Македонски легенди

Спиро Петров – Славејот

111 copy copy copy copy

111 copy copy copy copy

Спиро Петров (20. X 187 – 4. IX 1903) е македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација. Бил четник во четата на војводата Јане Сандански и учествувал во запленувањето на Мис Стоун. Во Илинденското востание бил мелнички војвода и предводел чета. Загинал во борба со османлиската војска. Познат е како Спиридон Петров, Спиро Славејот, Спиро Пејачот или Љуботски.

Спиро Петров е роден на 20 октомври 1870 година во Прилеп. Се занимавал со трговија и поседувал бакалница во Софија. Во 1895 година се вклучил во Четничката акција на Македонскиот комитет. Подоцна се присоединил кон ВМОРО и од 1901 година станал четник во четата на Јане Сандански и учествувал во запленувањето на Мис Стоун.

Во Илинденското востание бил мелнички војвода и предводел чета. При крајот на август 1903 година, заедно со четата на ВМОК, на чело со Константин Настев, пренесувале оружје од Банско за востаниците во Мелничко.

На 4 септември двете чети биле откриени во атарот на селото Пирин, под врвот Кукла во Пирин, каде што воделе драматична битка со турскиот аскер, во која загинал војводата Петров, заедно со шестмина свои четници. Местото денес месните жители го нарекуваат Спиров Гроб.

Христо Силјанов пишува: „Спиро Петров беше голем песнаџија. Пееше и за време на битката, додека еден непријателски куршум не ја прекрати песната и неговиот живот“.

Отсечените глави на војводата Спиро Петров и четникот Димитар Гајгуров, биле предадени од Турците на жителите на село Пирин, кои ги погребале до апсидата на црквата „Свети Никола“.

Подготвил:

1Tiho3 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy  Т.К.

Најново од: Македонски легенди

Маца Карбева

Маца Карбева – од борбата за правата на жените до АСНОМ Маца Карбева (20 август 1919, село Војница, Велешко – датумот на смртта не е утврден) била македонска првоборка, учесничка во Народноослободителната борба и делегатка на Првото заседание на АСНОМ. Нејзината дејност започнала во работничкото и женското движење во Велес, а продолжила во илегалната борба […]

Пеце Атанасовски – легендарниот гајдаџија кој го разнесе македонскиот звук низ светот

Пеце Атанасовски (Долнени, Прилепско, 1925 – Скопје, 14 септември 1996) е еден од најголемите македонски народни инструменталисти, легендарен гајдаџија и неуморен чувар и афирматор на македонската изворна музика. Со звукот на својата гајда ја претставувал Македонија на бројни сцени во земјата и во светот, оставајќи наследство што живее и денес. Во историјата на македонската народна […]

Арсениј Јовков – илинденецот кој се бореше за Македонија со пушка, перо и филм

Арсениј Јовков (25 март 1884, село Селци, Струшко – 14 септември 1924, Горна Џумаја, Пиринска Македонија) бил македонски револуционер, илинденец, поет, публицист, новинар и филмски автор. Неговиот живот бил нераскинливо поврзан со борбата за слобода на Македонија, а неговото име останува запишано и во македонската револуционерна историја и во почетоците на македонската кинематографија. Арсениј Јовков […]

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

To top