Досиеја

СДБ, Западен Берлин, Ново Скопје Берлин

Мане Јаковлески

Мане Јаковлески

РСВР – СРМ
СДБ – II – Сектор

[редактирано]

Ев. бр. 20
21.01.1983 година
Скопје

СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА

На 17.01.1983 година обавен е разговор со оперативната позиција [редактирано] од Западен Берлин, во текот на кој го презентира следното:

„При крајот на 1981 година во Западен Берлин дојде ПУРЕВСКИ (сите го знаат како „Пуре“) и од самиот почеток почна да доаѓа во ресторанот на Гоце Јаковлевски. Според негови кажувања, бил од околината на Берово, а пред да дојде во Берлин, во Идризово бил во затвор година и пол, за сообраќајка. Таму се запознал со Драган Богдановски, а подоцна и се спријателил.

Во мое присуство на Јаковлевски му кажуваше дека Богдановски му кажал како бил киднапиран и однесен во Скопје. Еве ја верзијата што Пуревски наводно ја слушнал од Богдановски:

Богдановски бил поканет во станот на некој Ѓоко во Париз. Кога стасал таму, покрај Ѓоко имало уште две машки лица што не ги познавал. Во еден момент Богдановски бил нападнат од грб од едното лице, а другото лице му ставило инекција во вратот. Со инекцијата бил онесвестен, а кога се освестил видел дека се наоѓа во Југославија. Незнаел на кој начин бил пренесен во Југославија. Подоцна дознал дека Ѓоко за оваа работа [нечитливо] добил нов стан во Скопје, каде и сега живеел.“

– 2 –

По извршените проверки во КПУ „Идризово“ установено е дека во затвор бил Пуреловски Димко, од татко Никола, роден 1952 година во с. Будинарци – Берово, радио механичар, осуден на 18 месеци за сообраќајна несреќа, од затвор излегол на 2.10.1981 година, пуштен 2 месеци порано – условно.

Најново од: Досиеја

Одржан семинар за Македонија во Берлин

Берлин, 08.09.95 Во преполната сала во Ратхаус Шенебер – седиштето на поранешната Берлинска влада, се одржа семинар на тема „Македонија на пат кон Европа“. На семинарот зедоа учество дипломати од неколку амбасади и тоа: Кина, Египет, Русија, Британија, Словачка, Чешка, Бугарија, Хрватска, Шведска, Индонезија, Франција, Италија, Словенија, Полска. Исто така на семинарот во Берлин присуствуваат […]

Отпорот на македонскиот народ кон странските пропаганди

Во текот на XIX век Македонија била изложена на силно дејствување на пропагандите на соседните држави. Грчката, српската и бугарската пропаганда, потпирајќи се врз своите државни институции, цркви, училишта, дипломатски претставништва и различни друштва, настојувале да го прошират своето влијание меѓу македонското население и да создадат услови за остварување на своите територијални претензии кон Македонија. […]

Предавниците ја земале наградата – а останувале запаметени по срамот

Македонија имала многу непријатели однадвор, но нејзините најтешки рани честопати биле нанесувани тогаш кога непријателот добивал помош однатре. Внатрешните поделби, атентатите и одмаздите одзеле многу животи и ја ослабнале борбата за македонската слобода. По Балканските војни Македонија била поделена меѓу соседните држави, а македонското револуционерно движење влегло во еден од најтешките периоди од своето постоење. […]

Македонците се судрија со полицијата во Софија на 28 Maj 1934 g.

Дваесетмина повредени во првата јавна манифестација по воспоставувањето на диктатурата Безжична дописка до „Њујорк тајмс“ СОФИЈА, 28 мај. — Во првата јавна демонстрација по воспоставувањето на бугарската диктатура, дваесет Македонци денеска беа повредени во судир со коњичката полиција. Судирот се случи за време на годишното одбележување во чест на Македонците што загинале во текот на […]

Предавствата – една од најтешките рани во македонската историја

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“ Ова е еден од најмоќните цитати на Гоце Делчев. Во него јасно се […]

31 октомври 1982 – се појавува „ШТАЗИ“„Да се набљудува“

На 31 октомври 1982 година во источногерманската документација се појавува оперативно барање. На него стои: Jakovleski, Manojlo. Целта е јасна: „In der Zeit von Einreise bis Ausreise beobachten.“ Во времето од влегувањето до излегувањето – да се набљудува. Ова е еден од најважните документи во целата приказна. Тој покажува дека интересот на Штази кон Мане […]

Мане Јаковлески и Ресторанот „Ново Скопје“ под надзор на Штази во поделениот Берлин

Повеќе од три децении не знаев дека источногерманската тајна служба – Штази – собирала информации за мене, за моите движења и контакти, како и за рестораните „Ново Скопје“ и „Македонија“ во Западен Берлин. За тоа дознав дури во 2017 година, благодарение на мојот близок германски пријател Матија Дорнфелд, кој работеше во Министерството за надворешни работи […]

To top