадските интелектуалец од македонско потекло. Тој беше роден во Торонто, а неговите корени се протегаа до Беломорска Македонија. Нему Македонија му лежеше во душата и безгранично ја сакаше историската наука за Античка Македонија и за Александар Македонски. Том беше педагог и еден од ретките инженери по информатика и компјутери, а беше и еден од основачите на Македонско друштво за историја и архивистика, се со цел да ја брани вистината за Македонија.

Том Јанев к својот живот го посвети на напредокот на човештвото. Тој стана поз­нат и признат во македонската заедница, но и од домаш­ни­от фактор и од дру­гите ет­нич­ки групи. Тој беше еден од големиот број интелектуалци, на деловни луѓе, видни личности во образованието и општественото живеење од маке­дон­ско по­­текло.

Треба да се нагласи дека кај младите генерации родени во Канада се разгоре жел­бата не само да обезбедат основна ег­зис­тенција и да се создадат одредени ма­теријални добра за семејство­то, туку тие посветуваат и големо вни­ма­ние на обра­зо­ванието и личниот про­грес на тие  демократски простори, каде што ги уживаат своите на­ционални и социјални слободи.

Како резултат на тоа, голем број од иселениците, особено го учат англискиот ја­зик со цел подобро да се вклучат во животот на новата средина, а свои­те деца ги испра­ќа­ат да се образуваат во англиски училишта, колеџи и уни­верзитети. Ова е изразено кај последните неколку ге­не­рации, особено кај иселениците од поново време, што услови нови структурни промени и видлив развој на македонските доселенци во демократска Канада.

Еден од тие интелектуалци беше и Том Јанев. При нашиот прстој во Торонто го посетивме домот на семејството Јаневи каде што се сретнавме со Том и Вирџинија. Тие се родени Канаѓани, чии корени се протегаат по Беломорска Македонија, а се родители на Филип, Петар и Карл Јаневи. Том беше истакнат општественик во македонската колонија, како и признат и познат активист сред канадското општество. Тој беше роден во Торонто, каде што се здобил со високо образование и станал стручњак за електроника и компјутери, а подолг период работел како педагог. Во исто време, пројавил активности во црковното живеење во македонската колонија и во формирањето на организацијата „Обединети Македонци“, на МПЦ „Св. Климент Охридски“ и на Канадско-македонскиот центар во Торонто.

Како пензионер, и покрај нарушената здравствена состојба живо се интересираше за афирмирањето на македонскиот народ и Македонија и беше поборник за вистината на античките Македонци, со особена нагласка на ликот и делото на Александар III Македонски (Велики).  Том Јанев, заедно со група интелектуалци од македонско потекло, во Канадско-македонскиот центар, познат како Старски дом, го формираа тогашното „Друштвото за историја и архивистика“, кое зема широк замав сред образованите Канаѓани од македонско потекло и има за цел врз научна основа да го крене гласот за Македонија.

Инаку, „Канадско-македонското историско друш­т­во“ е единствено од таков вид во дија-спората кое игра значајна улога во севкупната научна и културолошка активност на голем број македонски интелектуалции од Канада, а  кое има и своја библиотека. Тоа е асоцијација во која членуваат Канаѓани од македонско потекло од сите делови на Македонија кои се занимаваат со македонската историја, култура, јазик, литература и воопшто со македонската вистина во минатото и сегашноста. Тоа е формирано во 1991 година од група ентузијасти чиј број постојано расте и привлекува други професионал-ци и ентузијасти да ги негуваат македонските придобивки. Друштвото има за цел да ја развие свеста и гордоста меѓу членовите и пошироко во канадското општество со цел тие да дознаат од каде им се корените, какво било нивното минато, сегашност и иднина.

Домот на Том Јанев се наоѓаше во еден современ комплекс од станбени згради во убав дел на Скарборо. Таму нè  чекаа Том и Вирџинија, со кои нашето познанство траеше уште од нивната посета на Македонија во 1979 година. Тие беа гостопримливи, љубезни, благородни и разговорливи, кои во пензионерските години при нашата средба се инересираа за состојбите, (не)приликите и за сè она што ги сврзува со нивната дедовска земја – Македонија.

Се потсетивме за времето кога Том и Вирџинија беа во Македонија. Во таа година, Том беше потпретседател на националната организација „Обединета Македонија“ и, како гостин на Матицата на иселениците од Македонија, учествуваше во одржувањето на големите иселенички манифестации во Македонија. Прита, тие заедно со голем број македонски иселеници од целиот свет посетија бројни градови, туристички и историски места, како и споменици на културата во Македонија, од каде што понесоа трајни спомени.

Во работниот дел во домот на Том Јанев во Торонто, покрај големиот број литература од разни научни области, го видовме компјутерот кој, според искажувањата на домаќинот, бил последен збор на техниката. Бевме информирани дека и покрај одминатите години на Том, тој сепак беше врската меѓу компјутерска мрежа во Канада, САД и пошироко, со Друштвото кое како кандаско-македонска асоцијација има за цел да фрли светлина на вистината за античките Македонци, на нивниот јазик и другите нивни карактеритики, особено да се осветлат некои детали од времето и делото на Александар III Македонски (Велики). За оваа проблематика во последно време се произнесоа бројни личности во македонската колонија, а тематиката предизвикува интерес од широки размери.

Во домот на Том Јанев се сретнавме и со Одисеј Белчевски, интелектуалец по потекло од Битола, кој живее и работи во Торонто, а кој беше еден од соработниците на Том и активен член на Друштвото за историја и архивистика. Притоа Том и Одисеј покажуваа бројни фотокопии од документи за кои се надеваа дека во соработка со други македонски и канадски асоцијации ќе се отпечатат во една публикација, во која ќе се презентира вистината за писмото и за другите карактеристики на античките Македонци пред светската јавност.

Исто така, во домот на Јаневи бевме информирани дека Друштвото организира-ло  семакедонски конгрес во Торонто на кој биле присутни поголем број научни и други интелектуалци од целиот свет, кои расправале за бројни аспекти на корените и вистината на античките Македонци, за Александар Македонски, како и за историските вистини на Македонија и македонскиот народ од античко време до денешни дни.

Продолжува

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

Мијаците под османлиска и српска власт

Улогата на селските првенци Мијачките населби имале свои првенци – познати и влијателни луѓе што посредувале меѓу населението и државната власт. Меѓу личностите што ги споменува Трајчев се Томо Ќаја, Ѓурчин и Сарџо. Нивниот авторитет не произлегувал само од материјалната состојба. Тие биле одговорни за одржување на редот, решавање спорови и заштита на интересите на […]

ОРЕШЕ – МИЈАЧКА КОЛОНИЈА ВО СРЦЕТО НА АЗОТ

Земјоделци, мајстори и чувари на мијачката традиција По описот на Папрадиште, Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ се осврнува и на соседното Ореше. Двете села ги претставува како една поширока мијачка заедница создадена во областа Азот, во југозападниот дел на Велешко. Според податоците што ги пренесува авторот, Ореше било населено со мијачки семејства доселени […]

МИЈАЦИТЕ ОД ПАПРАДИШКАТА КОЛОНИЈА НЕ ПОДЛЕГНАА НА СРПСКОТО ЗЛАТО

Отпор против туѓата пропаганда „Последните години од турскиот режим Папрадиште беше често тероризирано, но Мијаците не подлегнаа на српското злато, ниту се уплашија од теророт на српските чети и го зачуваа своето национално чувство“ – пишува Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година. Меѓу мијачките населби на кои Трајчев […]

Карактерот и семејните вредности на Мијаците

Воздржаност, достоинство и добронамерност Во својата книга за Мијаците, Георги Трајчев го опишува Мијакот како воздржан, молчелив, добронамерен и благ човек, подготвен да помогне некому во неволја. Во неговиот опис, особено место заземаат чесноста, почитувањето на дадениот збор и грижата за семејниот углед. Воздржаноста не подразбирала отсуство на чувства. Тие најчесто се изразувале во семејниот […]

КРИМИНАЛЦИ ВО РЕКАНСКО И ВЛИЈАНИЕТО ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, продолжува да ги опишува несигурноста и насилствата што во одредени периоди го нарушувале животот во Мијачијата и во поширокиот Рекански Крај. Разбојничките напади, кражбите, грабежите и уцените не претставувале само поединечни трагични настани. Нивното повторување постепено влијаело врз секојдневието, стопанството и движењето […]

РАЗБОЈНИШТВОТО ВО РЕКАНСКО И НЕГОВОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ МИЈАЦИТЕ

Во „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев пишува и за беззаконието, разбојничките напади и насилствата врз населението во Реканскиот крај во последните векови од османлиското владеење. Во услови на ослабена државна власт, особено во планинските и пограничните области, се појавувале вооружени групи што ги ограбувале селата, ги пресретнувале трговците и печалбарите и барале откуп од побогатите […]

МИЈАЦИТЕ СО ЧЕТКАТА И ДЛЕТОТО ОСТАВИЈА МАКЕДОНСКИ ПЕЧАТ НА БАЛКАНОТ

Во својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев посветува особено внимание на уметничката и градителската дарба на Мијаците. Од малите планински села во Реканскиот крај произлегле бројни зографи, копаничари, иконописци, архитекти и мајстори-градители. Организирани во семејни тајфи, тие работеле низ Македонија и во многу други краишта на Балканот. Со четката, која во мијачкиот говор се нарекувала […]

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ

ИСТОРИСКИ БЕЛЕШКИ ЗА МИЈАЦИТЕ, БИГОРСКИОТ МАНАСТИР НИЗ ВЕКОВИТЕ Во продолжение на петтото поглавје од „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се задржува на историјата на Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“. Подигнат во 1020 година, Бигорскиот манастир „Свети Јован Претеча“ бил нем сведок на византиското, српското и османлиското владеење во Македонија. Во текот на своето повеќевековно постоење […]

Најнови вести

To top